Connect with us

свет

„Д-р Пропаст“ вели дека ефективно веќе сме во трета светска војна: можам да ви кажам и каде би паднала првата атомска бомба

објавено

на

Американецот Нуриел Рубини, еден од најпознатите економисти на денешницата, во опширно интервју за германскиот неделник „Шпигел“ зборува  за десетте  мега – закани кои ја загрозуваат иднината на светот.

Американецот Нуриел Рубини, еден од најпознатите економисти на денешницата, во опширно интервју за германскиот неделник „Шпигел“ зборува  за десетте  мега – закани кои ја загрозуваат иднината на светот.

Рубини ја предвиде финансиската криза во 2008 година, а неговите карактеристични песимистички предвидувања му го донесоа прекарот „Д-р Пропаст“ (Dr.Doom”), иако  тој повеќе би сакал да го нарекуваат „Д-р Реалист“.

Рубини појаснува  дека заканите за кои пишувал во својата нова книга  се реални.

„Шеесеттите и седумдесеттите ги поминав во Италија. Тогаш немаше загриженост за нуклеарните закани, никој не ги спомнуваше климатските промени и глобалната пандемија. Не се зборуваше дека роботите ќе ни ги преземаат работните места, живеевме во стабилни демократии, дури и да не беа совршени. Јавниот долг не беше висок, немавме престаро население. Тоа е светот во кој пораснав. Денеска морам да се грижам за сето тоа“, објасни Рубини.

Рубини ја предвиде финансиската криза во 2008 година, а неговите карактеристични песимистички предвидувања му го донесоа прекарот „Д-р Пропаст“ (Dr.Doom”), иако  тој повеќе би сакал да го нарекуваат „Д-р Реалист“.

Тој раскажува како неодамна во Вашингтон на состанокот на ММФ, економскиот историчар Најал Фергусон коментирал дека ќе имаме среќа ако нè погоди криза како онаа во 70-тите, без војна како 40-тите. На истиот состанок советниците за национална безбедност изразија загриженост за вмешаноста на НАТО во војната меѓу Русија и Украина.

„Само што прочитав утрово дека администрацијата на Бајден очекува Кина наскоро да го нападне Тајван. Искрено речено, Третата светска војна всушност веќе започна, секако во Украина и во интернет просторот“, тврди Рубини.

„Почнаа да се појавуваат тела на закопани мафијаши во 50-те години крај Лас Вегас“

Во интервјуто  за Шпигел тој изрази став дека политичарите треба прво да се грижат за војната во Украина, па дури потоа да ја решаваат кризата во Иран, Израел или Кина. Во исто време, тие би морале да размислуваат за инфлација и рецесија, односно стагфлација.

„Еврозоната е веќе во рецесија и мислам дека ќе биде долго и грдо. Во Велика Британија е уште полошо“, тврди тој.

Зборувајќи за пандемијата, тој напомена дека ситуацијата е под контрола, но наскоро би можеле да се појават нови варијанти на ковид-19. Тој вели дека климатските промени се „ катастрофа која се забрзува“. За секоја од 10-те закани што ги опишува во својата книга, вели тој, може да претстави десет примери што се случуваат токму сега, а не во далечна иднина.

Потоа зборува за заканата од климатските промени со неколку примери.

„Летово имаше суша во сите делови на светот, вклучително и во САД. Во близина на Лас Вегас, сушата беше толку силна што телата на мафијаши од 50-тите се појавија  во исушените езера. Во Калифорнија, земјоделците ги продаваат своите права на располагање со  вода затоа што им е поисплатливо  од одгледување било што. Во Флорида, повеќе не можете да осигурите куќа на брегот. Половина од Американците ќе мора да се преселат на Среден Запад или Канада. Тоа е наука, а не нагаѓања“, вели Рубини.

Рубини ги истакнува климатските промени и нивните разорни последици како најголемата мега – закана за човештвото.

Втората закана што Нуриел Рубини ја опишува во својата книга се однесува на односот меѓу САД и Европа. Тој тврди дека Америка би можела да изврши притисок врз Европа со цел да ги ограничи економските односи со Кина бидејќи не сака да го загрози американското воено присуство на континентот. Тој тврди дека такво сценарио веќе се игра.

„САД воведоа нови прописи со кои се забранува извоз на микрочипови  во кинески компании за вештачка интелигенција (ВИ), воена употреба или квантни  компјутери. Европејците сакаат да продолжат да прават бизнис со САД и Кина, но тоа нема да биде можно поради прашањата за националната безбедност. Трговијата, финансиите, технологијата, Интернет: сè ќе се подели на два дела, тврди тој.

„Германија направи голема грешка што се потпре само на евтин руски гас“

Американскиот економист коментира дека Германија направила голема грешка бидејќи во голема мера се потпирала на енергијата од Русија. Во врска со приказната дека кинеската компанија Коско треба да купи делови од пристаништето Хамбург, Рубини истакнува дека останува да се види која е целта на таквата намера од Кина.

„Кина, се разбира, нема во воена смисла  да ги презема  германските пристаништа, како што би можело во Азија или Африка. Но, мислам дека тоа не е многу паметна идеја“, рече тој.

Тој сподели и една интересна анегдота од разговорот со претседателот на една африканска држава. Го прашал зошто купил 5G технологија од Кина, а не од Запад.

„Тој одговори дека тие се мала земја и дека некој сепак ќе ги шпионира, така што нема причина да не се земе кинеската технологија бидејќи е поевтина.“

Рубини појаснува и  како Кина ја зголемува својата економска, финансиска и трговска моќ во многу делови од светот.

На прашањето да ја спореди кризата од 70-тите години на минатиот век, кога светот исто така доживуваше енергетска криза, висока инфлација и стагфлација, со денешната ситуација, тој рече дека денес е многу потешко.

„Во тоа време немавме толку јавен и приватен долг како денес. Ако централните банки ги зголемат каматните стапки за да се борат против инфлацијата, тоа ќе доведе до банкрот на многу ‘зомби’ компании, ‘сиви’банки  и владини институции. Покрај тоа, сегашната нафтена криза беше предизвикана од многу повеќе геополитички шокови отколку тогаш. Замислете ги само последиците од кинескиот напад на Тајван, кој произведува 50% од сите микрочипови  во светот, од кои 80% се со врвен квалитет. Тоа би бил глобален шок. Денес многу повеќе сме зависни од микрочипови  отколку од нафта“, предупредува Рубини.

Во својата книга тој ги опишува климатските промени како најголемата мега – закана.

„Мораме да се грижиме за се’ во исто време, бидејќи сите овие мега – закани се меѓусебно поврзани. Еден пример: во моментов не постои начин за значително намалување на емисиите на CO2 без економски пад. Иако во 2020 година ја имавме најлошата рецесија во последните 60 години, емисиите на стакленички гасови се намалија за само 9 проценти. Од друга страна, без силен економски развој нема да можеме да го решиме проблемот со долгот. Значи, мораме да најдеме други начини да растеме без емисии на стакленички гасови“, рече тој.

„Првата нуклеарна бомба ќе падне врз Њујорк, втората врз Москва“

Рубини  изрази загриженост за опстанокот на демократијата против авторитарните системи како Русија или Кина. Тој потсети дека демократиите се кревки кога се случуваат големи шокови во светот, додавајќи дека секогаш ќе се најде некој мачо маж  кој вели дека ќе ја „спаси земјата“, а потоа ги обвинува странците.

Тој тврди дека Владимир Путин го направил токму тоа со Украина.

„Ердоган би можел да го направи тоа со Грција следната година, би можел да се обиде да создаде криза бидејќи во спротивно му се заканува пораз на изборите. Доколку Доналд Трамп повторно се кандидира и загуби, тој овој пат би можел  отворено да  ги повика поддржувачите да го нападнат Капитол. Можеме да бидеме сведоци на насилство и вистинска граѓанска војна во САД. Ситуацијата во Германија изгледа релативно добра. Но, не знаеме што ќе се случи ако економијата почне да слабее и луѓето гласаат за десницата“.

На крајот од разговорот со Шпигел, Нуриел Рубини го претстави можното сценарио во случај на нуклеарна војна.

„За време на пандемијата, не побегнав во Хемптонс или Мајами како многу други. Останав овде, бев сведок на демонстрациите на Black Lives Matter, волонтирав  да им помогнам на бездомниците. Секој ден бев сведок на очајот на многу пријатели уметници кои останаа без работа и не можеа да платат кирија. Ќе останам во Њујорк дури и ако го погоди ураган што може да доведе до насилство и хаос. Мораме да се соочиме со светот таков каков што е. Дури и да има нуклеарна војна. Затоа што првата бомба ќе падне на Њујорк, а следната на Москва“, предупреди тој.

економија5 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки23 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас