Connect with us

банки

ЕБОР одобри 9 милиони евра за поддршка на млади претприемачи и „зелени“ инвестиции, кредитите ќе се одобруваат преку ПроКредит Банка

објавено

на

Два милиони евра кредит се од Програмата за поддршка на млади во бизнисот со поддршка од Шведска, Италија и Луксембург, додека седум милиони евра се од Програмата за зелено финансирање на ЕБОР, наменети за инвестиции во обновлива енергија од страна на малите и средни претпријатија.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка.

ЕБОР одобри 2 милиони ЕУР од Програмата Млади во бизнис (МвБ), која е за прв пат застапена во Северна Македонија, а со неа ќе се поддржат локалните микро, мали и средни претпријатија (ММСП), кои се во сопственост или управувани од претприемачи под 35 години.

Церемонијата за потпишување на договорот со ПроКредит банка од Програмата Млади во бизнис, се одржа во рамки на настанот организиран од ЕБОР, каде беше промовирано претприемништвото кај младите, а каде учество земаа Народната банка на Република Северна Македонија, претставници од Владата, комерцијални банки, младински организации, стартапи и акцелератори.

Неодамна лансираната Програма за Млади во бизнис, наменета за шесте економии на Западен Балкан, е креирана за младите претприемачи, кои имаат ограничен пристап до финансирањето и советодавните услуги. Во наредниве пет години, Банката планира да додели до 100 милиони ЕУР во регионот, преку локалните партнерски банки, како и преку не-банкарските институции под Програмата за Советодавни услуги за мали бизниси .

Советодавната поддршка и гаранциите поврзани со Програмата МвБ се поддржани од Владите на Шведска, Италија и Луксембург. Средствата во износ од 7 милиони ЕУР од Програмата за зелено финасирање (Green Finance Facility – GFF) ќе се одобруваат на локалните мали и средни претпријатија (МСП). Покрај потребното кредитирање на домашните бизниси, ќе се доделуваат и грантови (до 10 отсто од износот на заемот) за поддршка на инвестициите во обновливи извори и енергетски ефикасни технологии.

Фондовите за техничка соработка под оваа програма ќе бидат наменети за  локалните банки кои се заинтересирани да финансираат и за локалните бизниси кои ќе имплементираат зелени проекти. Оваа комбинација на кредити и грантови е обезбедена од Заедничкиот фонд за одржливи и развојни цели и Владата на Северна Македонија под покровителство на Развојната Програма на Обединетите Нации. Програмата за зелено финансирање е заедничка иницијатива на ЕБОР, Развојната Програма на Обединетите Нации и Владата на Северна Македонија. Таа обезбедува пристап до достапно зелено финансирање за малите и средни претпријатија, како и пазарни, но до сега не покриени групи на поединци и домаќинства, кои сакаат да инвестираат во обновлива енергија и енергетски ефикасни решенија, придонесувајќи кон намалување на емисиите на стакленички гасови и загадување на воздухот.

Откако Северна Македонија се приклучи кон ЕБОР во 1993 година, Банката до сега има инвестирано над 2,6 милијарди ЕУР во 180 проекти, од кои скоро половина се во приватниот сектор. Приоритет на Банката за земјата е да поддржи конкурентност, зелена транзиција и понатамошна интеграција во регионалните и глобалните пазари.

македонија1 ден ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија5 дена ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија5 дена ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки6 дена ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија6 дена ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју1 недела ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија1 недела ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“

економија2 недели ago

Почна проектот „Бизнис лидер“ – нова, иновативна платформа за вмрежување на најдобрите од македонскиот деловен свет

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци