Connect with us

економија

Една од само трите жени лауреати ја испитувала нееднаквоста на мажите и жените на пазарот за труд

Клаудија Голдин е нобеловка по економија за 2023

објавено

на

Книгата на Голдин од 1990 година „Разбирање на родовиот јаз: економска историја на американските жени“ беше исклучително влијателно четиво кое ги испитуваше корените на јазот во платите меѓу жените и мажите. Таа, исто така, следеше студии за влијанието на апчињата за контрацепција врз кариерата на жените и како одлуките за бракот влијаат на кариерата. Покрај тоа, таа се занимаваше и со тоа како врз работата на жените влијае промената на презимето по бракот.

Американската економска историчарка Клаудија Голдин ја доби Нобеловата награда за економија за 2023 година за нејзината работа околу родовата нееднаквост во платите, објави Кралската шведска академија на науките.

Престижната награда, официјално позната како ‘Sveriges Riksbank Prize’ за економски науки во спомен на Алфред Нобел, е последна во серијата Нобелови награди оваа година и е во вредност од 11 милиони шведски круни или речиси милион долари.

Овогодинешниот лауреат за економски науки, Клаудија Голдин, го направи првиот сеопфатен извештај за заработката на жените и учеството на пазарот на труд во текот на вековите, објави телото за доделување на наградата.

Нејзиното истражување ги открива причините за промените, како и главните извори на преостанатиот јаз во платите меѓу половите. Голдин, која во 1990 година стана првата жена вработена на одделот за економија на Харвард, е само третата жена што ја добила Нобеловата награда за економија.

„Беше изненадена и многу, многу среќна“,  изјави Ханс Елегрен, генерален секретар на Кралската шведска академија на науките.

Јазот помеѓу платите нема наскоро да биде надминат

Наградата за економија не е една од оригиналните награди за наука, литература и мир создадени во тестаментот на пронаоѓачот на динамитот и бизнисмен Алфред Нобел, туку подоцнежна награда основана и финансирана од Шведската централна банка во 1968 година.

Книгата на Голдин од 1990 година „Разбирање на родовиот јаз: економска историја на американските жени“ беше исклучително влијателно четиво кое ги испитуваше корените на јазот во платите меѓу жените и мажите. Таа, исто така, следеше студии за влијанието на апчињата за контрацепција врз кариерата на жените и како одлуките за бракот влијаат на кариерата. Покрај тоа, таа се занимаваше и со тоа како врз работата на жените влијае промената на презимето по бракот.

„Откритијата на Клаудија Голдин имаат огромни социјални импликации. Конечно го разбираме проблемот и ако го наречеме со вистинското име, ќе можеме да отвориме подобар пат напред“,  рече Ранди Хјалмарсон, членка на одборот за Нобеловата награда за економија.

Иако е незаконско за работодавците да дискриминираат врз основа на пол во поголемиот дел од светот, жените сè уште се соочуваат со значителен јаз во платите во споредба со мажите. Во САД жените во просек заработувале 82 отсто од она што го заработиле мажите минатата година, според анализата на Истражувачкиот центар Пју. Од друга страна, во Европа во 2021 година жените заработувале во просек 13 отсто помалку на час од мажите, покажуваат податоците на Европската комисија.

Работата на Голдин покажа дека иако има напредок во затворањето на јазот во текот на изминатите децении, има малку докази дека тој целосно ќе престане наскоро. Таа го припиша јазот на фактори кои се движат од директна дискриминација до феномени како што е „алчна работа“, термин што таа  го дефинираше за работни места кои плаќаат несразмерно повеќе на час, кога некој работи подолго или има помала контрола врз тие часови, за што таа верува дека ефективно ги казнува жените кои треба да бараат флексибилност во својата работа.

Само трета жена лауреат

Наградата за економија не е една од оригиналните награди за наука, литература и мир создадени во тестаментот на пронаоѓачот на динамитот и бизнисмен Алфред Нобел, туку подоцнежна награда основана и финансирана од Шведската централна банка во 1968 година. Првата награда за економија беше доделена веќе следната година (1969 година), а меѓу минатите лауреати  има голем број влијателни мислители и академици како Фридрих Аугуст фон Хајек, Милтон Фридман и, неодамна, американскиот економист Пол Кругман.

Минатата година, трио американски економисти, вклучително и поранешниот претседател на Федералните резерви, Бен Бернанке, ја добија наградата за нивното истражување за тоа како регулирањето на банките и поддршката на пропаднатите кредитори со јавна готовина може да спречи подлабока економска криза, како Големата депресија од 1930-тите. Како и со другите Нобелови награди, огромното мнозинство на награди за економија им припадна на мажите. Само две жени претходно добиле Нобелова за економија – Елинор Остром во 2009 година и Естер Дуфло една деценија подоцна.

коментари3 дена ago

Со АмЧам на тема…Технолошката експанзија неминовно ја потенцира потребата од заштита на интелектуалната сопственост

македонија4 дена ago

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

македонија6 дена ago

Анализа на Инсајдер ИД и ЕБОР: Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија?

банки6 дена ago

ПроКредит Банка обезбеди дополнителни 60 милиони евра финансиска поддршка за македонските мали и средни претпријатија во соработка со ЕИФ

банки1 недела ago

Нова понуда на хипотекарен кредит од УНИБанка

економија1 недела ago

Брако ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен

банки3 недели ago

Годишниот Извештај за одржливост на ПроКредит Групацијата покажува значителен придонес врз општеството и животната средина

технологии / компании3 недели ago

Таман се навикнавме на четботовите, доаѓаат и AI агенти

регион3 недели ago

Букурешт, Загреб и Атина стануваат сѐ поголеми „чувари на податоци“ на светските технолошки компании

интервју3 недели ago

Марија Кукуноска: Безбедноста и заштитата се фундамент за успешен и одржлив бизнис во време на бројни ризици и кризи