свет
Европските берзи во зелено денеска, откако стивна стравот околу омикрон

И акциите на азиско – пацифичките берзи пораснаа денеска, закрепнувајќи од падовите минатата недела. Фјучрсите на американските акции утрово во примаркет тргувањето исто така навестуваат уште еден одличен ден, продолжувајќи го позитивниот тренд од вчера, понеделник.
Европските берзи се во зелено денеска, откако инвеститорите реагираа позитивно во врска со новиот развој на настаните околу омикрон варијантата на ковид вирусот.
Пан-европскиот индекс Stoxx600 додаде 1,9% претпладнево по почетокот на тргувањето, со пораст на технолошките акции за 3,9%, коишто беа предводници на порастот. Но, сите сектори и поголеми берзи во Европа го почнаа денот со цврста позитива.
Овој залет денеска следи по импулсот што се случи вчера, откако сите глобални пазари реагираа позитивно, по охрабрувачките вести во врска со сериозноста на омикрон варијантата.
Медицинскиот советник на Белата Куќа, Др. Антони Фаучи, во неделата изјави дека првичните податоци околу омикрон се „охрабрувачки“, иако остана претпазлив и рече дека се’ уште се потребни повеќе податоци за да се разбере целосно новата мутација на вирусот.
А акциите на азиско – пацифичките берзи пораснаа денеска, закрепнувајќи од падовите минатата недела. Фјучрсите на американските акции утрово во примаркет тргувањето исто така навестуваат уште еден одличен ден, продолжувајќи го позитивниот тренд од вчера, понеделник.
Во меѓувреме, инвеститорите исто така ја анализираат веројатноста американските Федерални резерви да ја прекинат лабавата монетарна политика предизвикана од пандемијата и да ги качат каматните стапки порано од очекуваното.