Connect with us

македонија

Д-р Баевска – Вучковиќ: За една година сме најбрзо растечка лабораторија заради достапноста, квалитетот и услугите со најниски цени

објавено

на

„Услугата која ја обезбедуваме за граѓаните се должи на нашето големо семејство од 120 вработени кои секојдневно максимално професионално се вклучени за квалитетно достапна услуга. Во тек на летните месеци работевме 24/7, а од есента сме лабораторија која има најголема рамка за земање на материјал, теренски екипи во градот но и на територија на цела држава. “, вели директорката на Никоб Лаб, д-р Татјана Баевска – Вучковиќ.

-Д-р Баевска – Вучковиќ, што значи за вас како генерален директор на Никоб Лаб првиот едногодишен јубилеј и на што се должи што сте  најбрзо растечка лабораторија?

Годината која измина, а во сегашната одбележуваме една година од основање на ПЗУ Никоб Лаб, посебно важна и значајна за нас, бидејќи во најнеопходните и најтешките моменти за сите нас како граѓани кои се соочуваме со светската криза на Ковид-19 пандемија, овозможивме достапна квалитетна лабораториска услуга. Според податоците со кои располагаме сме најбрзо растечка лабораторија во државата пред се поради можноста и условите на достапност на услугите, капацитетот и ресурсите со кои располагаме, како и следење на потребата на граѓаните и заедниците во оштеството. Најважното на кое што се должи брзиот развој е можноста која се овозможи за граѓаните за квалитетна услуга, а истата достапна со најниски цени, со што сериозно влијаеме на креирање како на јавното мислење така и на креирање на пазарната цена на чинење на овој вид на услуги. Сето наведено се должи на основачот и сопственик на Никоб групацијата г-дин Кирил Лазаров, кој капитално инвестира во зајакнување на националниот здравствен  системот со  нов правен субјект ПЗУ Никоб Лаб со лабораториска дејност во однос на биохемиска и молекуларна дијагностика.

Со што располага Никоб Лаб и кој вид на услуги ги обезбедувате?

Никоб Лаб според дејноста која ја обавува претставува лабораторија на секундарно ниво од интегрираниот здравствен систем од примарна, секундарна и терциерна здравствена заштита. Лабораторијата на пазарот на здравствени услуги се  претставува со широка палета на лабораториски услуги. Лабораториските услуги се достапни за корисниците во самата лабораторија но обезбедена е и достапност и во домашни услови или работна средина. Располагаме со повеќе од 25 мобилни тимови кои земаат теренски материјал, а резултатите се добиваат електронски и на тој начин допринесуваме доближување на услугите и за оние кои не се во можност да се движат или се времено спречени.

Во делот на биохемиските анализи располагаме со најсовремена биохемиска лабораториска опрема како интегриран биохемиски апарат кој има можност за 800 анализи на час и широка палета на реагенси за лабораториска дијагностика во однос на комплетни биохемиски, имунолошки и серолошки испитувања.  

Молекуларната дијагностика исто така е овозможена со најсовремена апаратура, широка палета на услуги кои се валидирани и оптимизирани за специфично, сензитивно и високо репродуцибилно следење и анализирање  на инфективни, неинфективни, генетски, наследни заболувања, како и проценка на ризик од појава на одредени неоплазми и/или развој на специфични заболувања, неинвазивна пренатална дијагностика и детекција на машки и женски инфертилитет. Согласно палетата на реагенси постигнуваме иследувања на сите системи, како во превентивни цели така и во дијагностички пакети.

Покрај простор и опрема според правилникот за основање на здравствена установа располагаме и со соодветен кадар на здравствени работници – 2 доктори специјалисти по медицинска биохемија , здравствени соработници-  4 биохемичари, 24 медицински  лаборантии, 9 молекуларни биолози, 1 фармацевт, 80 административен и технички персонал, од кои 6 возачи и 74 административни работници. Сите вработени во тек на подготовка на установите поминаа задолжителни обуки соодветни за лабораториска апаратура. Изготвени упатства и протоколи за работа, современ и напреден софвтерски систем, со цел овозможување на квалитетна средина и најсовремени можности за работа. Интезивирање на тимска колегијална работна атмосфера со цел максимална ефикасност и продуктивност.

Со Ковид-19 тестирање единстевни сте со констатно голем број прикажани тестирања во дневните извештаи, на што се должи тоа?

Секако ги следиме актуелните случувања како кај нас, така и во светот за актуелната Ковид-19 пандемија, према тоа пристапивме кон исполнување на условите за Ковид -19 тестирање со ПЦР тестови, брзи антигенски тестови како и детектирање на антинтела преку квантитативно одредување на титарот на антитела- RBD II генерација, како и биохемиски ковид и пост ковид-19 пакети . согласно исполнување на условите од 12.5.2021 година имаме решение за Ковид-19 тестирања и према тоа ја започнавме нашата оперативност и организациска поставеност.

