економија
Едиз Пилов, раководител на сектор Оператива, КФЦ Македонија: Со КФЦ Деливери сега сме поблиску до сите љубители на крцкавиот вкус

Kentucky Fried Chicken – KFC (КФЦ) меѓународниот ланец на ресторани е присутен во земјава повеќе од две години. Во март месец годинава почнаа со сопствен канал на достава, при што со помош на специјалната онлајн платформа delivery.kfc-mk.com која е лесна и интуитивна за користење, им се овозможува на сите клиенти да го разгледаат менито, да го одберат омилениот оброк и да нарачаат. По тој повод разговараме со г-дин Едиз Пилов, раководител на сектор Оператива во КФЦ, околу плановите и очекувањата на компанијата во врска со оваа услуга и нејзината визија за понатамошен развој на македонскиот пазар.
-Г. Пилов, штотуку лансиравте нов канал, КФЦ деливери, за директна испорака на вашите производи до потрошувачите. Кој беше мотивот за лансирање на оваа услуга?
Динамичниот, современ и брз живот полн со предизвици и потребата од брзо решение за квалитетен оброк беа доволни причини за да го лансираме сопствениот канал на испорака на нашите производи до потрошувачите. Ние како глобален бренд имаме корпоративна култура и филозофија фокусирана кон потрошувачот. За таа цел, главниот фокус ни е да постигнеме достапност на нашите специјалитети во сите делови на Скопје и Тетово, па дури и во населбите каде се’ уште немаме ресторани, а имаме голем број на љубители на нашиот бренд.
Имајќи ги предвид и актуелните состојби со пандемијата кои наметнаа нови трендови во целиот малопродажен бизнис, целта е да се обезбеди најлесен и најбрз начин за испорака за нашите производи до клиентите, запазувајќи го главниот императив – врвен квалитет на храната, по глобални стандарди за хигиена, и целосна контрола на процесот, од нашата кујна до вашата адреса.
Со тоа КФЦ во моментов е достапен на секој канал согласно светските трендови и преференциите на македонските потрошувачи: Dine In, Take Away, Drive Thru и Delivery.

-Која е главната предност на КФЦ Деливери пред другите платформи за достава?
Во однос на ова прашање КФЦ никогаш не се споредува, туку само промовира и имплементира најсовремени алатки кои само ја потврдуваат професионалната услуга за своите клиенти. Во тој контекст, за оваа намена изработивме специјална онлајн платформа delivery.kfc-mk.com која е лесна и интуитивна за користење, и им овозможува на нашите клиенти да го разгледаат менито, да го одберат омилениот оброк и да нарачаат.
Една од главните конкурентни предности што би можеле да ја истакнеме е бесплатната достава на ниво на Скопје и Тетово, во сите населби. Дополнително, беа направени детални анализи и при формирањето на минималната сума за нарачка која е пониска во споредба со другите ресторани и деливери провајдери на пазарот и изнесува 300 денари.
Тоа што е особено важно за одржливост и квалитет, е тоа што со лансирањето на каналот за достава, компанијата креираше посебна диспечерска служба која ги помина сите обуки на највисоко оперативно ниво и заедно со службата за достава ја создаваат целината која го гарантира навременото доставување на побараните производи.
Исто така, обезбедивме нови возила и специјално обучен кадар со единствена цел да се запази квалитетот на целиот процес. Бидејќи стандардите на работење на КФЦ се високо професионални, не дозволуваме никаква импровизација, па затоа преку регионалните менаџери на дневно ниво вршиме контрола на времето за достава преку системите за следење на секоја нарачка.
Јас лично сум задоволен од досегашниот начин на функционирање на овој систем, бидејќи вложив многу личен капацитет, професионално искуство и знаење, а досегашните резултати се поголеми од очекуваното. Моите крајни заложби се овој систем на достава постојано да се развива и да ги следи најсовремените трендови, а ние како компанија да го оправдаме епитетот „Лидери на пазарот“.

-Кое е просечното време на достава и како го постигнувате?
КФЦ Македонија како дел од глобалната мрежа на ресторани ги следи стандардите и нормите кои се воспоставени, и во таа насока дефинираното времетраење на периодот од нарачување до крајна достава е во просек 30 минути.
Патната инфраструктура, периодите на „шпиц“ во сообраќајот и други објективни причини се предизвикот со кој службата за достава се соочува на дневно ниво. Но, и покрај тоа јас како раководител на секторот за оператива изразувам задоволство и сум горд на тимот и на севкупните напори кои се прават во насока на почитување на дефинираното времетраење на оваа услуга.
Дополнително, во план е и зголемување на капацитетите и ширење на тимот на ниво на целиот сектор со цел одржување на нивото на квалитет и брзината.
-Кои се стандардите кои ги запазува брендот за храната секогаш да пристигне свежа и вкусна и како се грижите за безбедноста на храната, особено во сегашните услови на пандемија?
Оперативните стандарди во контекст на квалитетот на храна се императив на нашето работење, и се едни од најпознатите стандарди во индустријата на подготовка на храна. Тоа подразбира: контролирана температура на секое парче месо; исполнување на познатиот Golden Chicken Standard за мекост, крцкавост, вкус, мирис и изглед. Овие стандарди се контролираат на дневно ниво од страна на нашите менаџерски тимови.
Безбедноста на храната е највисокиот приоритет во процесот на подготовка и доставување на храната. Имено, во нашата компанија се пропишани и се применуваат најригорозни критериуми и стандарди кои се однесуваат на овој сегмент. Целиот процес, почнувајќи од строго контролирана набавка од сертифицирани производители, транспорт, чување па со до подготовка на пилешкото, се спроведува од тим којшто поминал специјализирана обука не само во Македонија, туку и во странство. Можам да се пофалам дека сме лидери кога станува збор за санитарни стандарди и лична хигиена и имаме нула толеранција кон нечистотија.
Ние сме горди и транспарентни за се што се случува зад “главната сцена” и сакаме тоа да го знае секој наш гостин. Па така, изминатата година, за првпат во нашата земја, преку едукативната кампања КФЦ Македонија на целата јавност ѝ овозможи прошетка низ својата кујна што донесе свежина во угостителската индустрија, за која често се појавуваат шпекулации во однос на хигиената, квалитетот на состојките и стандардите на работа.

-Кој е најголемиот предизвик во индустријата во којашто работите?
Најголем предизвик во индустријата е градење на лојални клиенти, особено бидејќи станува збор за импулсивен избор на храна и секој од нас сака варијација. Тоа е и главната причина што КФЦ и на светско ниво, а и кај нас инвестира во развој на нови производи, нови вкусови и сл., коишто ќе ги задоволат гурманските апетити на клиентите.
Иако на нашиот пазар постои голема понуда во овој сегмент, тоа што секој наш клиент може да го потврди е бескомпромисниот квалитет. Кога станува збор за крцкави пилешки специјалитети, нашата мајсторија е нешто што никој не може да го замени.
Дополнителен предизвик е постојаното следење на трендовите, брзината на промени и флексибилноста што ја бара пазарот во денешно време, како и одржување на нивото на задоволство на консументите. Потоа секако е важно да се одржи нивото на квалитет и секако цените на производите да бидат прифатливи за нашите консументи. Да се биде дел од франшиза бара почитување на многу процедури кои гарантираат квалитет, но истовремено и се предизвик во одржувањето на пристапна цена и профитабилен бизнис.

-Кој производ од палетата на КФЦ е фаворит на потрошувачите?
Тука нема дилема, најголем хит се кофичките, препознатливиот симбол на КФЦ брендот глобално, кои на наше големо задоволство се’ повеќе ги гледаме насекаде во градот.

–Кои се идните планови на брендот врзани за македонскиот пазар?
Нашата цел на среден и долг рок е ширење на нашата мрежа на ресторани низ Скопје, но и надвор од главниот град, со цел да дојдеме поблиску до сите фанови на КФЦ во државата. И секако, лансирање нови вкусови и специјалитети за сите гурмани.