Connect with us

регион

Едни од „виновниците“ се инженерите на Римац и Украинците

Кириите во Загреб и другите хрватски градови поскапуваат

објавено

на

Како причина за зголемена побарувачка во Загреб, покрај стандардното доаѓање на студентите, од агенциите за недвижности го наведуваат повторното префрлање на становите од долгорочен во краткорочен наем, големиот број инженери што Мате Римац ги доведе во Загреб, како и напливот од Украинци, но не само бегалци од војната, туку и вработени во компаниите од Украина што своите операции ги префрлија во хрватската метропола.

Растот на побарувачката со истовремен пад на понудата и се поизразената инфлација резултираа со нов пораст на цените на долгорочните изнајмувања во сите универзитетски градови во Хрватска. Според податоците на специјализираниот портал Њушкало, во Загреб, понудата на станови за изнајмување на тој портал е помала за цели 17 отсто, додека побарувачката за станови за кирија оваа есен пораснала за околу 10 отсто, пишува хрватски Лидер медиа. Ова резултирало со побрзо издавање на станови, па во просек сега се потребни девет дена помалку за изнајмување стан во Загреб во споредба со минатата есен.

„Поради недостиг од понуда, становите во Сплит ‘одат’ уште побрзо – за цели 16 дена помалку во споредба со минатата есен, додека во градовите како Осиек, Вараждин, Риека и Пула оваа година потребни се три до седум дена. помалку за да се изнајми огласен стан“, велат од Њушкало.

Побарувачката е голема, понудата е слаба

Како причина за зголемена побарувачка во Загреб, покрај стандардното доаѓање на студентите, од агенциите за недвижности го наведуваат повторното префрлање на становите од долгорочен во краткорочен наем, големиот број инженери што Мате Римац ги доведе во Загреб, како и напливот од Украинци, но не само бегалци од војната, туку и вработени во компаниите од Украина што своите операции ги префрлија во хрватската метропола.

„Побарувачката е многу поголема од понудата, поради што има големо зголемување на цените на киријата. Пред една година стан од 40 квадрати во нова зграда се изнајмуваше за 500 евра, а пред една недела го изнајмивме за 650 евра“,  велат од една загрепска агенција за недвижности.

Покрај причините претходно споменати,  кон  растот на побарувачката придонеле и дигиталните номади, велат познавачите на пазарот за Лидер медиа.

„Побарувачката е исклучително висока, а понудата е слаба, што секако резултира со пораст на цените. На пример, стан во центарот на Загреб, кој пред шест години се издаваше за 900 евра, денес постигнува цена за изнајмување од 1.500 евра. Порано можеше да договорите да видите стан за еден месец, но денес тоа е невозможно, бидејќи веднаш се издава“, велат од хрватска агенција за недвижности и додаваат дека со оглед на клиентелата што ја имаат, во нивниот случај најмногу недостасуваат четирисобни станови во повеќе ексклузивни локации чија кирија се движи меѓу две и три илјади евра.

И земјотресот има удел

Според Андреа Билиќ, директорка на агенцијата Метропола, цените за изнајмување пораснале за рекордни 15-20 проценти во последната година.

„Изнајмувањето на убаво и модерно уреден двособен стан од околу 40м2 во нова зграда со сопствен паркинг денес е во просек  600 евра месечно, додека лани можеше да се изнајми за 500 евра. Овде зборуваме за изнајмување стан во богати со содржина и добро поврзани населби,  додека во делови од градот како центарот, и поексклузивни населби, се  постигнуваат значително повисоки цени“, вели Билиќ, којашто  како една од причините за зголемувањето на побарувачката и цените ги наведува и дигиталните номади, како и загрепскиот земјотрес и зголемената куповна моќ.

„За време на загрепскиот земјотрес имавме тренд на иселување на многу жители на центарот кои од безбедносни причини склучуваа долготраен закуп во станови во понови згради во делови од градот кои претходно речиси исклучиво беа резервирани за странци“, како на пример подсљеменската зона.

За време на пандемијата на коронавирус, имаше зголемена побарувачка од дигиталните номади, како и од други странци кои решија да ги напуштат своите „репресивни“ татковини како што се Канада, САД, делови од Европа и Австралија и да се преселат во „полибералните“ Хрватска и Загреб.  И, конечно, куповната моќ на локалните жители се зголеми, а тие се’ повеќе избираат да изнајмуваат недвижен имот на долгорочна основа, особено додека се во процес на купување и/или изградба на сопствена куќа или стан, објаснуваат хрватските агенти за недвижности.

Разликите во понудата и побарувачката на станови за изнајмување се многу изразени на ниво на градски квартови, па затоа најпопуларни локации се Трешњевка север и југ и делови од Нов Загреб, каде побарувачката ја надминува понудата, додека во Доњи Град понудата е поголема од побарувачката. .

Најголем скок во Сплит, Задар и Дубровник

Според податоците на Њушкало, најголемата понуда на станови е во ценовниот опсег од 450 до 650 евра месечно, додека оние под 350 евра се само 10 отсто од вкупната понуда. Од друга страна, околу 30 отсто од закупците во Загреб, но и во Сплит бараат станови за кирија од 350 до 450 евра, а повеќе ги сакаат оние од 40 до 60 метри квадратни. Значителен недостиг има на станови до 300 евра, кои исто така се доста барани.

Изнајмувањето на убаво и модерно уреден двособен стан од околу 40м2 во нова зграда во Загреб со сопствен паркинг денес е во просек  600 евра месечно, додека лани можел да се изнајми за 500 евра.

„Најголемиот диспаритет меѓу понудата и побарувачката и во Загреб и во Сплит е видлив кај помалите станови – од 20 до 40 метри квадратни. За нив се заинтересирани околу 30 отсто од станарите, додека нивниот удел во понудата е само 20 отсто“, велат од Њушкало.

Иако агентите за недвижности наведуваат дека цената на закупнината пораснала со двоцифрени стапки во последната година, според податоците на Њушкало, кои додуша се базираат на огласени, а не на реализирани цени, месечните цени за изнајмување стан во Загреб „скокнале“  за 6,63 отсто  за една година,  во Риека 6,04 отсто, во Вараждин 8,05 отсто, а во Сплит и Задар дури 17 отсто. Цената на киријата во Осиек и Пула се покачила  за повеќе од 10 отсто, а во Дубровник оваа есен треба да се одвои за еден месец кирија за 16 отсто повеќе во однос на лани.

„Во главниот град месечната закупнина по квадрат сега чини во просек 10,74 евра, но за помалите, во исто време, побарани станови таа сума е нешто повисока – во просек достигнува 17 евра. Станарите кои сакаат да добијат подобра зделка, дефинитивно треба да размислат за станови за изнајмување на приземје и мезанин. Според нашите анализи, тие се за речиси 100 евра месечно поевтини од становите со иста квадратура на прв или втор кат. Исто така, становите што се нудат за изнајмување во куќи се попристапни, просечната барана цена за нив е околу 60 евра месечно помалку отколку за иста квадратура во зграда. Но, и покрај пониската цена, повеќето станари сепак преферираат станови во згради”, објаснуваат од Њушкалo.

економија19 часа ago

Дознајте зошто е важна техничката анализа – вебинар на Инвест Поинт на 20 јуни

економија19 часа ago

По две децении повторно домашен менаџер на чело на Пивара Скопје

регион1 ден ago

Акционерите на Заваровалница Триглав ќе добијат дивиденда од 2,5 евра бруто по акција

македонија1 ден ago

Словаците ќе бидат меѓу најчестите туристи во Македонија

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија5 дена ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет1 недела ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија1 недела ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион1 недела ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија1 недела ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

регион1 недела ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

свет1 недела ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија1 недела ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

македонија1 недела ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија1 недела ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија1 недела ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

економија1 недела ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

свет1 недела ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?