македонија
Европски квиз на пари по петти пат за македонските ученици

Тимот од најдобрите двајца ученици ќе ја претставува Македонија на европското финале коешто ќе се одржи на 16 мај 2023 година во Брисел.
Македонската банкарска асоцијација по петти пат го организира натпреварот “Европски квиз на пари”, којшто е проект на Европската банкарска федерација (https://www.ebf.eu/europeanmoneyquiz/ ) за финансиска едукација на ученициод тринаесет до петнаесет години.
Натпреварот се реализира во соработка со Народна банка на РСМ и Комисија за хартии од вредност на РСМ.
Во прилог и на следниот линк https://mba.mk/w/mk/najava/javen-povik-do-osnovnite-i-do-srednite-uchilishta-vo-republika-severna-makedonija-za-evropski-kviz-na-pari-2023/ е е Јавниот повик до основните и до средните училишта во нашата земја за учество на квизот, кој се одвива во две фази – национален натпревар и европско финале.