економија
Една компанија троши во просек 154 часа годишно на бирократски процедури, но имало и бетер од нас
Пресметан индексот на бирократија во Македонија
објавено
на
автор:
Игор Петровски
Претпријатијата во С. Македонија се соочуваат со најмалку бирократија меѓу земјите за кои се пресметува Индексот на бирократија. На пример, компанија во Словачка троши 240 часа годишно, во Италија, 312 часа, а во Шпанија дури 370 часа. Македонските компании најмногу време, 64 часа годишно, трошат на усогласеност во делот на работни односи, што опфаќа обврски за пресметка на плата и администрацијата околу вработувањето.
По повод Меѓународниот ден за борба против бирократијата, деновиве за првпат јавно беше претставена методологијата за пресметка на Индексот на бирократија во Македонија. Пресметката на индексот на бирократија е дел од проектот „Кон намалување на бирократскиот товар“, чија главна цел e да се измери бирократскиот товар врз компаниите, и да се предложат мерки и реформи за намалување на истиот. Кратки, брзи, и праведни административни постапки и барања се основа на поволно деловно опкружувањето кое дава услови за основање и брз раст на претпријатијата. На настанот експерти, претставници на организацијата, бизнис секторот и Владата дадоа личен осврт на темата и корисни препораки за креаторите на политиките.

Пред присутните, Никица Мојсоска-Блажевски, главен извршен директор на Македонија 2025 го презентираше концептот и важноста на проектот „Кон намалување на бирократскиот товар“, вклучително и на Индексот на бирократија.
„Претпријатијата се основна клетка на економијата, а државата и државната регулација треба да и дадат ‘кислород’ и потребни услови самостојно да се развива, наместо да ја гушат и ограничуваат. Тековниот проект е насочен кон идентификација и предлог за елиминирање на регулацијата и надворешните услови кои го ограничуваат и спречуваат развојот на клетката односно македонските претпријатија.“, рече Мојсовска – Блажески.
Индексот утврди дека едно претпријатие во земјава троши 154 часа годишно, и поминува низ 45 процедури и чекори за да биде целосно усогласено со домашното законодавство. Притоа, претпријатијата во Македонија се соочуваат со најмалку бирократија меѓу земјите за кои се пресметува Индексот, што е во согласност и со наодите на Doing Business извештајот.
На пример, претпријатие во Словачка троши 240 часа годишно, во Италија, 312 часа, а во Шпанија дури 370 часа.

Мојсовска – Блажевски изрази благодарност што преку партнерството со Цивика мобилитас и ИНЕСС Словачка ќе придонесат кон подобрување на бизнис климата со конкретен план за намалување на бирократскиот товар, во соработка со бизнис секторот и државните институции.
„Со овој проект, Македонија 2025 ги продолжува и засилува своите активности и програми за унапредување на конкурентноста и растот на македонските компании.“, нагласи Мојсовска – Блажевски.
Фатмир Битиќи, пак, заменик премиер задолжен за економски прашања, економски ресори и инвестиции истакна дека само со инклузивен процес, во кој ќе бидат вклучени сите чинители во економското живеење, стопанските комори, синдикатите, академската заедница, меѓународните партнери, граѓанските организации, преку процес на консултации и дискусии, како влада ќе работат на унапредување на законската регулатива, со која ќе се упростат и олеснат бирократските процедури.
„Веќе е поставен планот за мапирање на сите законски постапки низ кои граѓаните и стопанството ги остваруваат своите права и обврски кон државата, како и законските рокови за постапување од страна на државните органи или институции. Создавањето на овој единствен регистар ќе има повеќекратни придобивки: ќе укаже на предолги или непотребни бирократски чекори и рокови,ќе создаде услови за поголема транспарентност и отчетност на државните службеници кои се во служба на граѓаните, ќе се зголеми ефективноста и ефикасноста во постапувањето, голем дел од постапките ќе се дигитализираат, а можеби најважно, ова ќе биде моќна алатка за сузбивање на корупцијата“, потенцираше Битиќи.
Македонија според пресметките излегува лидер меѓу земјите кои го пресметуваат Индексот. Но, има доста простор за натамошно подобрување, на пример, унапредување на системот на е – даноци, вклучително и на ИТ систем (решавање на преоптовареност), подобрување на квалитетот на податоци во ФПИОМ, управување со отпад, статистички извештаи итн. Компаративно сме најслаби во категоријата за промени на законска регулатива, што е поврзано со чести измени на закони, кус период за прилагодување за компаниите и недоволно консултации пред носење на измените.
Најмногу време се троши на усогласеност во делот на работни односи
За методологијата, структурата и областите на Индексот, подетално објасни Сашо Клековски, аналитичар и стручен соработник, кој ги презентираше резултатите и предизвиците при истражувањето, со првични препораки и насоки за намалување на бирократскиот товар.
Индексот на бирократија е пресметан врз база на однапред утврдена методологија, во соработка со експерти од различни области и анкети спроведени со претпријатија. Индексот е поделен во 4 категории: работни односи; оперативно работење; категорија друго (водење на архива, регистрација на пост-терминал итн.) и трошоци/обврски поврзани со промена на законска регулатива.
„Македонските претпријатија најмногу време, 64 часа годишно, трошат на усогласеност во делот на работни односи, што опфаќа обврски за пресметка на плата и администрацијата околу вработувањето. Навистина сме лидери во позитивна смисла меѓу земјите кои го пресметуваат Индексот. Но, има доста простор за натамошно подобрување, на пример, унапредување на системот на е – даноци, вклучително и на ИТ систем (решавање на преоптовареност), подобрување на квалитетот на податоци во ФПИОМ, управување со отпад, статистички извештаи итн. Компаративно сме најслаби во категоријата за промени на законска регулатива, што е поврзано со чести измени на закони, кус период за прилагодување за компаниите и недоволно консултации пред носење на измените. Како дополнение, во иднина треба да очекуваме зголемување на бирократскиот товар и чести измени на закони кои ќе произлезат од процесот на пристапување кон ЕУ.“, објасни Клековски.
Овој индекс се пресметува за неколку земји-членки на ЕУ, како Словачка, Чешка, Италија, Шпанија и Литванија. Од следната година се очекува вклучување и на Србија и други земји од регионот.
Во следната фаза на проектот ќе бидат спроведени консултации со претставници на бизнисите и со државните институции, во насока на подготовка на конкретен план и предлози за намалување на бирократските процедури и трошоци за компаниите.
Инаку, Проектот „Кон намалување на бирократскиот товар“ е поддржан од Цивика мобилитас. Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU).
Прочитај Уште...



A1 со нова понуда: 30 GB мобилен интернет за нов постпејд договор

Годината почнала со поголем извоз за 15,4% и увоз за 5,3%

„Џонсон Мети“ во Македонија доби нов директор

Стојче Тасков: Нашата мисија е да обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации

Позајмени 700 милиони евра по најниска камата досега

Приходите на хотелските компании и до 90% помали во 2020

Џулијан Васало: Одблизу ја следиме борбата со корупцијата и криминалот: Бараме опипливи резултати!

Стравот од инфлација им пресуди на акциите

Македонската економија на среден и долг рок (6)

Милан Димитриевски: Ја почнавме новата инвестициска програма

Стојче Тасков: Нашата мисија е да обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации

Ѓорги Самарџиев: Создадовме иновативно решение за многу поедноставна конструкција на кровни градини

Џулијан Васало: Одблизу ја следиме борбата со корупцијата и криминалот: Бараме опипливи резултати!

Позајмени 700 милиони евра по најниска камата досега

Се менува регулативата: полесен пристап до државна помош за нови инвестиции

Милан Димитриевски: Ја почнавме новата инвестициска програма

Излегоа финансиските биланси: хотелските компании со приходи помали и за 90% лани

Приходите на хотелските компании и до 90% помали во 2020

Стив Кејс: Упорноста не е гаранција дека ќе успеете во нешто, но без неа, сигурно нема да успеете.
