Connect with us

македонија

Д-р Моника Јовчевска, Никоб Медикал: Октомври заминува, но опасноста од рак на дојка останува

објавено

на

Октомври е Месец на борба против ракот на дојката.

На глобално ниво, ракот на дојка претставува најчест малигнитет кој што се јавува кај жените. Следствено на тоа е и најчеста причина за смрт кај жените. Податоците укажуваат на тоа дека секоја осма жена во текот на својот живот ќе се соочи со ова заболување, а за позитивен исход од болеста најважно е рана детекција и навремен третман. За рано откривање на ракот на дојката од круцијално значење е самопреглед како и спроведување  на скрининг кај  најранливата популација.

          Иако може да се јави во било која возрасна група, сепак најчесто се јавува кај жени над 50 годишна возраст. Од вкупната бројка на заболени 75% се јавуваат кај жени над 50, а преостанатиот процент се јавува кај жени над 65 годишна возраст. Кај женската популација во Македонија ракот на дојката најчесто се јавува во возрасна група од 45-49 години и 55 до 59 години. 

          Во месец октомври, којшто е посветен на свесноста за ракот на дојката потсетуваме зошто самопрегледот на дојките, познавањето на симптомите кои укажуваат на рак на дојка како и превентивните прегледи значат живот. Податоците кажуваат дека повеќе од 90% од пациентите на кои им е дијагностициран рак на дојката можат да се излекуваат и да имаат квалитетен живот ако им се постави дијагноза во раната фаза. 

          Еден од најчестите симптоми на ракот на дојките е појава на грутка во ткивото на дојките, па секоја таква промена е битно да биде навремено дополнително иследена. Но постојат и други симптоми кои со чести самопрегледи би можело да се детектираат а упатуваат на можна малигна промена на градите:

  1. Оток или осетливост на градата, знак кој многу често знае да биде игнориран од страна на жените поради честото поврзување на промената со предменструалниот синдром
  2. Промена во текстурата на кожата- црвеникава површина со испакнатини, слични на кора од портокал
  3. Исцедок од брадавиците- зеленикав, жолтеникав или крвав
  4. Црвени дамки или модринки се знаци на воспалителен рак на дојката
  5. Промени во изгледот на брадавицата било во формата, големината или бојата (освен ако не се работи за бременост) се знаци за малигнитет на дојката 
  6. Промена на големината или обликот на градите, а промената не е поврзана со промена на телесната тежина, бременост или предменструален синдром
  7. Темните дамки или невообичаените пеги на кожата може да бидат знак за ретка и поагресивна форма на рак на дојка, наречен воспалителен рак на дојка.

          Познавањето на знаците и симптомите кои упатуваат на малигна промена на дојките е битно при самопрегледот на дојките, тоа дава можност за навремено нивно препознавање и соодветно реагирање. Како се прави самопреглед на дојките?

Чекор 1: Застанете пред огледало со рацете на колковите, на овој начин можете да ги видите двете дојки и било какви промени во однос на големината, формата, контурите.

Чекор 2: Кренете ги рацете над вашата глава,  гледајте дали градите се движат на ист начин и нотирајте било какви промени во однос на големината, формата, контурите, бојата на кожата

Чекор 3: Спуштете ги рацете и прегледајте ги брадавиците на двете дојки и барајте промени на кожата, исцедок, вовлекување на брадавиците

Чекор 4: Легнете на грб, со перница под вашата глава, едната рака кренете ја и ставете ја под главата, а со другата со показалецот и средниот прст со нежни, кружни движења допирајте ги градите низ целата должина со цел да нотирате промени во текстурата, бојата, големината. Истото повторете го и на другата града.

          Поради пораст на инциденца на јавување на ракот на дојката, од голема важност е спроведување на скрининг помеѓу најпогодената популација. Скринингот за рак на дојка претставува периодично правење на мамографија на здрава женска популација на возраст од 50-69 години, без присутни симптоми, со цел да се открие ракот на дојката во неговиот ран стадиум. Скрининот за рак на дојка во  Македонија е финансиран од Владата од 2006-та година, кога со закон е пропишано дека секоја жена има право на бесплатен скрининг во државните болници.

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

банки3 дена ago

Потрошувачки кредит на УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за рефинансирање и бонус од 1.000 денари при онлајн аплицирање

македонија3 дена ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

банки1 недела ago

Комерцијална банка како „Зелен поборник“ ќе пошумува и ќе едуцира

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

свет6 дена ago

Пустината под вода

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?