Connect with us

економија

Европските ќе поделат рекордни дивиденди, колку ќе вратат домашните банки на акционерите?

Покачените камати им донесоа историски највисоки профити

објавено

на

Трите најголеми банки во Македонија, Комерцијална, Стопанска банка – Скопје и НЛБ Банка остварија заедно 167 милиони евра нето добивка во 2023 година. Комерцијална веќе најави предлог дивиденда од 819 денари нето по акција, највисока досега, од НЛБ се чека да го сруши рекордниот износ од лани на исплатената дивиденда, додека Стопанска – Скопје одлучи да не дели дивиденда и годинава. Банките ширум Европа исто така бележат рекордни профити поради покачените каматни стапки изминатиот период од две години како што централните банки ја затегнуваа монетарната политика борејќи се против инфлацијата,  и на пат се да вратат повеќе од 120 милијарди евра на акционерите

Деновиве хит вест во финансиските кругови во земјава е најавената исплата на дивиденда од страна на Комерцијална банка, која ќе биде во историски највисок износ, односно од 910 денари бруто по акција, или 819 денари нето. Според моменталната пазарна цена на акцијата на оваа банка на Македонската берза од околу 17,300 денари, тоа е околу 4,7%, што во услови на ниски каматни стапки за штедење и не е така лош принос за акционерите, но и оние што допрва би сакале да поседуваат акции од Комерцијална, за да ќарат од привлечната дивиденда.

Предлогот за исплата на дивиденда што треба акционерското собрание на Комерцијална банка да го усвои на 27 март годинава, доаѓа по одличните финансиски резултати за 2023, односно, рекордната добивка пред оданочување од 63,5 милиони евра, поголема за 69,3% во однос на претходната година. Нето добивката изнесува 58,2 милиони евра, или 66,6% повеќе.

Токму затоа и интересот за оваа акција интензивно расте деновиве, иако акцијата и последниве неколку месеци бележи значителен раст. Па, така, од појавувањето на веста за исплатата на дивиденда пред една недела, акцијата порасна за 5,5%, а само во последниов месец цената е порасната за преку 13%. Во последниве шест месеци, пак,  акцијата на Комерцијална скокнала со цената за дури 40%.

Предлогот за исплата на дивиденда што треба акционерското собрание на банката да го усвои на 27 март годинава, доаѓа по одличните финансиски резултати за 2023, односно, рекордната добивка пред оданочување од 63,5 милиони евра, поголема за 69,3% во однос на претходната година. Нето добивката изнесува 58,2 милиони евра, или 66,6% повеќе.

Позитивниот резултат од работењето Комерцијална  го остварила во услови на зголемена неизвесност поврзана со случувањата на меѓународните финансиски пазари на почетокот од годината, се вели во коментарот на резултатите од 2023 доставен до Македонска берза. Истакнати се особено случувањата во банкарските системи во САД и Швајцарија, зголемените геополитички ризици надополнети со новата криза помеѓу Израел и Хамас и континуираното затегнување на монетарната политика во трите квартали од 2023 година кое резултираше со очекувано забавување на инфлацијата кон крајот на годината, но истата и натаму се задржа на ниво од 9,4% просечно годишно, што е значително над поставениот таргет од околу 2%.

„Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 41,4% поголема во однос на минатата година. Зголемувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од зголемените приходи од редовно работење, односно од нето-приходите од камати кои бележат значително зголемување што се должи на порастот на основната каматна стапка на Народната банка и на каматните стапки на странските финансиски пазари, во комбинација со структурата на активата на Банката.“, коментираат од Комерцијална.

Инаку, за исплата на дивиденда наменети се вкупно да се исплатат 33,7 милиони евра, и тоа на сите акционери коишто се регистрирани во акционерската книга на Комерцијална на 11.04.2024, со што последен ден на тргување со акциите со право на дивиденда за 2023 година, е 08.04.2023.

Ќе поделат ли и НЛБ и Стопанска – Скопје дивиденда?

До моментот на затворање на овој текст (утрото 28.2) немаше сѐ уште официјална информација за исплата на дивиденда од страна на НЛБ Банка, којашто лани, почнувајќи од 30.06.2023, исплаќаше рекордна дивиденда на своите акционери, односно 2.188 денари по акција, што според тогашната цена на акцијата на Македонската берза, значеше принос од 7,5%.

Рекордни добивки во 2023 година остварија и останатите две банки во Македонија од „големата тројка“. НЛБ Банка имаше нето добивка од 52,3 милиони евра, што е за 32% повеќе од 2022 година. Банката оствари вкупни приходи од над 100 милион евра, додека приходите од камати изнесуваат 64,6 милиони евра. До моментот на затворање на овој текст (утрото 28.2) немаше сѐ уште официјална информација за исплата на дивиденда од страна на НЛБ Банка, којашто лани, почнувајќи од 30.06.2023, исплаќаше рекордна дивиденда на своите акционери, односно 2.188 денари по акција, што според тогашната цена на акцијата на Македонската берза, значеше принос од 7,5%. Во 2023 година, предлог одлуката за определување на износот на дивидендата на НЛБ Банка била донесена на 28 април, па веројатно и годинава акционерите може да очекуваат добри вести нешто подоцна од оние на Комерцијална банка.

Како и да е, компанијата мајка на НЛБ Скопје, НЛБ Групацијата со седиште во Љубљана, веќе објави деновиве рекордна добивка за 2023 година во износ од 550 милиони евра, што е речиси за 25% повеќе до однос на 2022-та. Сето ова е причина групацијата да донесе одлука за значително зголемување на висината на дивидендата, која ќе биде во износ од 40% од добивката од претходната година. Тоа значи 220 милиони евра, што е вкупно 11 евра по акција, односно 100% повеќе во однос на претходната година. Акцијата на НЛБ Банка АД Скопје, во моментов се тргува на Берзата за околу 35,000 денари, и само за еден месец е порасната за околу 17%, додека во последниве шест месеци порастот е 25%. Акцијата на НЛБ Групацијата, пак, на Љубљанската берза само за еден месец е порасната за околу 20%, и моментално се тргува за околу 20 евра, додека за шест месеци растот изнесува 32%.

Стопанска банка АД Скопје, како и Комерцијална и НЛБ Банка, лани има најдобри историски резултати, што значи 56,4 милиони евра нето добивка, поголема за 46% во однос на 2022. На седницата на Собранието на акционери што ќе се одржи на 28 март годинава, Стопанска банка Скопје треба да донесе одлука за прераспределба на дел од акумулираната добивка во добивка ограничена за распределба на акционерите. Станува збор за сума од 2,46 милијарди денари или 40 милиони евра.

Стопанска банка предлага до акционерското собрание акумулираните добивки од претходни години, во износ од 40 милиони евра да се прераспределат во акумулирана добивка која нема да биде расположлива за исплата на дивиденда на акционерите во иднина (ограничена за распределба на акционерите). Наведеното е во согласност со одредбите на Одлуката за методологијатa за утврдување на адекватност на капиталот, објаснуваат од банката.

„Со приложената Одлука се предлага акумулираните добивки од претходни години, во износ од 2.460.000.000 денари да се прераспределат во акумулирана добивка која нема да биде расположлива за исплата на дивиденда на акционерите во иднина (ограничена за распределба на акционерите). Наведеното е во согласност со одредбите на Одлуката за методологијатa за утврдување на адекватност на капиталот“, се вели во објавата. Ова, како што објаснуваат од банката во одлуката, е со цел да обезбеди коефициентот на адекватност на капитал да биде усогласен со регулативните барања пропишани од страна на Народна Банка. 

Доминантен акционер на Стопанска банка Скопје е Националната банка на Грција, која располага со 94,64 отсто од вкупно издадените обични акции на банката. Исто така, 1.244 физички лица од земјава поседуваат 3,46 отсто од акциите, а исто така и 115 компании односно домашни правни лица, имаат вкупно 1,81 процент од акциите на банката.

Европските банки ќе поделат 120 милијарди евра дивиденда

Банките ширум Европа исто така бележат рекордни профити поради покачените каматни стапки изминатиот период од две години како што централните банки ја затегнуваа монетарната политика борејќи се против инфлацијата,  и на пат се да вратат повеќе од 120 милијарди евра на акционерите, пишува Financial Times. Шефовите на европските банки се под притисок да ги зголемат своите проценки и да ги вратат инвеститорите кои се плашеа од даноците на доход во последните години.

Најголемите европски банки ветија 74 милијарди евра дивиденди и 47 милијарди евра откуп на акции, според наодите на швајцарската банка UBS, што е зголемување за 54 отсто во споредба со претходните години. Откупот беше најголемиот извор на раст во изминатите три години, за време на кои европските банки ги користеа своите профити, поттикнати од брзото зголемување на каматните стапки, за да ги откупат акциите по намалени цени.

Инвеститорите, пак, внимателно ги дочекаа капиталните поврати.  

„На банките им треба висок и одржлив принос“, изјави за Financial Times Антонио Роман, портфолио-менаџер на фондот Axiom European Banks Equity и додаде дека иако приносите се високи, се поставува прашањето за одржливост.

Повратот на капиталот е остар пресврт од периодот од пред четири години, кога Европската централна банка им нареди на банките да ги замрзнат дивидендите и да откупат акции на почетокот на пандемијата, што го наруши угледот на банкарскиот сектор меѓу меѓународните инвеститори.

Италијанскиот банкарски гигант UniCredit вети дека ќе им исплати на акционерите 8,6 милијарди евра, додека британскиот Barclays вети дека ќе врати 10 милијарди фунти во следните три години. Исто така, британскиот Standard Chartered соопшти дека во истиот период ќе им врати на акционерите пет милијарди долари.

Големи ветувања

Сепак, во последните две години, европските банки зграпчија 100 милијарди евра непредвидени добивки благодарение на нето-приходите од камати. Затоа, на пример, италијанскиот банкарски гигант UniCredit вети дека ќе им исплати на акционерите 8,6 милијарди евра, додека британскиот Barclays вети дека ќе врати 10 милијарди фунти во следните три години. Исто така, британскиот Standard Chartered соопшти дека во истиот период ќе им врати на акционерите пет милијарди долари.

Но, аналитичарите предупредија дека нивото на поврат на акционерите ќе почне да се намалува веќе следната година, бидејќи централните банки најавија дека ќе ги намалат каматните стапки до крајот на годината, принудувајќи ги банките да бараат други извори на приход.

Банките значително го зголемија повратот на капиталот кај акционерите, но тоа нема да оди подалеку од тоа. Во иднина, регулаторите нема да одобруваат многу поповолна распределба на парите на инвеститорите, смета  аналитичарот на JPMorgan, Мислав Матејка.

Европските регулатори беа порелаксирани во врска со откупувањето на акциите во изминатите неколку години, бидејќи банките изградија силни нивоа на капитал, но многумина сметаат дека не им е баш пријатно поради висината на поврат кон акционерите,  којашто ги надмина бројките на годишни профити на банките.

Швајцарскиот UBS, исто така, овој месец соопшти дека ќе ја зголеми својата дивиденда за 27 отсто на 70 центи по акција и ќе откупи  до 1 милијарда долари во акции до крајот на оваа календарска година.

„Во текот на изминатите неколку години, европскиот банкарски сектор драматично ја подобри својата профитабилност, го намали ризикот и го врати својот капитал на ниво што далеку ги надминува регулаторните барања“,  изјави Ларс Форберг, партнер во Cevian Capital, за FT, додавајќи дека секторот сепак во глобала  сè уште се гледа дека е полош отколку што бил, а не подобар како што многумина сугерираат.

Независно од ова , шпанската банка  Santander и германската Deutsche Bank најавија зголемен принос за акционерите, додека италијанската државна банка Monte di Paschi di Siena објави дека ќе исплати дивиденда оваа година за прв пат по 13 години.

банки22 часа ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет1 ден ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет1 ден ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании1 ден ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион1 ден ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија1 ден ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

македонија1 ден ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

економија1 ден ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

економија1 ден ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет1 ден ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

економија1 ден ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет1 ден ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион1 ден ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

свет1 ден ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

економија1 ден ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

технологии / компании1 ден ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

македонија1 ден ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

македонија1 ден ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

банки4 дена ago

Управната зграда на УНИБанка во Скопје сама ќе произведува струја од фотоволтаична централа