Connect with us

економија

ЕБОР и Шпаркасе банка Македонија со нова кредитна линија за мали и средни бизниси

објавено

на

Кредит од 23 милиони евра за Шпаркасе банка Македонија за кредитирање на локалните микро, мали и средни претпријатија, од коишто 30% ќе бидат наменети за енергетска ефикасност.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поддржува зелената економија во Северна Македонија со кредит од 23 милиони евра за Шпаркасе банка Македонија (ШБМ) закредитирање на локалните микро, мали и средни претпријатија (ММСП).

Со овој кредит ШБМ ќе ги финансира ММСП, фокусирајќи се на регионалните и руралните претпријатија. Трисесет отсто од кредитната линија ќе се искористат за инвестиции кои може да им помогнат на малите бизниси во подобрување на нивната енергетска ефикасност, или истите да генерираат и да преминат на обновлива енергија.

ММСП претставуваат повеќе од 90 отсто од сите претпријатија во Северна Македонија, и се клучен двигател не само за економскиот раст, туку и за транзицијата кон зелена енергија. Со овозможување на пристап до финансии, се овозможува транзицијата и растот.

Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија, изјави: ,,Ни претставува големо задоволство, што заедно со нашиот долгорочен партнер Шпаркасе банка Македонија, можеме да обезбедиме дополнителна поддршка на МСП и да инвестираме во конкурентноста на нивните бизниси, како и мерките кои ќе ја подобрат енергетската ефикасност и ќе ги намалат емисиите на јаглероден диоксид. Зајакнување на секторот на МСП и инвестициите во зелената економија се дел од нашите клучни приоритети во Северна Македонија, а ова ново финансирање ќе ни помогне да ги постигнеме и двете цели.”

Санел Кустурица, Претседател на Управниот одбор на ШБС, истакна: „Денес, Шпаркасе банка АД Скопје уште повеќе го зајакна долгогодишното партнерство со ЕБРД, потпишувајќи договор за долгорочно финансирање во износ од 23 милиони евра. Со оваа кредитна линија, ШБС ќе ја зајакне поддршката на микро, мали и средни претпријатија во финансирањето на одржливи проекти и инвестиции поврзани со обновлива енергија. Остануваме со силна поддршка на македонската економија и заедно со нашите клиенти, посветени сме на надминување и максимално намалување на негативните ефекти од енергетската криза“.

Шпаркасе банка Македонија е универзална комерцијална банка, четврта по големина во Северна Македонија, со 11,4 отсто пазарен удел по основ на вкупните средства. Согласно критериумите на Народна банка на Северна Македонија, ШБМ се смета дека е систематски важна банка на домашниот пазар.

ЕБОР е една од водечките институции, инвеститори во Северна Македонија. До денес има инвестирано над 2,5 милијарди евра во 165 проекти од различни сектори на економијата.

Комерцијален ПР текст

македонија7 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија10 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје