Connect with us

политика

Европа ќе застане цврсто на своите темели само ако цврсто одговори на оние кои ги уриваат

Битката за правда не се води преку компромиси

објавено

на

Анализирајќи ја поставеноста на европските сили во моментов, заклучокот е дека играта по линијата на помал отпор е и тоа како на подиумот. Земјите членки, особено оние кои важат за строго принципиелни и за гласни поддржувачи на европскиот столб на вредности остануваат и понатаму посветени во изнаоѓање на креативни решенија и излези низ задни врати.

Единствениот проблем е што после години и години на вакви компромиси со суштината на европските вредности, тие излези се’ повеќе се чини дека водат кон сериозна опасност и за самата идеја за тоа што ЕУ треба да значи и за поентата од нејзиното постоење

Многу е извесно дека Европската Унија ќе најде начин како да се справи со ветото што Полска и Унгарија го ставија на создавањето на фондот за обновување на ЕУ „Ковид-19“.
ФТ пишува (повикувајќи се на висок претставник на Европската комисија) дека Брисел бара начини како да се заобиколи оваа блокада и Буџетот да се донесе без „амин“ на двете земји. Изворот на ФТ тврди дека 25 земји – членки на ЕУ може да продолжат со формирање на планиран фонд за обновување на пандемијата од 750 милијарди евра следната година, кој ќе дејствува како „мост“ сè додека Унгарија и Полска не го сменат ветото над вкупниот пакет Буџет и обновување на Унијата од 1,8 милијарди евра.

Фактот дека Комисијата размислува за таква екстремна опција ја нагласува сериозноста на ќор-сокакот со Варшава и Будимпешта, за која владите стравуваат дека ќе го попречи закрепнувањето на ЕУ од пандемијата со замрзнување на милијарди евра помош за борбените економии.

Лидерите на ЕУ треба да се состанат во Брисел следната недела за да разговараат за буџетската криза откако Унгарија и Полска двојно се намалија во врска со нивните приговори за механизмот за владеење на правото, за кои велат дека се насочени кон нивните земји.

Дипломатите сè уште се надеваат дека источните метрополи можат да бидат убедени да ги отфрлат своите приговори и да ја фрлат својата тежина зад фондот за обновување и буџетот на ЕУ, договорен од лидерите во јули. Доколку не се најде решение во следните недели, фондот за обновување од 750 милијарди евра во Брисел нема да може да стапи во сила следната година и блокот ќе мора да се прибегне кон буџет за штедење во 2021 година.
„Се чини дека засега работите се во ќор-сокак“, вели еден дипломат од ЕУ во изјава за ФТ. „Ако нема договор со Полска и Унгарија на ниво на лидери следната недела, и работите не изгледаат како да се движат, другите 25 земји – членки ќе треба да разгледаат други опции. Никој не сака да оди по таа рута, но може да остане без избор ако Полска и Унгарија не се преселат “.

Премиерите на Унгарија и на Полска се чини дека се сосема комотни во улогата на европските „лоши момци“ – се’ додека битката на мнозинството земји членки е фокусирана на тоа да бараат компромис за позиции што задираат директно во еден од главните столбови на европската суштина нема простор за грижа – ниту Варшава. ниту Будимпешта нема да се потресат од „згрозеноста“ ниту кај европските лидери, ниту кај јавноста

Соочен со сегашната криза, очигледно е дека Брисел сега „истражува опции“ што ќе создадат фонд што „ги реплицира ефектите на оригиналниот пакет како што е дизајниран во моментот, оти „законски е можно“ 25-те влади на ЕУ да обезбедат грантови и заеми на земјите -членки учеснички, со исклучок на Унгарија и Полска. „Треба да го редизајнираме инженерството што стои зад ЕУ за следната генерација за 25-те земји – членки кои сакаат да одат напред“, рече официјалното лице. Оваа креативна опција би се засновала на законот на ЕУ и би се раководела од страна на Комисијата, наместо од меѓувладин договор помеѓу владите на ЕУ. 

Да потсетиме дека без договор овој месец, ЕУ ќе влезе во нова година без официјален буџет за прв пат во повеќе од 30 години. Тоа ќе резултира во загуба на десетици милијарди евра за политики како што се климатските промени, миграцијата и шемата за размена на студенти Еразмус.

Структурните фондови за најсиромашните земји на ЕУ – вклучувајќи ги Унгарија и Полска – исто така ќе бидат сериозно погодени од буџетот за штедење бидејќи Брисел нема да може да исплати кохезиони пари за нови проекти. Плаќањата од буџетот на ЕУ ќе паднат помеѓу 25 и 30 милијарди евра следната година без договор.

Многу неутрални во време на криза

Но, да се навратиме на почетокот на текстот – ова сценарио најверојатно нема да се случи и ќе се најде решение.
Ако се оди кон овој можен излез тоа значи дека двете земји конечно освен со јавна осуда ќе се соочат и со нешто што може вистински да ги заболи- да останат без пари.
Сепак, анализирајќи ја поставеноста на европските сили во моментов, заклучокот е дека играта по линијата на помал отпор е се’ уште на подиумот. Земјите членки, особено оние кои важат за строго принципиелни и за гласни поддржувачи на европскиот столб на вредности остануваат и понатаму посветени во изнаоѓање на креативни решенија и излези низ задни врати.
 Единствениот проблем е што после години и години на вакви компромиси со суштината на европските вредности, тие излези се’ повеќе се чини дека водат кон сериозна опасност и за самата идеја за тоа што ЕУ треба да значи и за поентата од нејзиното постоење. Премиерите на Полска и на Унгарија, Матеуш Моравиецки и Виктор Орбан пред некој ден уште еднаш повторија дека немаат намера да се поместат од тврдите позиции во врска со ветото.

Комесарката за вредности и транспарентност (а поранешна комесарка токму за правда) Вера Јурова вели дека „секој којшто избрал да живее во Европа мора да ги почитува нејзините базични вредности, меѓу кои секако е владеењето на правото. Но, не само тоа, туку и почитувањето на човековите права, борбата со дискриминацијата и нееднаквоста и загрозеноста на различните потиснати групи. Во текот на минатата недела ова уште еднаш дојде до израз кога повторно Будимпешта се најде во фокусот на двојните стандарди и политичкото лицемерие. 

Се разбира, тие се посветени на „барање на компромисно решение“ како што изјави министерот за надворешни работи на Полска на пример, Жбињев Рау, но тука прашањето е друго – како воопшто може да има оставен простор за компромис со тема како што е владеење на правото и дали не треба да креативноста да се троши кон смислување на некаков посоодветен одговор што ќе ги брани европските принципи.
Европската Унија преку проблемот со „непослушните членки“ се’ повеќе покажува дека има проблем самата со себе и со одговорот на прашањето до каде е подготвена да оди во битката за зачувување на сопствените темели.

Секако дека таа битка е потешка кога темелите ги урива некој од внатре, но токму тука ќе биде главниот предизвик на европската политика во периодот што претстои. 

Комесарката за вредности и транспарентност (а поранешна комесарка токму за правда) Вера Јурова вели дека „секој којшто избрал да живее во Европа мора да ги почитува нејзините базични вредности, меѓу кои секако е владеењето на правото. Но, не само тоа, туку и почитувањето на човековите права, борбата со дискриминацијата и нееднаквоста и загрозеноста на различните потиснати групи. Во текот на минатата недела ова уште еднаш дојде до израз кога повторно Будимпешта се најде во фокусот на двојните стандарди и политичкото лицемерие. 

Двојни стандарди и политичко лицемерие

Европратеникот Јозеф Сајер од редовите на конзервативната партија на Орбан поднесе оставка откако призна дека како што вели тој „бил на домашна забава“ во Брисел, прекршувајќи ги правилата на карантин и полициски час кој белгиската влада го воведе поради ковид-19. Не е прв пат политичар кој јавно сее омраза кон ЛГБТ заедницата и својата моќ ја користи за репресија на нивните права да биде откриен во геј релации, а не е ниту прв пат ниту демохристијанската идеологија да „занесе“ па некој деклариран конзервативец да си го промаши семејниот праг. Но, токму овие “маски” што кријат вистински лица и вистински и намери и дејствувања ја уништија смислата на идеологијата и чесната битка на ставови и принципи во Европа денес. 

Унгарија притоа е во фокусот и преку процесот на проширување, откако еврокомесарот Оливер Вархеи се најде на сериозни критики од реномираниот Политико дека неговата поставеност во спорот помеѓу Бугарија и Македонија, но и во однос на самата бугарска блокада е непринципиелен и е негов личен најлош момент во изминатата година. 

Европратеникот Јозеф Сајер од редовите на конзервативната партија на Орбан поднесе оставка откако призна дека како што вели тој „бил на домашна забава“ во Брисел, прекршувајќи ги правилата на карантин и полициски час кој белгиската влада го воведе поради ковид-19. Не е прв пат политичар кој јавно сее омраза кон ЛГБТ заедницата и својата моќ ја користи за репресија на нивните права да биде откриен во геј релации, а не е ниту прв пат ниту демохристијанската идеологија да „занесе“ па некој деклариран конзервативец да си го промаши семејниот праг. Но, токму овие “маски” што кријат вистински лица и вистински и намери и дејствувања ја уништија смислата на идеологијата и чесната битка на ставови и принципи во Европа денес. 

Политико цитира дипломати кои тврдат дека тој како комесар е преблаг кон небулозните бугарски позиции, а ако се има предвид неговата последна изјава во којашто тој крајно недипломатски, непрофесионално, па ако сакате и дрско побара од Македонија „да излезе во пресрет“ на позициите на Софија, дипломатите очигледно не се далеку од вистината.
Оваа изјава покрена лавина на реакции и критики во македонската јавност и помеѓу македонските аналитичари кои веќе ја ценат неговата улога во прашањето како повеќе штетна отколку корисна.

Но, ова веќе води до една друга блокада и едно друго прашање, односно до друга „непослушна“ земја членка и уште едно „лошо момче“, што од една страна само ја засилува потребата за Европа да се освести навреме и да најде соодветен одговор на било кое кршење на нејзините принципи, а од друга само дополнително ја зацврстува тезата дека тој одговор сигурно не смее да се движи во тонот на една ноншалантност собрана, на пример, во ставот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, кога таа како одговор на блокадата ги поучи Полска и Унгарија да побараат објаснување од Суд на правдата околу нивната позиција.



Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

банки8 часа ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија1 ден ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет4 дена ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија4 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион4 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија4 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија4 дена ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија4 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија4 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија1 недела ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

економија1 недела ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија4 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија4 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

економија4 дена ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

македонија4 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

регион4 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

свет4 дена ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?

банки4 дена ago

Дигитализација: До каде се македонските банки? Процесот е започнат и нема назад