Connect with us

интервју

Д-р Татјана  Баевска –Вучковиќ, Никоб Лаб: Достапноста и квалитетот на услугите нè направи најбрзо растечка лабораторија во земјата

Д-р.Спец.Субспец. Татјана Баевска –Вучковиќ, генерален директор на Никоб Лаб

објавено

на

„Годината која измина е посебно важна и значајна за нас, бидејќи во најнеопходните и најтешките моменти за сите нас како граѓани коишто се соочуваме со светската криза на Ковид-19 пандемија, овозможивме достапна и квалитетна лабораториска услуга. Според податоците со кои располагаме, сме најбрзо растечка лабораторија во државата пред се’ поради можноста и условите на достапност на услугите, капацитетот и ресурсите со кои располагаме, како и следење на потребата на граѓаните и заедниците во општеството.“

Г-ѓа Баевска – Вучковиќ, честитки пред се’ за одбележување на првата година на Никоб Лаб, постигнавте импресивни резултати за кусо време. На што се должи тоа?

Благодарам на честитката и покана за интервју за вашиот магазин. Никоб Лаб неодамна одбележа една година од основањето како нова приватна здравствена установа во делот на лабораториски здравствени услуги од националниот здравствен систем на државата.

Секој почеток има своја тежина, па така и нашето основање на ПЗУ Никоб Лаб, пред се’ што е во еден од најтешките периоди воопшто како во светот, така и кај нас поради пандемијата Ковид 19.

Годината која измина е посебно важна и значајна за нас, бидејќи во најнеопходните и најтешките моменти за сите нас како граѓани коишто се соочуваме со светската криза на Ковид-19 пандемија, овозможивме достапна и квалитетна лабораториска услуга. Според податоците со кои располагаме, сме најбрзо растечка лабораторија во државата пред се’ поради можноста и условите на достапност на услугите, капацитетот и ресурсите со кои располагаме, како и следење на потребата на граѓаните и заедниците во општеството.

Најважното на кое што се должи брзиот развој е можноста која им се понуди на граѓаните за квалитетна услуга, а истата достапна по најниски цени, со што сериозно влијаеме на креирање,  како на јавното мислење така и на креирање на пазарната цена на чинење на овој вид на услуги.  Да се основа здравствена установа потребно е да се исполнат услови од правилник за простор, опрема и кадар согласно законските прописи. Водени од идеја, визија, концепт, лично професионално искуство од 24 години работен стаж, меѓу другото  и лиценциран менаџер за управување со здравствени установи, со многу труд, работа, посветеност и истрајност, денес сме горди на реализацијата и постигнатото.

Сето наведено се должи на основачот и сопственик на Никоб групацијата г-дин Кирил Лазаров, кој одлучи да инвестира во здравствениот сектор со лична капитална инвестиција во зајакнување на националниот здравствен  систем со  нов правен субјект ПЗУ Никоб Лаб со лабораториска дејност во однос на биохемиска и молекуларна дијагностика.

Со каква палета на услуги располага во моментов лабораторијата и каков е човечкиот и техничкиот капацитет и потенцијал?

 Никоб Лаб според дејноста која ја извршува претставува лабораторија на секундарно ниво од интегрираниот здравствен систем од примарна, секундарна и терцијарна здравствена заштита. Лабораторијата на пазарот на здравствени услуги се  претставува со широка палета на лабораториски услуги. Лабораториските услуги се достапни за корисниците во самата лабораторија, но обезбедена е и достапност и во домашни услови или работна средина.

Располагаме со повеќе од 25 мобилни тимови кои земаат теренски материјал, а резултатите се добиваат електронски и на тој начин придонесуваме кон доближување на услугите и за оние кои не се во можност да се движат или се времено спречени. Во делот на биохемиските анализи располагаме со најсовремена биохемиска лабораториска опрема, односно,  интегриран биохемиски апарат кој има можност за 800 анализи на час и широка палета на реагенси за лабораториска дијагностика во однос на комплетни биохемиски, имунолошки и серолошки испитувања. 

Молекуларната дијагностика исто така е овозможена со најсовремена апаратура, широка палета на услуги кои се валидирани и оптимизирани за специфично, сензитивно и високо репродуцибилно следење и анализирање  на инфективни, неинфективни, генетски, наследни заболувања, како и проценка на ризик од појава на одредени неоплазми и/или развој на специфични заболувања, неинвазивна пренатална дијагностика и детекција на машки и женски инфертилитет. Согласно палетата на реагенси постигнуваме иследувања на сите системи, како во превентивни цели така и во дијагностички пакети.

Покрај простор и опрема според правилникот за основање на здравствена установа располагаме и со соодветен кадар на здравствени работници – 2 доктори специјалисти по медицинска биохемија, здравствени соработници, 4 биохемичари, 24 медицински  лаборанти, 9 молекуларни биолози, 1 фармацевт, 80 административен и технички персонал, од кои 6 возачи и 74 административни работници. Сите вработени во тек на подготовка на установите поминаа задолжителни обуки соодветни за лабораториска апаратура. Подготвивме  упатства и протоколи за работа, современ и напреден софтверски систем, со цел овозможување на квалитетна средина и најсовремени можности за работа. Ја интензивираме тимската  колегијална работна атмосфера со цел максимална ефикасност и продуктивност.

Кои беа најголеми предизвици со коишто се соочивте развивајќи ги своите услуги изминатава година, со оглед на пандемијата и сите ефекти што произлегуваат од неа?

Секако ги следиме актуелните случувања како кај нас, така и во светот за актуелната Ковид-19 пандемија, според  тоа пристапивме кон исполнување на условите за Ковид -19 тестирање со ПЦР тестови, брзи антигенски тестови како и детектирање на антитела преку квантитативно одредување на титарот на антитела- RBD II генерација, како и биохемиски ковид и пост ковид-19 пакети, согласно исполнување на условите од 12.05.2021 година имаме решение за Ковид-19 тестирања и според тоа ја започнавме нашата оперативност и организациска поставеност.

„Квалитетната комуникација претставува основа за професионалност, колегијалност, со почитување на постулатите на етички кодекс коишто дефинираат квалитетен работен процес,  од кого што  крајниот корисник на услугата, т.е. пациентот е задоволен. Максималната лична вложеност во секојдневна комуникација со вработените преку идеи, предлози, размена на искуство, како и решавање и надминување на тековни состојби придонесува  за стабилна работна средина и ефикасна продуктивност.“, вели д-р Баевска – Вучковиќ.

Организациски стартувавме со пункт во Општина Кисела Вода каде сме лоцирани како база на лабораторијата и водени од достапност и квалитетни услуги во однос на минимизирање на ризик од трансмисија на вирусот, обезбеден ни е посебен павилјон за земање на материјал за тестирање, лесен пристап со сопствен паркинг простор и електронски резултат во тек на денот,  доставуваме сертификат со QR код и достапни цени. Реагенсите за сите анализи кои ги изработуваме се одобрени и се наоѓаат на листата на Светската здравствена организација.

Покрај базата во Општина Кисела Вода, согласно препораките кои беа донесени за услови за патувања, пограничните општини не’ контактираа за можност за Ковид-19 тестирања и така започнавме со план и реализации на барањата. Исто така Аеродромската управа согласно протоколите за патување имаа потреба од зајакнување на овој вид на услуга за ковид-19 тестирање. Согласно тоа, од месец јуни поставивме пунктови во пограничните региони како Гевгелија, Дојран, Табановце, ТАВ Скопје и Охрид. За кратко време стигнаа многубројни барања од граѓани, локални заедници за можност за тестирања, па така со одредени рути пристапивме кон доближување на овој вид на услуга кога е најпотребно. Сето тоа им олеснува на  граѓаните, им пружа квалитетна и  достапна услуга,  а во тек на летните месеци имавме и  промотивна цена од само 1000 денари. Според оперативната достапност на услугата присутни сме во Струмица, Прилеп, Кавадарци, Велес, Кочани. Располагаме со сериозен возен парк од 4 санитетски возила и 7 леки коли со кои услугата е доближена кон место на живеење.

Од ваша менаџерска гледна точка, што е најбитното кога водите вака специфичен „бизнис“ како што е лабораторија, на што особено инсистирате и го пренесувате како вредност кон сите вработени?

Квалитетната комуникација претставува основа за професионалност, колегијалност, со почитување на постулатите на етички кодекс коишто дефинираат квалитетен работен процес,  од кого што  крајниот корисник на услугата, т.е. пациентот е задоволен. Максималната лична вложеност во секојдневна комуникација со вработените преку идеи, предлози, размена на искуство, како и решавање и надминување на тековни состојби придонесува  за стабилна работна средина и ефикасна продуктивност. Колективот е составен од доста млади колеги, некои и со прво вработување,  а целта ни е да имаат сигурност, стабилност и иднината да ја планираат во државата, како би биле пример на следните генерации. Колегите со поголемо искуство се пример за останатите, имаат одговорности во однос на планирања за тековни активности, а секако организациски и структурно поставени во хиерархиска вертикала. Континуираноста на процесите, посветеноста, лојалноста се темелите врз кои растеме и се развиваме и стремиме кон подобра и подостапна услуга за нашите корисници – пациенти кога е најпотребно.

Колкав е билансот на услуги што успеавте да ги реализирате за една година – број на ковид тестови, друг вид на крвни анализи и сл.?

Услугата која ја обезбедуваме за граѓаните се должи на нашето големо семејство од 120 вработени кои секојдневно максимално професионално се вклучени за квалитетно достапна услуга. Во тек на летните месеци работевме 24/7, а од есента сме лабораторија која има најголем временска рамка за земање на материјал, теренски екипи во градот, но и на територија на цела држава. Во тешки услови на живеење со светската криза на пандемија Ковид-19, максимално сме посветени кон потребите на граѓаните, а тоа и самите бројки на услуги, приеми, број на корисници на нашите услуги ни е најдобриот подарок за првиот роденден.

Во делот на биохемиските анализи Никоб Лаб располага  со најсовремена биохемиска лабораториска опрема којашто има можност за 800 анализи на час и широка палета на реагенси за лабораториска дијагностика во однос на комплетни биохемиски, имунолошки и серолошки испитувања. 

 За само 1 година сме оствариле повеќе од 520 000 услуги, лидери сме  во однос на Ковид-19 тестирања со вкупно 287 780, од кои ПЦР 134 908 и брзи антигенски 152 872 тестови. Горди сме на довербата од  213 569 пациенти и 298 186 приеми во биохемиска и молекуларна дијагностика на Никоб Лаб.

Никоб лаб стана позната во пошироката јавност по тоа што прва понуди поевтини тестови за ковид. Токму високата цена  на приватните тестови  откако почна пандемијата беше причина за огорченост кај јавноста, со наративот дека приватните лаборатории спечалија огромни профити среде здравствена и економска криза. Дали според вас можеше некое поизбалансирано решение да се најде, државата да субвенционира целосно или делумно тестови во сите приватни лаборатории и сл.?

Согласно состојбата во државата,  пред се’ поради Ковид -19 пандемијата, здравствената и  економската криза,  во нашата стратегија и пристап во однос на ценовната политика на пазарот за здравствени услуги,  конкретно за лабораториска услуга Ковид-19 тестирање, пристапивме со доста поразлична цена од сите останати, пред се’ заради  можноста за достапна и квалитетна услуга кога е најпотребно. Истиот пристап и стратегија го имаме и за сите останати услуги, бидејќи целта  ни е во системот да постоиме и да бидеме можност за корисникот на услугите, т.е. пациентот кога е најпотребно. Во животот можноста е важна посебно кога се работи за болест, подобро здравје или квалитетен  живот.

Во таа насока сведоци сме на широк дијапазон на цени на ист вид на услуги во различни установи. Разбирливо е таа појава да создава тензија и разочараност кај корисникот на услугите, а креаторите на националната политика во вонредна состојба и во кризна состојба имаат овластувања на сите правни субјекти во државата преку мерки, препораки и укажувања.

Дали Никоб Лаб има склучено договор со ФЗОМ за покривање на дел од крвните анализи како што имаат некои од другите приватни лаборатории?

Во тек на месец мај очекуваме да комплетно се завршат административните процедури со ФЗОМ и Министерство за здравство, со што официјално Никоб Лаб ќе биде дел од мрежата за упатување на корисници на услуга – пациенти за биохемиски анализи преку матичен лекар и специјалист од различна област. На овој начин услугата ја правиме да биде уште подостапна за граѓаните, имајќи упат тие не мора да доаѓаат, бидејќи располагаме со голем број на мобилни екипи за земање на материјал во ординации, домашни услови или работна средина. Воедно корисниците на услугите, односно пациентите со нашите резултати добиваат стручно мислење од лекар специјалист по медицинска биохемија, а за детската популација од педијатар – субспецијалист пулмоалерголог.

Какви се плановите за понатамошен раст и развој на Никоб Лаб?

Никоб Лаб е лабораторија која ги следи потребите на граѓаните и заедниците и согласно тоа ги планира активностите. Во претстојните месеци работиме на проширување на дејноста на лабораторијата во дел на микробиологија со паразитологија и со тоа ја заокружуваме комплетната лабораториска дијагностика. Постојано работиме на промоции со различни видови на анализи со цел граѓаните да имаат можност за проверка или следење на постоечки состојби а и во насока на подигање на свеста за превенција која е клучна за јавното здравје.

економија16 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија1 ден ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал