Connect with us

економија

ЕДС: Владата да интервенира и за долговите на јавните претпријатија кон останатите снабдувачи со електрична енергија

објавено

на

Предупредувањето на Енерџи Деливери Солушнс АД (ЕДС) во изминатиот период дека поради акумулираните долгови за потрошена електрична енергија, дел од јавните институции и претпријатија неминовно ќе се соочат со прекин во испораката на електрична енергија, деновиве се реализира.

Со цел да се превенираат овие непосакувани акции за исклучување од снабдувањето со струја, ЕДС во изминатиот период во повеќе наврати апелираше за поголема ажурност на претпријатијата за навремено подмирување на сметките за електрична енергија, подобро планирање на буџетите за потрошувачка на електрична енергија и домаќинско трошење на струјата.

Ја поздравуваме одлуката на Владата да ги помогне институциите кои беа исклучени од снабдување од страна на ЕВН, но истовремено апелираме дека е неопходно Владата да помогне и кај јавните претпријатија што должат и кон останатите снабдувачи со електрична енергија на македонскиот пазар. Интервенцијата на Владата не смее да биде селективна и финансиската помош за покривање на долговите за електрична енергија не би требало да бидат насочени само кон еден снабдувач.

Во оваа прилика, сметаме дека е неопходно да напоменеме дека сервисирањето на долговите за електрична енергија кои јавните претпријатија ги имаат акумулирано значи и одговорност кон граѓаните кои токму од овие правни субјекти добиваат витални услуги.

Токму во интерес на граѓаните кои ги користат услугите на државните институции и јавните претпријатија неопходно е што поскоро да се најде решение за нивните долгови за електрична енергија, кои што кај некои достигнуваат високи износи и со тоа ја загрозуваат испораката на струја и кон останатите клиенти и ја нарушуваат стабилноста на балансните групи во целост кај сите снабдувачи.

Во овој момент, балансната група која што ЕДС ја снабдува со електрична енергија ја сочинуваат повеќе од 550 правни субјекти, од кои над 200 се јавни претпријатија и институции.

ЕДС, која што веќе 10 години работи на македонскиот пазар по највисоки професионални стандарди, има целосно разбирање за предизвиците со кои што се соочуваат сите деловни субјекти во енергетска и во финансиска смисла поради зголемувањето на цената на електричната енергија. Поради тоа, кога ќе дојдеме во ситуацијата некои од клиентите да се соочуваат со проблеми при подмирувањето на своите обврските, работиме со нив да најдеме начин како соработката да продолжи, особено кога се работи за клиенти чија примарна дејност е давање услуги кон граѓаните и домаќинствата.

Но, во одредени случаи, и покрај нашите обиди да се дојде до заемно прифатливо решение принудени сме да ги искористиме законските решенија за раскинување на договорот или прекин на испораката кон некои од клиентите.

Комерцијален ПР текст

економија21 час ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор