Connect with us

технологии / компании

ДХЛ Експрес Македонија го зголемува транспортниот капацитет со авионот Boeing 737-400SF

Големо засилување за курирската компанија

објавено

на

Со ова се отвораат и огромни можности за сите компании во Македонија за проширување и развој на својот бизнис ширум светот, како и за поевтин, но брз и безбеден транспорт на тешки или габаритни карго пратки (airport to airport), кои во минатото немаше можност да се транспортираат по воздушен пат заради ограничениот капацитетот на досегашниот ДХЛ авион, но и заради тоа што патничките авиони што слетуваат на нашиот аеродром се со мал капацитет, претежно наменет за багаж.

36.4 метарскиот авион на ДХЛ Експрес од типот BOEING 737-400SF со носивост од 23 тони ќе оперира 5 дена седмично и 2 пати дневно ќе ја поврзува Македонија со остатокот од светот.

ДХЛ Експрес Македонија, најголемата курирска компанијата за експресен транспорт и логистика од 05-ти јули годинава  го зголемува капацитетот на својата флота во Македонија. За прв пат на Аеродромот Скопје долета 36.4 метарскиот авион на ДХЛ Експрес од типот BOEING 737-400SF со носивост од 23 тони кој ќе оперира 5 дена седмично и 2 пати дневно ќе ја поврзува Македонија со остатокот од светот. Станува збор за современ воздухоплов кој ги исполнува сите актуелни ЕУ стандарди од областа на безбедноста и екологијата. Новиот авион ќе ја поддржи компанијата во остварување на својата глобална цел: намалување на емисија на издувни гасови за 50% до 2025.

Од 2001-ва наваму, ДХЛ Експрес Македонија дневно е поврзан со директен лет до Скопје, најпрво со 1.5 тонски Л-410, а од 2010 година наваму беше дневно поврзан со меѓународната ДХЛ мрежа со сопствен авион Ан-26 со носивост од 5 тони. Со новата инвестиција, од сега натаму благодарение на карго авионот со поголем капацитет и напредна технологија, корисниците од Македонија ќе ги имаат на располагање стандардните транзитни перформанси (overnight delivery) со земјите од ЕУ и светот, без разлика на големината и тежината на нивните пратки.

Со ова се отвораат и огромни можности за сите компании во Македонија за проширување и развој на својот бизнис ширум светот, како и за поевтин, но брз и безбеден транспорт на тешки или габаритни карго пратки (airport to airport), кои во минатото немаше можност да се транспортираат по воздушен пат заради ограничениот капацитетот на досегашниот ДХЛ авион, но и заради тоа што патничките авиони што слетуваат на нашиот аеродром се со мал капацитет, претежно наменет за багаж.

Сигурен партнер на преку 5.000 компании и институции во Македонија

Во комбинација со подобрениот ред на летање, (порано слетување наутро и подоцна полетување навечер), корисниците на ДХЛ во Македонија ќе имаат значително подобрени дневни сервисни перформанси, т.е. расположливост на нивните увозни пратки порано во текот на денот, како и можност за испраќање на извозните пратки до подоцна во текот на денот.

Како рамноправен член на DHL Worldwide Network, ДХЛ Експрес Македонија е основана со 100% странски капитал и претставува дел од светската мрежа на ДХЛ веќе 28 години. Со доминантно пазарно учество во полето на курирскиот транспорт, ДХЛ Експрес Македонија е незаменлив партнер на над 5.000 компании и институции во Македонија во нивната меѓународна комуникација.

ДХЛ Експрес Македонија има 75 професионално обучени вработени и возен парк од над 20 возила што овозможува непречено функционирање и апсолутно покривање на целиот востановен процес на работа, кој функционира подеднакво во секој дел на мрежата на ДХЛ.

За времетраењето на целиот процес пратките ниту за миг не излегуваат од ДХЛ дистрибутивниот систем, односно во секој момент може да се знае за статусот на пратките, каде се наоѓаат во одреден момент, и може да се добијат детални податоци за доставувањето на пратките, како и да се добие потврда за доставувањето.

Флотата на ДХЛ овозможува стандарден и најбрз рок на испорака на пратките од и кон Македонија, обезбедувајќи највисока безбедност на пратките. Царинскиот склад обезбедува сите увозно-извозни и транзитни процедури да се извршуваат брзо од страна на професионалниот брокерски тим на ДХЛ Експрес Македонија.

Сервисниот центар на ДХЛ со инсталираните системи, подобрените работни процеси и заокружувањето на сите активности “под еден кров” значи скратување на времетраењето на земните процесни активности (ground operations), зголемен квалитет на царинско-посредувачките работи и зголемена безбедност.

Неодамна, ДХЛ ја збогати својата градска курирска флота со возила на 100% електричен погон. Во рамките на глобалната кампања, на DP DHL, под името GO GREEN, градските рути во Скопје ќе бидат опслужувани со возила со НУЛА емисија на издувни гасови.

ДХЛ Експрес е првата логистичка компанија во Македонија што го има добиено ТАПА (Technology Asset Protection Association) сертификатот, највисокото признание за сигурноста и нивото на безбедност во  логистиката.

Успешна приказна од преку половина век

Во комбинација со подобрениот ред на летање, (порано слетување наутро и подоцна полетување навечер), корисниците на ДХЛ во Македонија ќе имаат значително подобрени дневни сервисни перформанси, т.е. расположливост на нивните увозни пратки порано во текот на денот, како и можност за испраќање на извозните пратки до подоцна во текот на денот.

Системот на групацијата ДХЛ денес транспортира повеќе од 400 милиони пратки во повеќе од 220 земји и територии, со тим од преку 100.000 професионално обучени вработени, сопствена флота од над 260 авиони и преку 36.000 возила.

Во 1969 година, тројцата ентузијасти Ејдриен Делси (Dalsey), Лери Хилблом (Hillblom) и Роберт Лин (Lynn) почнаа бизнис на авионска брза пошта како одговор на потребата на компаниите да обезбедат брз и економичен трансфер на документи. Тоа беше почеток на еден неверојатен раст којшто ја претвори ДХЛ во најголема курирска компанија во светот.

Системот на групацијата ДХЛ денес транспортира повеќе од 400 милиони пратки во повеќе од 220 земји и територии, со тим од преку 100.000 професионално обучени вработени, сопствена флота од над 260 авиони и преку 36.000 возила.

Грижата за природата и околината се составен дел на стратегијата на ДХЛ: мерки и средства за минимизирање на загадувањето се применети во сите сегменти на работењето – современи воздухоплови (според ICAO Chapter 3), EUR4 катализирани возила, користење на амбалажа изработена од 100% рециклирачки материјали, итн..

Освен освежениот корпораивен изглед под капата на Дојче пост, црвено-жолтиот ДХЛ претставува најголема и водечка експрес и логистичка компанија во светот која им нуди на клиентите иновативни и прилагодени решенија. Со светската експертиза во поглед на решенија, експрес, воздушен и прекуморски товарен превоз и копнен транспорт ДХЛ ја комбинира глобалната покриеност со суштинското познавање и експертиза на локалните пазари.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија