Connect with us

интервју

Д-р Жан Митрев: Младите доктори не мора да одат во Германија, јас ја донесов Германија тука

Д-р Жан Митрев, сопственик и директор на „Жан Митрев Клиника“ – Скопје

објавено

на

„Јас станав пример за остварување на една визија, концепт кој макотрпно се реализираше и сето тоа се претвори и како пример за многу млади луѓе, дека може и тука, дома, да се направат големи работи. Всушност, направено е уникатно поврзување меѓу медицината и бизнисот. Тоа е можеби и најтешкиот дел со кој се борам секојдневно. Од една страна да се пружи врвна медицинска  услуга согласно највисоко утврдените стандарди во светски рамки, таа да биде достапна за било кој пациент и при тоа да се обезбеди економска исплатливост. Некогаш добивам замерки дека сме поскапи споредено со останатите на локалниот пазар. Но, тоа е реално лоша споредба. Ние сме само максимално транспарентни и детални од самиот старт, без потоа да се појават ‘дополнителни’ услуги за доплата. Неоспорен факт е дека услугите кои ги добиваат пациентите овде се идентични како оние што би ги добиле некаде во странство, па кога така би не’ споредиле, ние сме можеби и десетина пати поевтини.“

Јубилејот 21  година од згрижувањето на првите пациенти во тогаш „Филип Втори“, сега веќе „Жан Митрев Клиника“, основачот и директор д-р Жан Митрев, познатиот македонски кардиохирург, го  одбележува во, за жал, околности коишто и не се најидеалната прилика за славење, среде ковид – кризата којашто се’ уште не стивнува и значи голем број на новозаразени и починати лица секој ден. Токму неговата клиника е местото каде што голем број граѓани изминативе месеци добија последна шанса да се спасат од тешките компликации на инфекцијата со ковид вирусот и благодарение на софистицираните методи на лекување, успеаја во тоа. За волја на вистината, овие третмани се скапи и не се достапни за секој граѓанин, но како што вели д-р Митрев, и трошоците за нив се исклучително високи, а болницата е приватна.  Но, како што вели тој,  доколку државата преку Фондот за здравствено осигурување би се вклучила во целосно покривање или субвенционирање на дел од трошоците за овие лекувања, тие би можеле да станат поприфатливи за сите, како што впрочем, се виде дека овој модел одлично функционира во делот на кардиохируршките интервенции.

Кога д-р Митрев се врати од Германија пред повеќе од дваесет години  и ја отвори првата кардиохируршка болница во земјава, проектот беше од самиот почеток проследен со проблеми, контроверзии, шпекулации… Се зборуваше дека некој го кочи неговиот “бизнис“ во Македонија, а други пак сметаа дека тој и премногу привилегии добил од оваа држава. Д-р Митрев вели дека сето тоа е минато, дека ниските удари ги преболел, дека она што го направил со клиниката којашто од пред пет години работи во нов, супер модерен објект, инвестиција од 40 милиони евра, доволно говори за неговите намери и дека сега сака да се фокусира само на развој на болницата и постигнување на највисок можен квалитет во услугите.

Г-не Митрев, после 21 година работа на вашата приватна клиника во Македонија, ако направите една рекапитулација, постигнавте ли се’ што замислувавте? Има ли нешто за што си велите дека требало поинаку да се направи, или да не се направи?

Јас секогаш гледам напред, она што било поминало и можеби ме направило посилен и поискусен. Од оваа перспектива гледам колкав пат е изоден, а богами и буквално отстоен, илјадници операции се направени и илјадници животи спасени. Убаво е секако чувството кога она што било сон, визија или занес, сега е видливо, опипливо, но и корисно за огромен број луѓе. Се навраќам назад понекогаш во тој голем период, секако дека можело да биде поинаку, но сепак останува заклучокот дека што и да правите треба да се заснова на многу труд и истрајност. Треба да се вложите себе си вистински, без штедење. Можеби сум можел многу повеќе, не знам, но и ова што е досега постигнато е грандиозно. Многу често се чувствувам како атомска централа на која и е приклучена само една светилка, ама некогаш пак си викам, добро е што и таа светилка свети.

Вие уште откако дојдовте во земјава  не престанаа контроверзиите поврзани со “Филип Втори“, подоцна „Жан Митрев Клиника“…Зошто беше таков вашиот пат кон ова што е болницата денес, никогаш мазен, секогаш туркан на мускули, што се вели? 

Она што го почнав тогаш, а трае и до ден денес е оригинално, посветено за доброто на другите, на пациентите, на народот и државата во која сум роден. Не очекував дека така ќе се случи „Жан Митрев“.

Реално, јас само сакав да си ја работам мојата работа како што треба. Да оперирам срце, без импровизации. Не ни бев свесен дека тоа ќе предизвика такви реакции. Искрено, тогаш не знаев дека медицината тука е на друго ниво. Настана борба на стариот систем, кој сакаше сè да остане како што е, и она новото што јас го носев. Многумина можеби и не ме разбраа, или погрешно ме толкуваа. Но, сепак, многу работи се променија.

Секогаш е така. И во историјата имате безброј примери. Кога Галилеј велел „Сепак се врти“ во времето кога сите мислеле дека земјата е рамна плоча, го осудиле, прогонувале и омаловажувале. Сè што е ново, поинакво, прогресивно и пред времето, така било третирано со недоверба и отпор.

Со моето враќање од Германија, по повеќегодишен престој и работа таму, сакав со себе да донесам сè. Во мојата област да ја донесам Германија тука. Без претерување и лажна скромност сега сум задоволен што можам да кажам, дека навистина успеав во тоа.

На што сте најмногу горд кога ќе ја погледнете клиниката денес, кои се нејзините уникатни квалитети по коишто се издвојува од конкуренцијата во земјата, па и пошироко?

Мислам дека сè уште и после толку години, луѓето малку знаат што всушност имаме овде од аспект на здравствени услови и стандарди. Воспоставив една секојдневна работа и лекување на најтешко болни со применети највисоки стандарди. Успеав тие услуги да бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување, пациентите да се лекуваат без да треба да плаќаат дополнителни средства. Иако само во кардиохирургијата, сепак ова е пример,  т.е. покажува колкав потенцијал за развој на здравството постои, ако се променат условите на функционирање.

Од аспект на технологија, изградена е голема здравствена установа која е најголема приватна инвестиција од македонски капитал. Клиниката се простира на 17.000м2, располага со повеќе операциони сали, одделенија за интензивна и полуинтензивна нега. Изградена е плански, согласно намената и ги задоволува највисоките еколошки стандарди без СО2 отпечаток (carbon footprint). Комплетно е дигитализирана, хартија скоро и да не се користи.

За мене можеби уште поважно е што воспоставив медицинска пракса која не постоеше тука. Се едуцираа и создадоа кадри коишто исто така ги немаше. Се воспоставија процеси на работа во здравството на реална материјална основа кои како такви не беа познати. Се отвори една нова стопанска гранка, медицината стана и бизнис. И уште повеќе што оваа институција сега може да се мери и споредува по било кои перформанси со било која друга од било каде на овој свет. На многу поразвиени држави можеме да им држиме лекции. И сето тоа е создадено и опстојува локално, со персонал кој е од тука.

Јас станав пример за остварување на една визија, концепт кој макотрпно се реализираше и сето тоа се претвори и како пример за многу млади луѓе, дека може и тука, дома, да се направат големи работи.

Всушност, направено е уникатно поврзување меѓу медицината и бизнисот. Тоа е можеби и најтешкиот дел со кој се борам секојдневно. Од една страна да се пружи врвна медицинска услуга согласно највисоко утврдените стандарди во светски рамки, таа да биде достапна за било кој пациент и при тоа да се обезбеди економска исплатливост.

Некогаш добивам замерки дека сме поскапи споредено со останатите на локалниот пазар. Но, тоа е реално лоша споредба. Ние сме само максимално транспарентни и детални од самиот старт, без потоа да се појават „дополнителни“ услуги за доплата. Неоспорен факт е дека услугите кои ги добиваат пациентите овде се идентични како оние што би ги добиле некаде во странство, па кога така би не’ споредиле, ние сме можеби и десетина пати поевтини.

Секако, доколку се прошири листата на услуги кои ќе ги плаќа ФЗОМ, услугите за пациентите ќе станат бесплатни. Овој концепт е веќе одамна разработен во кардиоваскуларната хирургија и одлично функционира. Овие пациенти се лекуваат бесплатно. Фондот ги покрива трошоците, а пациентите добиваат врвна медицинска услуга во приватна болница, бесплатно. Пациентите го плаќаат само она што ФЗОМ не го покрива за нив.

Исто така горд сум на уште еден факт, а тоа е дека застапеноста на жените е многу висока, над 70% од сите вработени се жени, 65% од нив се на раководни позиции, а и соодносот во одборот на директори е 5 спрема 4 во однос на жените.

Од Германија во континуитет има голем број доктори кои се заинтересирани за работа тука. Не само наши коишто таму завршиле, туку и Германци. За нив најголем проблем претставува административното решение, добивање лиценца за работа. За тоа е потребно меѓу другото, да го знаат и нашиот јазик. Тоа е дополнителен проблем, бидејќи некои се и малку престари да го учат. Неодамна вработивме анестезиолог од Германија со наше потекло, но не се снајде најдобро. Проблем му беше динамичното темпо на работа под притисок и така се разделивме. Ние имаме и наши одлични доктори, има млади коишто ги едуцираме и коишто се на пат да станат врвни професионалци. За да ги задржиме и да останат тука работиме во континуитет на нивно наградување.

И лекари дојдени од Германија се случува да не може да ја издржат динамиката во „Жан Митрев Клиника“

Имате кажано дека ќе настојувате да вратите лекари коишто заминале во Германија и други земји назад во Македонија, обезбедувајќи им одлични услови за работа и плати. Ви успева ли таа мисија, колку досега кадри се вратиле на ваша иницијатива и сега работат кај Вас?

Од Германија во континуитет има голем број доктори кои се заинтересирани за работа тука. Не само наши коишто таму завршиле, туку и Германци. За нив најголем проблем претставува административното решение, добивање лиценца за работа. За тоа е потребно меѓу другото, да го знаат и нашиот јазик. Тоа е дополнителен проблем, бидејќи некои се и малку престари да го учат. Неодамна вработивме анестезиолог од Германија со наше потекло, но не се снајде најдобро. Проблем му беше динамичното темпо на работа под притисок и така се разделивме. Ние имаме и наши одлични доктори, има млади коишто ги едуцираме и коишто се на пат да станат врвни професионалци. За да ги задржиме и да останат тука работиме во континуитет на нивно наградување.

Ако споредам како беше на почетокот, а како е сега, нештата се многу променети. Ако пред 20 години сестрите имаа 200 германски марки плата (100 евра), а докторите 400 марки (200 евра), сега можам слободно да кажам дека ние сме конкурентни во европски, па и светски рамки. Како пример, една медицинска сестра може месечно тука да заработи над 1.500 евра. Докторите пак, во зависност од квалификациите, можат да заработат и над 10.000 евра месечно.

Вложувам многу во нашите вработени од аспект на континуирано учење и усовршување. Следејќи ја новата технологија во медицината и работа со најнови медицински апарат, ние создаваме кадри овде, што претставува една многу долгорочна инвестиција на која всушност се базираат нашите одлични резултати. Реално, имаме доктори кои се далеку поподготвени и со многу повисоки професионални перформанси од многу доктори од Германија.

Покрај инвестиции во однос на најнова технологија, ние континуирано ги следиме најновите трендови и стандарди од аспект на подобрување на работните процеси и безбедност на пациентите од лекарска грешка и интрахоспитални инфекции. Потврда за успешноста е и фактот дека и во време на пандемија, во ноември 2020 бевме по втор пат реакредитирани со златен печат од Joint Committee International. Ова е огромно постигање уште повеќе затоа што, заради пандемијата, само многу мал број клиники во светот ја направија акредитацијата. Сите други едноставно се беа откажале.

Сте имале ли понуди за влез на странски капитал, да станете дел од меѓународен синџир на болници и сл. досега? Размислувате ли за проширување на „Жан Митрев“ брендот во регионов, на пример?

Со фокусираност на висок квалитет и функционирајќи во услови на релативно ниски цени, ние бевме принудени да развиваме максимално ефективен и ефикасен систем кој е истовремено и економски издржан. Сето тоа со годините на макотрпна работа создаде систем кој е флексибилен и одржлив и во овие услови со што стана предмет на интерес кај бројни странски компании.

Од нивна гледна точка интересни сме бидејќи успеваме да бидеме профитабилни со одржување континуирано висок квалитет на рамниште на светските болници, а при тоа со многу поконкурентни цени.

Нивниот начин на анализа и испитување на нашето работење, мене пак ми помогна во подобрување на процесите, коригирање на поставеноста на болницата како и самото менаџирање на истата. Кога би дошла некоја странска компанија да инвестира во удел од болницата, тоа би било една голема потврда на нашите вредности.   

Први почнавме со примена на прочистување на крвта или т.н. хемофилтрација. Оваа метода реално за нас не беше ништо ново. Истата ние ја имавме применувано наназад низ годините кај септични пациенти од други причинители, а сега ја имплементиравме кај пациенти кои се бореа со сериозни последници предизвикани од коронавирусот. Резултатите беа одлични, им дадовме шанса за живот на огромен број луѓе кои беа со исклучително сериозна клиничка слика. Сепак, ние сме приватна институција и нашите капацитети се на располагање на сите оние кои можат да си го дозволат ваквиот тип на лекување. Отворени сме за соработка и доколку се реализира договор со ФЗОМ како што е тоа случај со кардиохирургијата, тогаш и лекувањето на пациентите од коронавирус ќе биде бесплатно.

Лекувањето во нашиот Ковид – центар е скапо, но поврзано е со исклучително високи трошоци

Ковид кризата е за жал, неизбежна тема во оваа прилика… Вие лично, што мислите, загубивме ли како држава премногу животи како последица од коронавирусот или толку ни е силата со оглед на нивото во кое е здравството, економијата, општите навики кај луѓето, животниот стандард и здравствената состојба?

Три години пред да се случи кризата ја оформивме генетската лабораторија и бевме можеби меѓу првите во Европа кои ги доближија различните генетските испитувања во рутинската секојдневна пракса. Почнавме да ги испитуваме најчестите 33 патогени бактерии и вируси при прием на пациентите во болница, меѓу кои беше и коронавирус, но не денешниот КОВИД-САРС, бидејќи не постоеше. Со ваквиот индивидуален пристап, комбиниран со фармакогенетика, т.е. толеранција/нетолеранција на одредени лекови се креираше примената на персонализирана медицина специфична за секој пациент, и на тој начин почнавме да ги спречуваме последиците кои можеа да бидат фатални за пациентите без тоа.

Ова беше нешто ново и непознато, па многу ме гледаа со недоверба и зачудено, како тоа јас како кардиохирург, зборувам за генетика.

Во тоа време работевме на подобрување и приближување на примената на генетските испитувања и персонализираната медицина од аспект на клиничките третмани.

Кога короната се’ уште ја немаше во Европа, ние поучени од нашето искуство, а и гледајќи ги Кинезите со каква жестина се бореа со вирусот, претпоставувавме дека би можело тоа да се случи и кај нас. За жал, набрзо се потврди моето темно предвидување. Но, ние бевме спремни. Па така се случи токму во нашата лабораторија да биде потврден првиот пациент позитивен на Ковид 19.

Повеќе од една година, како и целиот свет, така и ние се соочуваме со пандемијата која зазема неочекувани размери и правец. Држави со далеку поподготвени здравствени системи, видовме дека останаа затечени и крахираа. Огромен број на луѓе починаа во цела Европа.

Ние како институција бевме подготвени и се преструктуиравме со цел да дадеме максимална поддршка и придонес. За разлика од другите, ние веднаш го поставивме највисокиот стандард во лекување кој до ден денес претставува репер и сега веќе во светски рамки потврден начин за лекување на најтешко болните пациенти од оваа опака болест.

Во целиот свет се изгубија многу животи, бидејќи медицината се сретна со болест која претходно не постоеше. Немаше изградено стандарди, немаше искуства, начини за справување. За жал и по една година се’ уште состојбата е непроменета.

Вашата клиника стана многу актуелна среде  пандемијата поради третманите што ги нуди за лекување од последиците на ковид вирусот, а луѓето коментираат околу ексклузивноста на овие услуги, нивната цена и сл. Државата најави користење на приватните капацитети во борбата против пандемијата, се спремаа и некакви простории, но сето тоа не се реализираше. Требаше ли државата да се ангажира поагилно со цел да се спасат што е можно повеќе животи, кога веќе имаме присутна технологија и опции?

Ние бевме единствените кои од почетокот на пандемијата ги ставија на располагање своите капацитети за лекување на пациенти заразени со коронавирус. И предочивме како треба да се лекуваат, бидејќи тие се најголем предизвик за интензивна медицина и рехабилитација т.е. за специјалистите по анестезиологија и реанимација. Тоа го увидовме од првите случаи, бидејќи се работеше за тешки пневмонии.  Поради самата концепција на болницата и претходното искуство за справување со пациенти на кои им е потребно интензивно лекување, веднаш отворивме КОВИД центар во кој го применивме сето наше знаење и искуство. Први почнавме со примена на прочистување на крвта или т.н. хемофилтрација. Оваа метода реално за нас не беше ништо ново. Истата ние ја имавме применувано наназад низ годините кај септични пациенти од други причинители, а сега ја имплементиравме кај пациенти кои се бореа со сериозни последници предизвикани од коронавирусот. Резултатите беа одлични, им дадовме шанса за живот на огромен број луѓе кои беа со исклучително сериозна клиничка слика.

Ние сме приватна институција и нашите капацитети се на располагање на сите оние кои можат да си го дозволат ваквиот тип на лекување. Отворени сме за соработка и доколку се реализира договор со Фондот како што е тоа случај со кардиохирургијата, тогаш и лекувањето на пациентите од коронавирус ќе биде бесплатно.

Иако околу успешноста на хемофилтрацијата како метода се дебатираше на почетокот, треба да кажеме дека е прифатена и препорачана од страна на американската ФДА и широко се применува во сите оддели за интензивна нега низ светот. Со резултатите коишто ги постигаме во лекувањето на овие тешко болни пациенти се наметна мислењето дека нашиот КОВИД центар е последната станица и тоа не е далеку од вистината. Овој начин на лекување е поврзан и со високи материјални трошоци, и токму можеби поради финансискиот момент, во речиси сите случаи пациентите доаѓаат кога поминале најмалку 10 дена во други институции, што претставува голем проблем бидејќи е изгубено драгоцено време.

Начинот и резултатите од третманите со хемофилтрација се објавени и веќе цитирани во голем број објави во стручната литература во светски рамки. Само дел од нив би споменал тука:

1. Цитокинска бура и Ковид – 19: хроника на проинфламаторни цитокини (Cytokine storm and COVID-19: a chronicle of pro-inflammatory cytokines) објавен од  The Royal Society во делот Open Biology
https://royalsocietypublishing.org/doi/10.1098/rsob.200160
2. Рана иницијација на екстракорпорално прочистување на крвта со  AN69ST (oXiris®) Хемофилтер како модалитет на третирање на Ковид – 19. (Patients Early Initiation of Extracorporeal Blood Purification Using the AN69ST (oXiris®) Hemofilter as a Treatment Modality for COVID-19 Patients: a Single-Centre Case Series) објавен во  Brazilian Journal of Cardiovascular Surgery
https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/33113325/
3. Екстракорпорално прочистување на крвта кај умерено тешки и многу тешки Ковид – 19 пациенти.  (Extracorporeal Blood Purification in moderate and severe COVID-19 patients: a prospective cohort study)
https://www.medrxiv.org/content/10.1101/2020.10.10.20210096v1 (= preprint) од пред неколку недели потврдено за објава.  Во печат е во: https://www.karger.com/Journal/Home/223997 Каргер е издавач лоциран во Швајцарија којшто издава медицински релевантни и издржани студии. 

Персонализираната медицина е минимален  влог  во однос на тоа што го добива општеството на среден и долг рок

Во врска со генетската лабораторија и пристапот на персонализирана медицина…  За какви потреби најчесто се користат услугите на лабораторијата? Колку граѓаните стануваат свесни за значењето на овие технолошки придобивки во медицината?

Позитивниот тренд во однос на афирмација на персонализираната медицина се засилува. Особено дека полека, но сигурно им станува  јасно на луѓето дека не секој кој има прекумерна тежина е кандидат за кардиоваскуларна операција и не секој кој е слаб е совршено здрав.

Животните навики се тие кои што се клучни за поттикнување на генетските предиспозиции за одредени болести, но истите треба да бидат прилагодени т.е. персонализирани. Не секој што е со прекумерна тежина треба да се качи на спортски велосипед или да се качува на Водно. Не секој треба да исфрли глутен, или масти од исхраната. Не се сите дебели луѓе “кандидати“ за срцев удар, ниту пак се сите слаби луѓе имуни на него.

Нема потреба да  бидете сами свои лекари, нутриционисти и сл. Токму персонализираната медицина е таа која овозможува соодветно откривање на можните проблеми и корекција на начинот на живот. Затоа консултирајте се, прегледајте се, ниту една цена не е повисока од онаа што може да се плати на крајот.

Пак доаѓаме до моментот на потребата од партнерство помеѓу државата и приватниот капитал со цел максимизација на ефектите од користењето на персонализираната медицина. На прв поглед скапи решенија, на долг рок бенефит за општеството, економијата, поголема благосостојба на граѓаните…Објаснете за нашите читатели најпластично што се вели, какви придобивки ќе имаме сите како нација доколку се направи системски пристап во имплементација на персонализираната медицина во јавното здравство, со помош на ресурсите од приватното?

Би пробал со еден пример да објаснам кој е потенцијалот на персонализираната медицина, т.е. примената на генетските испитувања во секојдневната пракса. Кога еден пациент има стеснување на крвните садови на срцето, за да се превенира срцевиот удар се поставуваат стентови кои решаваат дел од проблемот. Понатаму, секој пациент мора да пие еден лек (клопидрогел) кој треба да спречи да не дојде до повторно затнување на поставениот стент.

Но, секој пациент различно реагира на овој лек. Реакцијата може да се предвиди / одреди исклучиво со фармако – генетско испитување. Со тоа ќе се види дека 1/3 од пациентите оптимално реагираат на дадена доза од лекот, втората третина реагираат премногу јако и имаат ризик од  крвавења (во мозок, во желудник), а останатите 1/3 воопшто не реагираат на лекот. Значи, од сто пациенти кои добиле стент, над 60% од нив имаат можност да развијат различни опасни компликации: повторно да добијат инфаркти, затнување на стент, па е потребно да се направи реоперација, повторно стентирање или пак да се заврши фатално.

Ако се развијат крвавења во мозокот, тие водат до тешки состојби, парализи и долго болничко лекување. Крвавењето во стомакот, исто така води кон понатаму различни ендоскопски интервенции и болничко лекување. Со еден збор, многу можности за компликации, а со тоа и големи дополнителни здравствени трошоци. Доколку се направи ова генетско испитување на овој лек кое чини 50 евра, тоа ќе спречи да се потрошат огромните суми за другите дополнителни интервенции, реинтервенција, нови стентови. Што е најважно, сето ова би се превенирало, би се поставила терапијата попрецизно, би се дал друг лек или би се прилагодила дозата. Ова е класичен пример за можноста да се спасат пациентите од опасни компликации, а од друга страна да се заштедат пари. Такви примери има безброј, но треба да се сака да се разговара и да се има слух.

Како и до сега, ние ќе продолжиме континуирано да работиме за да го задржиме приматот на лидери во услугите во приватното здравство во регионот и пошироко. Но, ќе бидеме отворени и за соработка и партнерство со државата со цел унапредување на нивото на здравствените услуги и целокупниот здравствен систем во земјата.

Вие во повеќе наврати имате изјавувано дека може да има ефикасна комбинација помеѓу државното и приватното здравство со краен резултат – среќни, односно здрави и живи пациенти. Стоите ли се’ уште на тој став или едноставно пресиромашна е државата за такво нешто?

Сè уште не е променет мојот став дека ова е возможно и ќе се случи кога оние што носат политички одлуки ќе сфатат дека ние не сме конкуренција едни на други, туку партнери што треба да “играат“ заедно.

Конкретен пример за ова е успешната соработка која ние ја имаме согласно потпишаниот договор со државниот Фонд за здравство за кардиохирургијата. Трае повеќе од 21 година и за среќа на пациентите кои претходно би требало да бараат помош во странство, и државата да одвои многу поголеми суми, сега добиваат врвни услуги бесплатно т.е. покриени од ФЗО.

Ние сме првото, во вистинска смисла јавно – приватно партнерство, од кои се гледаат придобивките од лекување на пациентите во врвна установа.

Од друга страна поради квалитетот сме препознаени и во странство. Од таму ни доаѓаат голем број пациенти, па сме и извозник на медицински услуги.

економија7 дена ago

Алексова, ТУК: Неповратна финансиска помош за спас на туризмот и угостителството

економија6 дена ago

Помала премија за речиси 5% или 8,5 милиони евра во 2020

банки7 дена ago

Fitch Rating повторно го потврди кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка на “БББ-“

македонија6 дена ago

Опасниот вирус на лагите е сојузник на Ковид – 19

економија6 дена ago

Властите задоволни од ефектот на антикризните мерки, бизнисот бара уште

технологии / компании2 дена ago

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Управување со ликвидноста и cash gap

свет6 дена ago

Како еден град станува паметен?

македонија6 дена ago

Амбициозен инвестициски план: ќе бидат вложени преку 105 милиони евра во нови маркети и други содржини

lifestyle6 дена ago

Марк Кјубан: Станете експерт во тоа што го работите. Тоа ќе ви даде предност затоа што повеќето луѓе не го прават тоа.