Организациски стартувавме со пункт во Општина Кисела Вода каде сме лоцирани како база на лабораторијата и водени од достапност и квалитетни услуги во однос на минимизирање на ризик од трансмисија на вирусот, обезбеден ни е посебен павиљон за земање на материјал за тестирање, лесен пристап со сопствен паркинг простор и електронски резултат во тек на денот,   доставуваме сертификат со QR код и достапни цени. Реагенсите за сите анализи кои ги изработуваме се одобрени и се наоѓаат на листата на Светската Здравствена Организација. Покрај базата во Општина Кисела Вода, согласно препораките кои беа донесени за услови за патувања, пограничните општини не контактираа за можност за Ковид-19 тестирања и така започнавме со план и реализации на барањата. Исто така Аеродромската управа согласно протоколи за патување имаа потреба од зајакнување на овој вид на услуга за ковид-19 тестирање. Према тоа од месец Јуни поставивме пунктови во пограничните региони како Гевгелија, Дојран, Табановце, ТАВ Скопје и Охрид. За кратко време многубројни барања од граѓани, локални заедници за можност за тестирања па така со одредени рути пристапивме кон доближување на овој вид на услуга кога е најпотребно.

Сето тоа допринесува за олеснување за граѓаните, квалитетно достапна услуга а во тек на летните месеци со промотивна цена од само 1000 денари. Според оперативната достапност на услугата присутни сме во Прилеп, Кавадрци, Велес, Кочани. Располагаме со сериозен возен парк од 4 санитетски возила и 7 леки коли со кои услугата е доближена према место на живеење.

Услугата која ја обезбедуваме за граѓаните се должи на нашето големо семејство од 120 вработени кои секојдневно максимално професионално се вклучени за квалитетно достапна услуга. Во тек на летните месеци работевме 24/7, а од есента сме лабораторија која има најголема рамка за земање на материјал, теренски екипи во градот но и на територија на цела држава. Во тешки услови на живеење со светската криза на пандемија Ковид-19, максимално сме посветени кон потребите на граѓаните, а тоа и самите бројки на услуги, приеми, број на корисници на нашите услуги ни е најдобриот подарок за првиот роденден. За само 1 година сме оствариле повеќе од 520 000 услуги, лидери во однос на Ковид-19 тестирања вкупно 287 780, од кои ПЦР 134 908 и брзи антигенски 152 872 тестови. Доверба на 213 569 пациенти и 298 186 приеми.

Кои се вашите планови за во иднина?

Горди сме на она што го постигнуваме, на нашето семејство од 120 вработени, каде доминира млад кадар, на дел и прво вработување, на кои им обезбедуваме стабилана предвидлива иднина за да творат во државата, горди што ја олеснуваме на секаков начин достапноста на услугата во однос на место на живеење, но и во однос на цена на услуга. Подржуваме константно различни настани и сме општествено одговорни према здруженија и заедници.

Оперативната поставеност и теренска логистика која ја поседува основачот Г-н Кирил Лазаров преку Никоб Групацијата сериозно допринесува во развојот на установата, а како здравјето и безбедноста се најважните фактори за квалитетен живот, стремиме кон понатамошен развој и унапредување. Во таа насока во претстојниот период према решение за лабораторијата за влез во мрежата, се подготвуваме за уште поголема можност за достапност на нашите лабораториски услуги со упатување од матичен лекар или лекар специјалист. Исто така согласно задоволството на корисниците на нашите услуги и потребата се на едно место да се обезбедат лабораториско дијагностички иследувања планираме дејноста да се прошири и со микробилогија и на тој начин ја заокружуваме комплетно дијагностиката во ПЗУ Никоб Лаб.

Комерцијален ПР текст

економија1 ден ago

ИТ компанијата Proxiad SEE отвори нова канцеларија во Скопје

свет1 ден ago

Франција и Шпанија се најпосетените светски дестинации

македонија1 ден ago

Создадовме автентично винско туристичко доживување во радовишкиот крај!

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Теорија, пракса и понекое пророштво

свет1 ден ago

Технолошките гиганти отпуштаат преку 50 илјади вработени

македонија1 ден ago

5 причини зошто становите во градба се одлична инвестиција

регион1 ден ago

Во Хрватска пристигнуваат три светски хотелски брендови во исто време

технологии / компании1 ден ago

Амазон е највреден бренд на планетава, Дојче Телеком прв во  Европа

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Покажување емпатија, демонстрирање вредност, уникатна презентација

економија1 ден ago

Од специјалниот прилог „Брендови“: Како пандемијата и кризата ги променија бренд стратегиите?

македонија1 недела ago

Истражување: Македонија е лидер во регионот во пушење најевтини цигари

свет1 недела ago

Дојче Телеком е највредниот бренд во Eвропа

македонија5 дена ago

Европски квиз на пари по петти пат за македонските ученици

македонија4 дена ago

Во првите 9 месеци од 2022, со македонски картички кон македонски е-трговци се реализирале 17.3 милијарди денари, со раст од 20%

економија4 дена ago

Започна со работа реконструираната течна фарбара во БРАКО во Велес – инвестиција од 150 илјади евра

македонија1 ден ago

Создадовме автентично винско туристичко доживување во радовишкиот крај!

интервју1 ден ago

Славица Кутиров: Со примена на новите сервиси и напредни технологии, дигиталната Царина станува реалност

свет1 ден ago

Технолошките гиганти отпуштаат преку 50 илјади вработени

технологии / компании1 ден ago

Амазон е највреден бренд на планетава, Дојче Телеком прв во  Европа

македонија5 дена ago

Студио за висока мода од Струмица инвестира во соларни панели со помош на ЕБРД и ЕУ