Connect with us

македонија

ЕДС го склучи првиот договор со цени индексирани според Македонската берза за електрична енергија

објавено

на

Македонската берза за електрична енергија од утре свечено почнува да функционира, а ЕДС АД ќе биде меѓу првите компании трговци со електрична енергија која што ќе обезбедува електрична енергија за своите клиенти преку неа.

ЕДС, компанијата за трговија со електрична енергија информира дека го склучила првиот договор за откуп на енергија индексиран кон МЕМО DAM индексот на Македонската берза за електрична енергија.

Македонската берза за електрична енергија од утре свечено почнува да функционира, а ЕДС АД ќе биде меѓу првите компании трговци со електрична енергија која што ќе обезбедува електрична енергија за своите клиенти преку неа.

„Со ова се означува особено значаен момент за македонскиот пазар на електрична енергија, но и за ЕДС АД како компанија. Особено сме задоволни што го преземавме овој важен чекор и очекуваме преку интензивна работа да градиме плодна соработка со Македонската берза за електрична енергија и преку неа да обезбедуваме сигурно и исплатливо снабдување со електрична енергија за нашите клиенти“, велат од компанија.

Energy Delivery Solutions (ЕДС) веќе 10 години успешно работи на македонскиот енергетски пазар. Компанијата во текот на изминатата деценија со своето делување, кое е секогаш во согласност со највисоките професионални и корпоративни стандарди, изгради имиџ на лидер во областа на трговија со електрична енергија на пазарот за квалификувани потрошувачи.

Преку деловната одлука на грчката национална енергетска компанија PPC SA (Public power corporations) стратешки да инвестира во Република Северна Македонија, ЕДС АД во 2018 година стана дел од корпорацијата која што важи за енергетски гигант во југоисточна Европа.

Во овој момент, балансната група која што ЕДС ја снабдува со електрична енергија ја сочинуваат повеќе 550 правни субјекти. Компанијата и во наредниот период ќе продолжи со добрите деловни пракси во насока континуирано да го зголемува своето портфолио при тоа нудејќи им на своите клиенти најповолни понуди за снабдување со електрична енергија.

македонија5 часа ago

Десет проекти на Publicis Groupe Skopje беа наградени за најдобри маркетинг кампањи во Адриатик регионот

економија2 дена ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија4 дена ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

банки6 дена ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

економија1 недела ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки1 недела ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

економија1 недела ago

Мукаетов за српски “Профит“: Глобализацијата на брендот „Алкалоид“ останува наш фокус

банки2 недели ago

„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

економија2 недели ago

Возилата на „Брако“ ќе го чистат Крит

македонија2 недели ago

Прогресив – единствена акредитирана академија за извршни менаџери во Македонија