Connect with us

македонија

ЕДС одбележа 10 години работа на македонскиот пазар

објавено

на

Во овој момент, балансната група која што ЕДС ја снабдува со електрична енергија ја сочинуваат 578 правни субјекти, од кои 264 се јавни претпријатија и институции, а 314 се приватни компании.

Energy Delivery Solutions (ЕДС) во текот на октомври годинава одбележи 10 години успешна работа на македонскиот енергетски пазар. Компанијата во текот на изминатата деценија со своето делување, кое е секогаш во согласност со највисоките професионални и корпоративни стандарди, изгради имиџ на лидер во областа на трговија со електрична енергија на пазарот за квалификувани потрошувачи.

Преку деловната одлука на грчката национална енергетска компанија PPC SA (Public power corporations) стратешки да инвестира во Република Северна Македонија, ЕДС во 2018 година стана дел од корпорацијата која што важи за енергетски гигант во југоисточна Европа.

„Особено сме горди на она што ЕДС го постигна изминатите 10 години. Остануваме лидери на македонскиот пазар кој што снабдува електрична енергија кон најголемата балансна група и има најголемо учество на македонскиот пазар. Наша цел е да продолжиме во таа насока и во наредниот период, да го зацврстиме и зголемиме нашето учество на пазарот, да ги подобриме услугите кон нашите клиенти. Со таа цел во пресрет на јубилејот изградивме нова интернет страна која што во наредниот период на клиентите ќе им овозможи користење на нови дигитални услуги, како електронско фактурирање и плаќање, ќе инкорпорираме и онлајн платформи за контрола и увид во потрошувачката на електрична енергија“, истакна по повод одбележувањето на главниот извршен директор на ЕДС, Јанис Јанопулос.

Пазарно учество од преку 30%

Во овој момент, балансната група која што ЕДС ја снабдува со електрична енергија ја сочинуваат 578 правни субјекти, од кои 264 се јавни претпријатија и институции, а 314 се приватни компании. Планот на компанијата е во наредниот период да продолжи со добрите деловни пракси, да го инкорпорира корпоративниот бренд на PPC SA во своето работење и континуирано да го зголемува своето портфолио.

„Во текот на 2021 и 2022 година ЕДС забрзано го зголеми своето портфолио на клиенти откако многу наши конкуренти им ги откажуваат договорите на потрошувачите. Нашите интерни процени се дека во моментов на македонскиот енергетски пазар имаме учество поголемо од 30 отсто од отворениот дел од пазарот. Наша цел е да го зголеми тој процент до крајот на година и со тоа темпо да продолжиме и во текот на 2023 година. Уверени сме дека на македонскиот пазар во моментов ЕДС е најдобрата опција за снабдување со електрична енергија на слободниот пазар имајќи ја предвид нашата понуда која што е особено поволна за клиентите, предвидливоста која што има ја овозможува во однос на планирање на нивните трошоци и секако гаранцијата дека секогаш ќе имаат навремена и непрекината испорака“, вели Илијас Тсукалас, главен финансиски директор.

И покрај неизвесноста која што ја носи енергетската криза ЕДС може да гарантира сигурна и стабилна испорака на електрична енергија.  Очекувањата се дека ЕДС 2022 година ќе заврши со вкупно учество на македонскиот пазар за квалификувани потрошувачи од 33 отсто.

„На нашиот пазар ЕДС е компанија со најголем основачки капитал од близу 5,5 милиони евра и со тоа ЕДС ја гарантира својата стабилност пред домашните комерцијални банки кои не’ подржуваат во нашето оперативно работење. ЕДС никогаш не откажала и нема да откаже договор заради неможност да набави енергија. Нашите сопствени финансиски капацитети, поткрепени дополнително со корпоративна гаранција од нашата мајка фирма (PPC SA) се сосема доволни да обезбедиме енергија за целата наша балансна група. Во моментов, следејќи ги пазарните движења на цените како и однесувањето на конкуренцијата, покрај веќе склучените договори за кои гарантираме испорака на енергија согласно договорените цени, за нови договори нудиме модел на претплата со што компаниите можат да заштедат уште некој процент од цената бидејќи претплатата на ЕДС ги намалува финансиските трошоци за користење на рамковни кредити од комерцијалните банки. Претплатата може да биде месец за месец или на годишно ниво за што следи уште дополнителен попуст“, вели Златко Черепналкоски, извршен директор за продажба и маркетинг во ЕДС.

Наплатата од јавните претпријатија најголем предизвик

Енергетската криза наметна голем број предизвици не само за компаниите од енергетскиот сектор туку за секоја компанија. Драстичниот раст на цената на електрична енергија предизвикаа неизвесност кај компаниите, а тоа пак проблеми и во наплатата на испорачаната електрична енергија.

„Она што нам ни е претставува загриженост во изминатиот период, а стравуваме дека доколку не се најдат соодветните механизми, ќе продолжи да биде проблем и во наредниот период е наплатата од јавните претпријатија особено оние чии основачи се единиците на локалната самоуправа. За да обезбедиме непречено снабдување со енергија особено во ситуација кога цената на електричната енергија се менува од час во час, а ЕДС истата ја плаќа авансно односно однапред, континуитетот на снабдување за целата балансна група понекогаш зависи од ажурноста со која што клиентите ги подмируваат своите финансиски обврски согласно договорите. Нашата компанија има целосно разбирање за предизвиците со кои што се соочуваат сите деловни субјекти, во енергетска и во финансиска смисла, и кога некои од нашите клиенти ќе се соочат со сериозно доцнење со плаќањето се обидуваме да постигнеме договор во заемен интерес, како плаќање на долгот на рати, но, за жал понекогаш доаѓаме во ситуација во која што за да ја заштитиме целата баланса група и стабилноста во снабдувањето, принудени сме да ја прекинеме испораката кон некој од клиентите“, вели Димитар Ивановски, раководител на правен оддел во ЕДС.

Сепак, како општествено одговорна компанија, апелираме до општините, јавните претпријатија  и јавноста дека во постојните услови во енергетскиот сектор од клучно значење е редовното и навремено подмирување на сметките за електрична енергија, разумното и одговорно планирање на буџетите за потрошувачка на електрична енергија од страна на надлежните сектори во општините и јавните претпријатија и секако рационално користење на енергијата.

По повод јубилејот компанија ќе спроведе низа активности за негово одбележување како општествено одговорни акции и реализација на проекти кои што ќе допринесат по подобри услови за работа на енергетски пазар, како за компаниите снабдувачи со електрична енергија така и за нашите клиенти.

Инаку, ЕДС ги има единствените лиценцирани брокери на берзата за струја, а компанијата е членка и на меѓународната берза набавка на струја, со што компаниите и домаќинствата кои набавуваат струја од нашата компанија ќе бидат сигурни во договорената цена и квалитетот на испораката. Во текот на своето постоење ЕДС изгради и своја регионална мрежа со претставништва во Бугарија, Србија, Косово, Хрватска, Црна Гора, Романија, Унгарија и Словачка.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал