Connect with us

економија

ЕИБ ќе ја зголеми поддршката за мали и средни компании преку Развојната банка

објавено

на

ЕИБ досега инвестираше 550 милиони евра за поддршка на мали и средни компании во Северна Македонија преку Развојната банка на Северна Македонија, од кои 100 милиони евра за побрзо закрепнување од КОВИД-19 кризата

Потпретседателката на ЕИБ одговорна за Западен Балкан, Лилјана Павлова, се сретна со Управниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија, Кире Наумов и Фарук Исмаили, во рамки на Првата годишна конференција на Министерството за финансии “Економско закрепнување и раст по Ковид”. Двете институции негуваат децениска соработка, чија цел е обезбедување поддршка на финансирањето на малите и средни компании во земјата.

Неодамна, ЕИБ и РБСМ потпишаа договор за заем со кој се обезбедија 100 милиони евра по поволни услови, како директна поддршка на малите и средни компании и средно-пазарнокапитализирани компании. Преку заемот се поддржуваат мали компании во Северна Македонија од трудоинтензивните дејности како производство, туризам и услуги, за брзо опоравување од КОВИД-19 кризата. Заемот од ЕИБ ќе им помогне на компаниите да обезбедат континуитет на деловните процеси и да ги задржат работните места, а истовремено да ја зголемат својата продуктивност и да ги прошират деловните активности. Се очекува првата транша од заемот од 100 милиони евра да се пласира до компаниите следниот месец.

За време на средбата, двете страни изразија интерес за разгледување на опциите за здружување на силите во поддршката на приватниот сектор на земјата преку таргетирано финансирање и инструменти за поделба на ризикот, особено во областа на енергетска ефикасност и дигитализација.

Лилјана Павлова, потпретседателката на ЕИБ одговорна за Западен Балкан, кажа: “Горди сме да продолжиме да работиме со нашиот долгорочен партнер – РБСМ за поддршка на развојот и зајакнување на отпорноста на приватниот сектор и банкарската индустрија во Северна Македонија во текот на КОВИД- кризата. Имајќи ги искуствата од нашата успешна соработка, ЕИБ очекува со заеднички напори да се зголеми отпорноста и конкурентноста на малите и средни компании, преку зелени и дигитални инвестиции.”

Извршниот директор на Развојна банка на Северна Македонија, Кире Наумов, рече: “Стратешката и успешна соработка помеѓу ЕИБ и РБСМ резултираше со финансиска поддршка на приватниот сектор во Северна Македонија од 550 милиони евра. Со последниот заем од 100 милиони евра, очекуваме да се поддржат најмалку 300 проекти на мали и средни претпријатија во Северна Македонија. Развојна банка ќе продолжи да работи заедно со Европската инвестициска банка, за да обезбеди уште потаргетирана финансиска поддршка на малите и средни компании во земјата.”

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка