Connect with us

македонија

Европската Комисија и Меѓународната организација на трудот со здружени сили за поддршка на младите

објавено

на

Воспоставен е нов инструмент за техничка помош на ЕК/МОТ во насока на вработување на младите од земјите од Западен Балкан.

Европската комисија (ЕК) и Меѓународната организација на трудот (МОТ) ги здружија силите за поддршка на институциите одговорни за политиката за вработување на младите во земјите од Западен Балкан во воведувањето на Гаранцијата за млади (ГМ). Европската тренинг фондација (ЕТФ), исто така, е партнер во реализацијата на активностите. Инспирирана од слични шеми од земјите членки на ЕУ, Гаранцијата за млади претставува заложба за поддршка на сите млади до 30 години, кои не се вработени, во образование или обука (т.н „NEETs“ или НВОО). Оваа заложба им овозможува на младите право да добијат квалитетна понуда за вработување, обука, практикантство или континуирано образование во рок од четири месеци откако ќе го напуштат образованието или ќе останат без работа. Поддршката на ЕК/МОТ вклучува адаптирање на гаранцијата за млади во земјите од Западен Балкан, преку политики, поддршка во програмирањето и следењето, напредна обука и меѓусебно учење од колегите во земјите од Западен Балкан и ЕУ.

Овој инструмент за техничка поддршка (ИТП) на ЕК/МОТ произлезе од втората министерска средба ЕУ-Западен Балкан за вработување и социјални прашања која се одржа на 8 јули, и на која министрите и претставниците одговорни за вработување ја усвоија следната Декларација за обезбедување одржлива интеграција на младите на пазарот на трудот.  Декларацијата го препознава диспропорционалното негативно влијание од пандемијата на КОВИД-19 врз положбата на младите на пазарот на трудот и утврдува заложба за постепено спроведување на гаранциите за млади во регионот. Декларацијата е инспирирана од Препораката на Советот на ЕУ од 30 октомври 2020 година за „Мост кон вработување – Зајакнување на гаранцијата за млади.

Младите го носат товарот на сериозните економски последици од пандемијата на КОВИД-19. На глобално ниво, вработеноста на младите се намали за 8.7% во 2020 година, во споредба со 3.7% кај возрасните. Анализата на бројот млади луѓе што не се вработени, во образование или обука (NEET) дава слика за целокупната ранливост на младите лица од економската состојба. Со едноставни зборови, ако стапката на вработеност оди надолу, мора да се зголемува стапката на лица што не се вработени, во образование или обука (NEET) или стапката на учество во образование (или и двете). Јасно е дека намалување на вработувањата кое се надоместува со зголемување во образованието, во принцип, е попожелно од зголемување на стапката на лицата што не се вработени, во образование или на обука (NEETs). Меѓутоа, во земјите од Западен Балкан, губењето работни места и зголемувањето на неактивноста генерално не се надоместува со враќање во образование. На пример, во Црна Гора, четворица од пет млади луѓе кои го загубиле своето работно место станале неактивни, а не невработени, но, не се вратиле во образование. Стапката на лицата што не се вработени, во образование или обука (NEET) во економиите од земјите од Западен Балкан во 2020 година остана на нивото како пред кризата, иако во одредени случаи беше забележан пад од највисоката вредност во вториот квартал од 2020 година благодарение на мерките што беа спроведени. Во Србија, еден од петмина млади припаѓа на категоријата NEET, но бројката може да биде еден на тројца во другите делови од регионот.

МОТ ги повика владите да делуваат за да се спречи краткорочниот излез на младите од пазарот на трудот за да не се претвори во долгорочно исклучување на една генерација млади луѓе. Спроведувањето на гаранцијата за млади би можело да помогне да се избегнат долгорочните “лузни“, т.е. зголемување на веројатноста да се случува зголемување на случаите на губење на работни мета или неактивност, пониски плати и помала шанса младите да добијат добра и квалитетна работа.

МОТ е специјализирана техничка агенција што ги предводи активностите на системот на ОН за вработување и светот на работата. Ова партнерство со Европската Комисија за поддршка за воспоставување на гаранцијата за млади во земјите од Западен Балкан се заснова на претходната Заедничка акција на ЕК/МОТ за Гаранцијата за млади насочена кон земјите членки од јужна Европа. Придонесува кон постигнување на целите дефинирани во Економскиот и инвестициски план на ЕК за Западен Балкан (ЕИП) од октомври 2020 година. ЕИП промовира долгорочното економско опоравување, зелена и дигитална транзиција, регионална интеграција и управување со Европската Унија; Вклучува водечка иницијатива за Гаранцијата за млади, во насока да се понудат подобри перспективи за младите и да се намали одливот на мозоци.

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка