Connect with us

свет

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

објавено

на

Социјалната мрежа Х во сопственост на Илон Маск се наведува како најголем извор на дезинформации, додека Европската унија ги повикува платформите од Силиконската долина да ја засилат својата будност во борбата против руската „војна со дезинформации“.

Социјалната мрежа Х во сопственост на Илон Маск се наведува како најголем извор на дезинформации, додека Европската унија ги повикува платформите од Силиконската долина да ја засилат својата будност во борбата против руската „војна со дезинформации“. Потпретседателката на Европската комисија Вера Јоурова рече дека платформите мора да делуваат пред националните и европските избори следната година.

„Ова е оружје за масовна манипулација вредно неколку милиони евра, насочено и кон Русите и кон Европејците и остатокот од светот“,  рече Јоурова денеска и истовремено нагласи дека големите платформи мора да го решат овој ризик, особено затоа што мора да се очекува дека Кремљ ќе биде исклучително активен во пресрет на европските избори.

Европската унија објави извештаи за тоа како секоја од големите технолошки компании, вклучувајќи ги Мета, Алфабет и БајтДенс, се справува во борбата против дезинформациите.

Повеќето главни платформи се согласија да работат со Европската унија на доброволен кодекс на однесување, чија цел е да ги постави секторските стандарди за проверка на факти и други мерки. Блокот, исто така, спроведе пилот проект за проценка на обемот на проблемот.

„Икс, односно поранешниот Твитер, е платформата со најголем сооднос на лажни или дезинформациски објави. Откриено е дека корисници кои шират дезинформации имаат повеќе следбеници од оние кои не дезинформираат , а само од неодамна се приклучија на платформата“,  објасни Јоурова, истакнувајќи неколку чекори што платформите ги презеле во борбата против руското влијание.

Google затвори повеќе од 500 канали вклучени во операциите на руското влијание во првите четири месеци од оваа година, а Мета ги прошири партнерствата за проверка на факти на 22 јазици на Европската унија. Исто така, минатиот месец стапи на сила Законот за дигитални услуги.

„Бидејќи Твитер е означен како многу голема интернет платформа, секако дека има и обврски пропишани со строг закон. Така што, мојата порака до Твитер е дека мора да се придржуваат до строгите закони бидејќи ние ги следиме што прават“, рече Јоурова.

Потпретседателката на Европската комисија рече и дека приливот на руски дезинформации е особено актуелен во Словачка, каде што оваа недела се одржуваат избори.

„Словачка беше избрана за земја каде што има плодна почва за успех на руските провоени наративи“,  рече таа, додавајќи дека Фејсбук и Гугл презеле одредени чекори за да ги зголемат своите напори во оваа земја.

економија1 ден ago

Конференцијата на ПроКредит Банка и ЕБОР „Круг на нови можности“ за поддршка на младите претприемачи и жените во бизнисот

македонија2 дена ago

Живко Мукаетов прогласен за премиум партнер на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Црвен крст

економија3 дена ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

економија1 недела ago

Преку примери претставени еколошките и одржливите стандарди на комплексот „Гранд Скопје“ на Конференцијата за комерцијални недвижности

македонија1 недела ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија1 недела ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија1 недела ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија1 недела ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија1 недела ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија1 недела ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион1 недела ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија1 недела ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија1 недела ago

Зелена иднина за секое дете

регион1 недела ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија1 недела ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија1 недела ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

економија1 недела ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија1 недела ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија1 недела ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

свет1 недела ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%