Connect with us

економија

Европскиот бизнис модел темелен на евтина руска енергија е готов

Транзицијата почнува

објавено

на

Загриженоста околу глобалната рецесија и потенцијално новите ограничувања поради ковид во Кина ги надминаа по интензитет упорните проблеми на страната на понудата. Изгледите за глобална рецесија за којашто се очекува дека ќе ѝ наштети на побарувачката за енергија и понатаму доминираат со пазарното расположение, но истовремено пазарот и понатаму е нервозен поради плановите на западните земји да ги ограничат цените на руската нафта, а претседателот Путин предупредува дека понатамошните санкции би довеле до „катастрофални“ последици на глобалниот енергетски пазар.

Зад нас е уште една волатилна седмица на стоковите берзи. Почетокот на неделата беше продолжение на претходната, така што доминираше речиси панична распродажба на скоро сите стоки, од коишто голем број паднаа и под ценовните нивоа од пред почетокот на војната во Украина, а се’ во контекст на стравот од рецесија. Згора на се’, рестриктивната монетарна политика на централните банки, како и стравот од нов локдаун во Кина и поврзаниот со тоа пад на побарувачката, ги натера инвеститорите да ја намалат својата изложеност на берзите и да го земат профитот додека можат.

Цената на нафтата падна на 100 долари за барел, а доларот речиси се изедначи со еврото. Меѓутоа, откако таргетираните нивоа за техничка корекција беа достигнати, крајот на неделата донесе пресврт, па цените на сите стоки значително пораснаа, а трендот продолжи и во понеделникот утрото. (овој текст е подготвуван во понеделник попладне, н.з.) Силната меѓународна побарувачка за земјоделски стоки го надмина стравот од рецесија и цените на сојата, пченката и пченицата пораснаа, како и на енергијата. Геополитичката ситуација и понатаму е непроменета, и како таква исто така е фактор што влијае на движењето на цените на стоките.

Пазарот на акции и американскиот индекс S&P500 имаа најлошо полугодие уште од 1970-те наваму, а индексот Dow Jones уште од 1962. Стравот од рецесија го стори своето, но оваа рецесија ако до неа дојде нема да биде како во 2008-та, предизвикана од финансиска криза. Во САД потенцијалната рецесија можеби би била повеќе рецесија на синџирите на набавка, затоа што нивната економија во моментов е прилично силна. Освен тоа, САД би можеле да го укинат данокот на 10 милијарди долари вредна кинеска стока, воведен уште во време на Трамп, што би помогнало да се ублажи инфлацијата и да се поттикне економската активност во Кина. Се чини како win-win ако притоа се занемари трговскиот дефицит помеѓу двете земји – што претходно беше и повод за воведување на царините на увоз на поедини стоки.

БРИК земјите градат алтернативна економија

Во Европа ситуацијата ќе биде малку поинаква, за жал понеповолна. Бизнис моделот на Европа (читај: Германија) што се темелеше последниве неколку децении на евтина руска енергија е завршен, и пред нас е трнлив, а веројатно  и долготраен пат на транзиција.

Од одлуките на Федералните резерви неделава, за понатамошно покачување на каматните стапки и борба против инфлацијата, ќе зависи и понатамошното движење на цените на сите берзански стоки, но и на движењето на глобалната економија. Пазарот очекуваше (овој текст на Капитал е испратен во печатница пред одлуките на ФЕД, н.з.) ново зголемување на каматните стапки за 75 bps , по кумулативното зголемување за 150 bps од март до сега.

Еврото додатно загуби вредност спрема доларот, и достигна најниско ниво во 20 години, поради загриженоста дека енергетската криза може да ја доведе еврозоната во длабока рецесија, ставајќи ја Европската централна банка (ЕЦБ) помеѓу чеканот и наковалната, додека се обидува да ја заузди инфлацијата и да го ублажи забавувањето на економијата. Пазарот ги намали очекувањата за зголемувањата на каматите на ЕЦБ годинава за 30 bps на 135 bps во последниве неколку недели затоа што инфлацијата достигна нов рекорд од 8,6%, а цените на гасот и понатаму се високи. Се очекува ЕЦБ да ги подигне основните каматните стапки за 25 bps подоцна месецов, што е прво зголемување во повеќе од 11 години.

Кина продолжува да работи со другите БРИК нации на создавање алтернативна економија пред можниот потез за повторно спојување на Тајван со остатокот од Кина. Кон крајот на јуни на состанокот на земјите на БРИК, чијшто домаќин беше кинескиот претседател Си Џинпинг, а на којшто беа и Владимир Путин, како и челниците на Бразил и Индија, се одржаа расправи за тоа како би можеле овие земји да соработуваат за да ги задоволат своите потреби за храна и енергија. Тие земји сега преоѓаат на систем на користење на кинескиот јуан за плаќање на стоките, наместо американскиот долар којшто служи како глобална валута. Земјите исто така градат алтернативни системи за да го заобиколат SWIFT банкарскиот систем што Западот го искористи за да ја санкционира Русија кога ја нападна Украина. Индија штотуку плати за контингент на кинески јаглен со јуани, а купува и руска нафта со јуани, зголемувајќи ја побарувачката за кинеската валута, а намалувајќи ја за долари.

Колку е во моментов ситуацијата замрсена можеби најдобро говори примерот каде што американската Citibank проценува дека нафтата ќе падне на ниво од 65 долари за барел, додека ЏПМорган пак вели дека во најлошо сценарио нафтата може да достигне и 380 долари за барел. Дијаметрално сосема спротивен поглед на движењето на цените. Фјучрсите за нафта моментално се движат околу нивото од 105 долари.

Кина работи со Русија, Индија, Бразил и другите БРИК нации на создавање алтернативна економија.

Каде ја згрешивме со енергијата?

Загриженоста околу глобалната рецесија и потенцијално новите ограничувања поради ковид во Кина ги надминаа по интензитет упорните проблеми на страната на понудата. Изгледите за глобална рецесија за којашто се очекува дека ќе ѝ наштети на побарувачката за енергија и понатаму доминираат со пазарното расположение, но истовремено пазарот и понатаму е нервозен поради плановите на западните земји да ги ограничат цените на руската нафта, а претседателот Путин предупредува дека понатамошните санкции би довеле до „катастрофални“ последици на глобалниот енергетски пазар.

Претседателот Џо Бајден, исто така, требаше  да ја посети Саудиска Арабија оваа недела, поради напорите да се скротат високите цени на енергијата што ја оптоваруваат економијата. Денешните цени на нафтата се релативно блиску до историскиот рекорд постигнат во 2008 година, кога цената на нафтата достигна ниво од 148,5 долари/барел. Меѓутоа, доколку таа цена се приспособи на инфлацијата, тогаш тоа би било ниво од 200 долари/барел, па во тој контекст излегува дека цената на нафтата е се’ уште “ниска“. Всушност, акцентот цело време се става на побарувачката што ја диктира цената. Сепак, малку се прави за да се зголеми понудата.

Пропагандата на зелената политика и пред – пандемискиот  период на ниски цени резултираа со мали инвестиции во нафтената индустрија, односно во зголемување на капацитетите, а последиците сега ги чувствуваме. Дури и да падне цената на нафтата поради рецесијата и падот на побарувачката, за година-две кога ќе закрепне побарувачката, повторно ќе го имаме истиот проблем – понудата која нема да може да ја следи побарувачката. Во овој контекст, долгорочно гледано, иако краткорочно болно, глобалната економија најмногу би имала корист од останувањето/растот на високите цени на нафтата доволно долго за инвеститорите да започнат инвестициски циклус во зголемување на капацитетот, кој потоа ќе може да доведе до пад на цените.

Цените на природниот гас во Европа растат, со TFF термински  договори од околу 170 евра/MWh, иако цените донекаде паднаа. Рускиот гасовод Северен тек 1, најголемата гасна рута до ЕУ, е  затворен поради сезонско одржување од 11 до 21 јули, со што ќе се намали испораката на гас од Русија во ЕУ (Германија). Во исто време, потрошувачката на енергија е зголемена во многу делови на Европа поради екстремните горештини. ЕУ има за цел да ги пополни нивоата на складиштата  пред зимата, кога побарувачката се зголемува, но постои загриженост дека испораките на гас нема да се вратат на сегашните нивоа по одолговлекување на сервисирањето. Сето тоа не се одразува само на цените на самото место, туку и на цените за 2023 година, па дури и за 2024 година, кои растат.

Лошите временски услови додатно ја комплицираат кризата со храна

Кај земјоделските стоки, од фундаментална гледна точка, ситуацијата е далеку од идеална. Недостигот на врнежи во Западна Европа е причина за загриженост кога се гледа есенската жетва и приносите. Проекциите на синоптичарите велат дека претстојат топлотни бранови и топли и сушни периоди. Состојбата на посевите дополнително е влошена, и во САД и во Европа.

Проценетата  жетва на пченица во ЕУ е на ниво од 125  милиони тони (3,4 отсто помалку од лани). Во Аргентина, сушата ги принуди локалните аналитичари да ја намалат проценката на засадената површина со пченица за 100.000 хектари, на вкупно 6,2 милиони хектари (наспроти 6,7 милиони хектари минатата сезона). Сеидбата е завршена на 85 отсто од површините досега.

Во исто време, жетвата на пченка беше проценета на 49 милиони тони (наспроти 52,2 милиони тони минатата година). Досега жетвата на пченка е завршена на 53 отсто од површините. Подобро не е времето ниту во Бразил, каде оваа недела се очекува претежно суво и топло време, освен јужниот дел на земјата кој ќе го зафатат обилни дождови.

Во Украина очекувано помал род од лани, додека Русија очекува рекордна жетва. Меѓутоа, кога се зборува за Русија, прашање е колку стоки всушност ќе можат да се извезат поради логистичките предизвици и санкциите. Генерално, фундаментите  сугерираат дека глобалната понуда ќе се намали. Конечните биланси на ЕУ велат дека во сезоната 2021/22, ЕУ извезла 27,47 милиони тони пченица (наспроти 25,71 милиони тони претходната сезона). Извозот на јачмен бил  6,97 милиони тони (наспроти 7,42 милиони тони). Увозот на пченка е 16,37 милиони тони (наспроти 15,22 милиони тони).

Цените на бакарот на берзите паднаа на ниво од 3,44 долари/фунта, што е петти последователен неделен пад. Рецесијата и стравот од ново локдаун во Кина се главните фактори на пазарот. На страната на понудата, производството на бакар во големиот рудник Лас Бамбас во Перу се врати на нормално ниво по двомесечниот прекин поради протести. Цената на алуминиумот, исто така, падна, на нивоа околу 2.400 долари/тон, што е најниско за повеќе од една година, поради послабата побарувачка и растот на производството.

економија15 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија23 часа ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија1 недела ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство