Connect with us

економија

Економијата ќе закрепне годинава, но подоцна и побавно

Справувањето со пандемијата не оди баш мазно

објавено

на

Потфрлувањето во справувањето со пандемијата преку брза имунизација на населението, особено во Европа и кај нас, очигледно наметнува политики што ги искусивме истиот период лани, а тоа се строги мерки на ограничување на движењето на граѓаните и веројатно и привремено затворање на одредени услужни сектори. А, познато е дека ваквите економски блокади може да чинат многу и цената ќе зависи од опфатот и времетраењето на рестрикциите. Прогнозите за економскиот раст годинава засега се позитивни и се движат околу 4%, иако сите меѓународни финансиски институции се претпазливи и се оградуваат од прецизноста на проценките поради неколку големи ризици. Алтернативните сценарија, пак, коишто стануваат се’ поизвесни, се дека корона – кризата ќе потрае најмалку до летото, а очекуваниот економски раст би можело да се преполови.

Одложувањето на масовната имунизација на граѓаните неколку месеци и порастот на бројот на заразени формирајќи трет бран на пандемијата, ги нарушува очекувањата за заздравувањето на економијата – веројатно ќе се случи годинава, но ќе биде подоцна и побавно. Потфрлувањето во справувањето со пандемијата преку имунизација на населението, особено во Европа и кај нас, очигледно наметнува политики што ги искусивме истиот период лани, а тоа се строги мерки на ограничување на движењето на граѓаните и веројатно и привремено затворање на одредени услужни сектори.

А познато е дека ваквите економски блокади може да чинат многу и цената ќе зависи од опфатот и времетраењето на рестрикциите. Прогнозите за економскиот раст годинава засега се позитивни и се движат околу 4%, иако сите меѓународни финансиски институции се претпазливи и се оградуваат од прецизноста на проценките поради неколку големи ризици.

Меѓутоа, како што се пролонгира пандемијата и со тоа не стивнува корона – кризата, стануваат поизвесни алтернативните сценарија на некои финансиски институции. Народната банка, на пример, кон крајот на минатата година објави прогноза според која економијата годинава ќе порасне 3,9% повеќе од лани, но според попесимистичкото сценарио кое предвидува подолго траење на пандемијата коешто патем е прилично веројатно да се оствари, економскиот раст би бил околу 1,9%.

Еден од институтите коишто прилично точно, до децимала, го прогнозира движењето на македонската економија е Finance Think. Извршниот директор на овој Институт за економски истражувања и политики, Благица Петрески, вели дека нивните последни проценки беа годинава да имаме раст од 4,1% со што се очекуваше во голема мера да се амортизира падот од 2020 година. Меѓутоа, од денешна перспектива многу е веројатно оваа прогноза да се ревидира надолу, поради доцнењето на вакцините и големината на третиот бран на заразата.

„Доколку ги забележите податоците од последните движења ќе видиме дека кај оние сектори каде што имаше најголема ранливост и кои беа најпогодени како што се трговијата, преработувачката индустрија, транспортот веќе забележуваме заздравување. Нивото е веќе скоро како она пред пандемијата. Секако, се уште е засегнат делот на услужните дејности и хотелиерската индустрија меѓутоа исто така и воздржаноста на приватната потрошувачка. Сепак, ваквите предвидувања се под значаен ризик во зависност од тоа колку ќе биде ефикасен процесот на имунизација, кога ќе започне истиот и со кое темпо ќе се имунизира населението“, вели Петрески од Finance Think.

Светската банка како една од клучните меѓународни финансиски институции, проценува дека македонската економија годинава ќе закрепне и ќе порасне 3,6% повеќе отколку лани, но новиот директор на оваа институција во земјава, Масимилијано Паолучи, неодамна потенцираше дека има ризици коишто може да ја променат оваа прогноза.

„Навистина е тешко да се предвиди како ќе се движи економијата, тоа што сакам да нагласам е дека не би се задржал на одредена бројка и би го гледал трендот. А трендот покажува дека ситуацијата се подобрува бидејќи довербата и кај јавните и кај приватните инвеститори, и граѓаните генерално се зголемува со очекување дека вакцините ќе се распоредат и дека ќе функционираат. Но, како што забележавте, има ризик во однос на одложувањето на распоредувањето на вакцините, всушност најголем дел од европските земји во ЕУ се соочуваат со доцнење во набавката и распоредувањето на вакцините. Тоа сигурно ќе има влијание врз заздравувањето ако доцнењето е подолготрајно. Во случајот на Северна Македонија, со предупредувањето што го спомнав, трендот што го очекуваме е дека ќе има подобрување кај бруто домашниот производ (БДП) но тоа во голема мера ќе зависи од должината на локдаунот, и природата на локдаунот и овде и во Западна Европа, а исто така ќе зависи и од тоа колку брзо вакцинацијата ќе продолжи во овие земји, бидејќи со тоа ќе имаме зголемена доверба на страна на потрошувачите и на инвеститорите. Што поскоро и побрзо оди вакцинацијата и во ЕУ и овде, толку побрзо и поздраво ќе биде заздравувањето на економијата“, вели новиот директор на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи.

Европа заостанува

Краткорочните изгледи за европската економија изгледаат послаби отколку што се очекуваше минатата есен, бидејќи пандемијата го засили опфатот на континентот“, истакна Европската комисија во извештајот минатиот месец во кој ја намали прогнозата за раст на економијата на ЕУ оваа година од 4,1% на 3,7%.

Прилично е тешка ситуацијата во цела Европа која што значително заостанува во процесот на вакцинација. Обединетото Кралство, на пример, предничи во овој дел и се надева да ја врати својата економија во живот до летото. САД, пак, своите надежи ги полагаат во новиот стимулативен пакет за економијата во вредност од 1,9 илјади милијарди долари. Европа очигледно не може да ги следи, а заздравувањето на европската економија несомнено ќе го диктира и растот на нашата, бидејќи 80% од македонските производи завршуваат на европските пазари.

Кампањата за вакцинација на Европската унија е проследена со доцнења во производството, недостиг на снабдување и проблеми при дистрибуцијата. Додека ограничувањата постепено се олеснуваат во некои земји, други се склони кон проширување на опфатот на рестрикциите, бидејќи случаите и хоспитализациите остануваат високи.

Во исто време, релативно ограничените трошења на властите и големото потпирање на туризмот во некои економии на ЕУ ветуваат дополнително да ја оштетат силата на закрепнувањето.

„Ќе имаме раст на економијата во Европа, но ќе биде подоцна и нешто послаб отколку на други места“, изјави Карстен Бржески, глобален шеф за истражувања на финансиската институција ИНГ. Според проценките, економијата на Европа најверојатно ќе се врати на нивото пред кризата на почетокот на 2023 година – шест месеци до една година подоцна од САД.

По силниот раст во третиот квартал во текот на летните месеци лани, европската економија повторно се намали во последните три месеци од минатата година, откако владите повторно воведоа локдаун за да одговорат на зголемувањето на бројот на случаи на корона. Многу од тие мерки се уште остануваат на сила, зголемувајќи ја веројатноста за уште еден лош квартал во 2021 година.

„Краткорочните изгледи за европската економија изгледаат послаби отколку што се очекуваше минатата есен, бидејќи пандемијата го засили опфатот на континентот“, истакна Европската комисија во извештајот минатиот месец во кој ја намали прогнозата за раст на економијата на ЕУ оваа година од 4,1%на 3,7%.

„Прашањето е сега колку брзо може да се спроведе вакцинацијата и во кој момент може да се олабават ограничувањата“, потенцираше ЕК.

Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, 27-те земји што ја сочинуваат Европската унија, како и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, заедно имаат администрирано над 55 милиони дози на вакцини, покривајќи над 10% од населението.  

За споредба, повеќе од 30 милиони Британци ја примиле првата доза досега што е половина од населението во Велика Британија, покажуваат владините податоци. Во Соединетите држави, 20% од населението примило барем една доза, според Центарот за контрола и превенција на болести.

„Распространувањето на вакцините за коронавирус е клучно за економските перспективи во сите поголеми економии“, изјави Сем Мајли, економист од лондонскиот Центар за економија и деловно истражување.

Европската унија очекува испораките да се зголемат во вториот квартал и сè уште има за цел да се вакцинираат најмалку 70% од возрасната популација до крајот на летото, што може да помогне во силен економски скок во втората половина на 2021 година.

Рано е за збогум на фискалниот стимул

Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, 27-те земји што ја сочинуваат Европската унија, како и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, заедно имаат администрирано над 55 милиони дози на вакцини, покривајќи над 10% од населението. 

Од избувнувањето на пандемијата пред една година досега, државата во пет наврати креираше таканаречени антикризни мерки, коишто главно имаа за цел да им помогнат на компаниите да се справат со неликвидноста поради застојот во производството и да можат да ги исплатат платите на своите вработени, да обезбедат бескаматни кредити. Освен тоа имаше и повеќе социјални мерки со директно исплаќање пари на сметките на граѓаните коишто најмногу ја почувствувале корона – кризата. Фискалниот стимул кај нас се проценува дека вреди над една милијарда евра, но реализацијата е само третина од планираното.

Освен тоа, властите неодамна најавија дека некои мерки како што беше финансирањето на плати за работниците, ќе се укинат после март, иако корона – кризата не попушта и сите меѓународни финансиски институции предупредуваат дека е рано за збогум на фискалниот стимул.

Масимилијано Паолучи од Светска банка, зборувајќи за ефектите од владините антикризни мерки вели дека тие го ублажиле ударот од пандемијата врз економијата, но во однос на најавите на властите за укинување на дел од мерките после март, тој вели, “пандемијата е се уште тука“.

„Ова е петти пакет што Владата на Северна Македонија го одобри, и со тоа го амортизираше влијанието на кризата особено врз најранливите сектори. Макроекономскиот импакт од тоа во однос на дефицитот и јавниот долг е јасен и можеме да дискутираме за тоа, но она што е важно да се забележи е дека  Владата имаше можност да продолжи со овие пакети мерки и да го амортизира влијанието на кризата, бидејќи имаше фискален простор којшто овозможи реализирање на овие мерки. Гледајќи напред, она што е важно, прво да се следи еволуцијата на пандемијата и да се преземат потребните мерки, но преку таргетирање, особено имајќи ги предвид оние што ќе бидат најпогодени од продолжувањето на пандемијата. Пораката што ние како институција ја имаме е дека пандемијата е се уште тука, дека секогаш треба да ги имаме предвид оние што ќе бидат најпогодени, но во исто време да почнеме да размислуваме за иднината, за она што сакаме да го видиме после пандемијата и да го посееме семето сега за понатамошното заздравување. Тоа значи да размислуваме за економски модел што би сакале да го видиме во иднина, економскиот развој што би сакале да го имаме, но исто така да ги изградиме повторно оние амортизери коишто доколку се појави криза од ваков интензитет во иднина, ќе ги имаме за да интервенираме со се што треба за да ја заштитиме економијата, работните места, и почеток на економскиот раст кога ќе има услови“, вели Паолучи.

Во услови на пролонгирање на корона – кризата, и експертите сугерираат да се продолжат дел од антикризните мерки коишто се покажа дека имаат најголем ефект, иако властите претходно најавија дека некои од нив ќе се укинат после март.

„Пакетот на мерки којшто треба да следи треба да се дизајнира во насока на транзиција. Од фаза на амортизација на загубите во фаза на заздравување на економијата и таков дизајн може да се забележи во последниот петти пакет на мерки. Исто така, заради задржување на дел од секторите, коишто претходно ги спомнав, и нивната понатамошна ранливост нашата препорака е платата од 14.500 денари да продолжи да се финансира и во текот на следните два месеци. Токму оваа мерка сметаме дека е и една од најефективните мерки, затоа што според нашите проекции истата успеа да спаси 80% од местата кои беа под ризик да бидат изгубени. Сепак во следната фаза којашто нас ни следи сметам дека нема подобра мерка од мерката вакцинација. Да се насочат сите сили кон таа мерка да биде на најефикасен и на најефективен начин имплементирана затоа што од таа мерка ќе зависи како ние понатаму ќе се движиме во следните месеци“, додава Петрески од Finance Think.

Потребата од зголемен фискален стимул кој подразбираше поголеми задолжување го зголеми и јавниот долг на земјата над 60% од бруто домашниот производ. Паолучи којшто бил претставник на Светската банка во Италија и има искуство од координирање на земјите што во екот на должничката криза се соочија со најголеми проблеми, како Шпанија, Португалија и Грција, вели дека мора внимателно да се управува со долгот на државата.

„Уште една лекција од оваа криза е да бидеме прагматични во начинот на кој управуваме со ресурсите. Навистина јавниот долг како удел во БДП овде надминува 60%, но во исто време ако ја погледнеме целата слика на европските земји, ова е пониско ниво отколку нивоата на јавниот долг од БДП што ги спомнавте. Важната работа што треба да ја знаеме е како што ќе излегуваме од оваа ситуација, затоа што навистина ќе излеземе од оваа ситуација, да погледнеме што ќе им овозможи на земјите да ги изградат оние амортизери што ги спомнавме претходно. Тоа значи да ги преземат потребните реформи од една страна, да ги зголемат приходите, и од друга страна да се менаџираат трошењата поефикасно. Да се погледне во даночниот систем, да се зголемат приходите, но не само заради тоа, туку да се зголемат приходите во оние сектори што ќе и овозможат на земјата да оди кон друг економски модел. Зборувам за зелен раст и зелени даноци, дигитален раст и дигитални даноци, така што ќе се создадат ресурси за поттикнување на приходите и економски добра во исто време. На страната на трошењата, тоа значи ревидирање на економскиот модел кон раст воден од приватниот сектор. Или во основа намалување на државната помош, и кратење на сите оние непродуктивни трошења коишто може да бидат товар на фискалната сметка. И да се оди повеќе и повеќе кон поефикасно менаџирање на трошењата и поттикнување на условите за да се развива приватниот сектор во земјата“, истакнува Паолучи.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал