Connect with us

менаџмент / маркетинг

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

Кој ќе господари со економијата на ниската земјина орбита

објавено

на

Првиот комерцијален лет до Меѓународната вселенска станица (ISS), кој неодамна однесе во вселената астронаути и научници од земји кои можеа само да сонуваат за вакви потфати, многу светски медиуми го означија како почеток на нова ера. Пред ISS конечно да се пензионира во 2030 година, некаде високо на небото, во ниската орбита на Земјата, популарно наречена LEO (Low Earth Orbite), треба да никнат приватни вселенски станици – затоа што така одлучија вселенските сили. Милијардерите се подготвени да го зграпчат својот дел од економијата во LEO.

На крајот на деценијава, по повеќе од четвртина век во орбитата, американската вселенска агенција NASA планира да ја демонтира Меѓународната вселенска станица (ISS) со цел да се фокусира на истражување на длабоката вселена, повторни летови до Месечината, но и патувања до Марс. Првите модули на ISS беа ставени во орбитата во 1998 година, означувајќи го почетокот на најголемата меѓународна соработка во историјата на вселенското истражување. На надморска височина од приближно 420 километри, ISS орбитира околу Земјата за приближно 90 минути. Оваа грдосија тешка 400 тони и 70 метри долга, наскоро ќе биде домаќин на последните астронаути и научници, бидејќи годината на неговото демонтирање, односно демонтирање е сѐ поблиску.

Кога тоа конечно ќе се случи, ниската орбита на Земјата (LEO) станува следната граница за комерцијални вселенски потфати, кои ќе имаат поддршка од самата NASA, која рече дека ќе поддржува приватни програми со грантови кои ветуваат дека ќе поттикнат златна треска на научни истражувања,  но и туризам.

Том Шели, претседател на Space Adventures, компанија која испраќа цивили на ISS уште од 2021 година, вели дека за пет до 10 години ќе има најмалку две приватни вселенски станици во ниската орбита на Земјата. И навистина има кандидати кои би можеле тоа да го испорачаат.

Астронаути во Хилтон апартмани

Крипто-претприемачот Џед Мекејлеб го основаше стартапот Vast Space, кој, како што вели, сака да биде прв на лансирната рампа. Веќе во 2025 година, компанијата планира да го испрати модулот Haven-1 во орбитата со помош на SpaceX на Маск, односно ракетата Falcon 9. Планот е да ја постави капсулата SpaceX Dragon на другата ракета на Falcon 9, која VastSpace исто така ќе ја ангажира за оваа пригода, и со тоа второ летало да се закачат за Haven – 1 и да  ги истоварат првите четворица туристички астронаути кои, како што планираат, би останале во модулот неколку дена.

Haven-1 ќе биде со скромна големина од три на десет метри, но Vast најавува и многу поголема, односно подолга „мулти-модуларна ротирачка вселенска станица со вештачка гравитација“, која треба да биде долга и до сто метри. Ова го потврдува и извршниот директор на компанијата Макс Хаот, кој додава дека целта на Vast е „да го реши проблемот со вештачката гравитација и да овозможи научната фантастика да стане реалност“. Vast Space не е единствената компанија која се полакоми по „вселенските“ пари. Покрај стартапите, тука се  и етаблираните воздухопловни, но и воени компании кои исто така се обидуваат да лансираат свои станици во ниската орбита на Земјата. Добар пример е американската мултинационална компанија за вселенска и одбранбена технологија Northrop Grumman, каде велат дека ќе почнат да ја градат станицата веќе во 2027 година. Во првата фаза треба да биде домаќин на четворица астронаути. Тука е и Voyager Space,  со седиште во Колорадо, кој ги здружува силите со Airbus Defence за да ја развие, изгради и управува вселенската станица Starlab. Апартманите за астронаутите на неа ќе бидат дизајнирани од хотелите Хилтон. Се фалат со тоа, но проценете сами дали таму навистина се потребни брендирани станови.

Корпорацијата Northrop Grumman, американска мултинационална компанија за вселенска и одбранбена технологија, објави дека во 2027 година ќе започне со изградба на вселенска станица која би можела да биде домаќин на четири астронаути

Повеќе авантуристи одошто туристи

Списокот на компании не застанува тука. Многу амбициозната Sierra Space, исто така со седиште во Колорадо, соработува со Blue Origin на Џеф Безос, Boeing и специјалистите за инфраструктура Redwire за заеднички да лансираат „деловен вселенски парк со мешовита намена“ наречен Orbital Reef, кој се надеваат дека ќе го имаат до 2027 година. Во него е планирано да има хотел, ресторан и лаборатории за тестирање на производи во микрогравитација.

Досега, најдалеку отиде Axiom Space, испраќајќи го својот трет цивилен екипаж на ISS во средината на јануари оваа година. Мисијата наречена Ax-3 беше лансирана на 18 јануари со ракетата Falcon 9 на Space X и капсулата Dragon 18. Екипажот го вклучува командантот на мисијата Ax-3 и поранешен астронаут на NASA Мајкл Лопез-Алегрија, пилотот Валтер Виладеи од италијанските воздухопловни сили, првиот турски астронаут Алпер Гезеравџи и членот на резервната посада на астронаути на  Европската вселенска агенција (ESA) Маркус Ванд од Шведска. Исто така, покрај веќе транспортирањето на цивили во вселената, Axiom Space соработува со SpaceX, со кого планира да постави станица веќе во 2026 година.

Сите овие нови вселенски станици и компании се чини дека повеќе се наклонети кон туристички летови во вселената. Па зошто туристи да се бројат само во лето кога астронаутите може да се бројат цела година?

Сепак, како што нагласуваат во NASA, туризмот секогаш ќе биде спореден во однос на мисиите спонзорирани од владите.

„Вселенската станица е во орбитата сите 365 дена во годината, така што операторите мора да го најдат најдобриот деловен модел“, вели претседателот на Space Adventures, Шели,  нагласувајќи дека „некои оператори не се грижат за приватни лица, додека пак, други,  се многу заинтересирани за нив“.

Vast Space е во другиот кампус, вели директорот Хаот, иако изразот „вселенски турист“ го лути.

„Тоа се приватни лица кои се вистински авантуристи, повеќе заинтересирани за понатамошно човечко разбирање на универзумот отколку за одење во хотел во орбитата“, вели тој.

Меѓутоа, во реалноста ќе бидат луѓе со екстра пари кои ќе уживаат во пиење мартини во вселенски хотел гледајќи ги Земјаните одозгора, како и обично.

Axiom Space планира да ја постави својата вселенска станица во 2026 година. Компанијата е во центарот на вниманието од јануари годинава кога ја испрати мисијата Ax-3 на Меѓународната вселенска станица во која се, на фотосот од лево, командантот Мајкл Лопез- Алегрија, поранешен астронаут на NASA, ветеран кој има шпанско и американско државјанство; пилотот Валтер Виладеи, италијански воен офицер;  првиот турски астронаут во историјата,  Алпер Гезеравџи, како и Швеѓанецот Маркус Ванд –  членот на резервната посада на астронаути на  Европската вселенска агенција (ESA);  

Првата вселенска станица на Axiom Space во 2026

Како што споменавме, Axiom Space неодамна по трет пат испрати цивили во ISS. Таа компанија, основана во 2016 година, е одговорна и за првиот цивилен лет до Меѓународната вселенска станица во април 2021 година. Нејзиниот втор лет (Ax-2) до ISS ја заврши осумдневната мисија кон крајот на мај со спуштање и безбедно враќање на капсулата SpaceX Crew Dragon и четиричлениот екипаж. Во јануари 2020 година, на Axiom ѝ беше доделен договор од NASA за изградба на првиот комерцијално произведен модул за ISS. Компанијата најавува дека нивниот прв модел ќе биде изграден и лансиран во 2026 година. Првата компонента на станицата на Axiom ќе се поврзе со предниот приклучок  на модулот Harmony на ISS и ќе служи како отскочна штица  за преостанатите делови  од архитектурата на вселенската станица. Axiom планира да го поврзе вториот модул во 2027 година, а третиот една година подоцна. На крајот, термоелектричниот модул, планиран за некаде пред 2030 година, ќе и овозможи на вселенската станица на Axiom да се одвои од Меѓународната вселенска станица и да стане слободно летачка, комерцијално управувана дестинација во ниската орбита на Земјата.

Компанијата вели дека овие први три мисии се само основата за идните програми на Axiom бидејќи сакаат нивната станица да им обезбеди максимална вредност на патниците кога ќе дојде време. Една од главните цели на првичните мисии со екипаж на ISS е да се одреди каква ќе биде таа вредност, додаваат тие. Првите мисии, исто така, помагаат да се постават темелите за идните програми за обука на екипажот на Axiom. Компанијата добива насоки директно од NASA за тоа како да ја изгради вселенската станица.

„Работиме со NASA за да се погрижиме да ги исполниме сите барања на Меѓународната вселенска станица, за да можеме во иднина да ги составуваме нашите модули според нив. Затоа можеме да бидеме сигурни дека ја дизајнираме нашата вселенска станица така што ќе биде компатибилна со денешните стандарди“, велат од компанијата.

Други опции за вселенските ентузијасти

Axiom не е единствената компанија заинтересирана за економијата поврзана со LEO. Речиси две години откако NASA го избра Axiom да го приклучи својот модул за вселенска станица на ISS, вселенската агенција потпиша договори за развој со уште три компании што веќе ги спомнавме: Blue Origin, Nanoracks и Northrop Grumman.

Иако вселенскиот туризам е сè уште во зародиш и многумина ќе чекаат долго време за да завршат во вселенска станица или хотел, постојат и други опции за вселенските ентузијасти. Ова се, се разбира, суборбиталните вселенски летови кои ги нудат компаниите како што се Virgin Galactic на Ричард Бренсон или компанијата Blue Origin на Безос. Ваквите летови не стигнуваат до орбитата на Земјата, обично траат неколку минути и им овозможуваат на патниците да имаат кратко искуство со летање во вселената. Цената секако е вистинска ситница, околу 250 илјади долари. Па, кој сака… Сепак, можеби е добро да размислите за ризиците пред вакви летови. Како што вели Феликс Баумгартнер, човекот кој скокна од работ на вселената, „нема шанси да седнам во таа ракета“. На прашањето зошто, тој вели дека туристите на вакви летови не носат вселенски одела и дека наглото губење на притисокот во кабината ќе ги потепа  сите во авионот за помалку од една минута. Кога тоа ќе го каже лик кој скокнал од 39.045 метри, можеби треба да го слушаме и да чекаме побезбедни и подобри времиња.

Се чека Lunar Gateway – нова станица околу Месечината, за патувања до Марс

Веројатно најочекуваната вселенска станица во иднина е Lunar Gateway, која пристигнува како дел од мисијата Artemis, чија цел е да ги врати луѓето на површината на Месечината по 52 години. Со Artemis главно управува NASA, но на неа ќе работат и неколку други вселенски агенции, како што се Европската вселенска агенција (ESA), Јапонската агенција за истражување на вселената (JAXA) и Канадската вселенска агенција (CSA). „Лунарната порта“ ќе орбитира околу Месечината и ќе служи како почетна точка за роботско и човечко истражување на лунарниот јужен пол и за транспортниот концепт на NASA за превоз до Марс, Deep Space. Вселенската станица која ќе може да прими екипаж од четири астронаути, се планира да биде лансирана во ноември оваа година.

банки1 ден ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет2 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет2 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании2 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион2 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија2 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

македонија2 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

економија2 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

економија2 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет2 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

економија2 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет2 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион2 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

свет2 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

македонија2 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

економија2 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

технологии / компании2 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

менаџмент / маркетинг2 дена ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

македонија2 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

банки4 дена ago

Управната зграда на УНИБанка во Скопје сама ќе произведува струја од фотоволтаична централа