Connect with us

економија

Економскиот раст и инфлацијата „рака за рака“

Пост – ковид закрепнување

објавено

на

Економската активност годинава ќе биде околу 4,6% поголема отколку лани со што се очекува да дојде до изедначување со преткризните нивоа. Ова е најновата прогноза на Светската банка, која сега има пооптимистична проценка за разлика од пролетоска кога прогнозираше раст на македонската економија од 3,6% во 2021 година. Во исто време заедно со зголемената економска активност, се зголемуваат и инфлаторните притисоци, главно заради глобалниот раст на цените на повеќе суровини. Веќе станува јасно дека инфлацијата во земјава годинава ќе биде повисока од проекциите и на Владата и на Народната банка. Бизнис секторот и експертите алармираа дека до крајот на годинава поради зголемената пост – пандемиска побарувачка, особено на енергија, очекувано е повисоките увезени цени да ги зголемат цените и на домашните производи. Народната банка веќе размислува да ја коригира нагоре проектираната стапка на инфалција од 2,2 проценти за годинава. Но, смирува дека состојбата со цените не е алармантна. Во првите осум месеци годинава инфлацијата е 2,7% просечно.

Економската активност годинава ќе биде околу 4,6% поголема отколку лани со што се очекува да дојде до изедначување со преткризните нивоа. Ова е најновата прогноза на Светската банка, која сега има пооптимистична проценка за разлика од пролетоска кога прогнозираше раст на македонската економија од 3,6% во 2021 година.

„Светската банка ја зголеми прогнозата за растот на БДП на Македонија во 2021 година благодарејќи на растот од 5,2% во првото полугодие а по зголемената приватна потрошувачка, напливот од инвестиции и зголемената владина побарувачка во второто тримесечје“, пишува во најновиот Извештај за  економиите на Европа и Централна Азија објавен неделава. Светската банка дава прогноза за брз развој и зголемена конкуренција по повлекувањето на Ковид-19 пандемијата.

За економијата на Македонија се вели дека иако опаднала поради ударот од Ковид-19 во 2020 година, при што стапката на сиромаштија пораснала од 1 до 4%, владините мерки за борба со неа помогнале и економијата го обновила развојот во 2021 година.

„Ова е помогнато од силната побарувачка однадвор и отворањето на приватната потрошувачка“, се вели во извештајот.

Се додава дека се зголемиле извозот и увозот, со поголем увоз на штета на трговскиот баланс. Од Светска банка потенцираат дека е забележан раст на производството во сите сектори, со оглед на минатогодишната ниска стартна позиција. Најбрза обнова е забележана во трговијата, транспортот и туризмот, како и во индустриското производството и информатичко-комуникациските технологии.

„Економскиот развој на земјата во 2021 година се очекува да скокне до 4,6%, до стапка на развој забележана пред ширењето на пандемијата. Почетниот показател е заснован на претпоставката дека стапката на вакцинација ќе продолжи, нема да има понатамошни карантини, довербата на потрошувачите и инвеститорите останува висока, а надворешната побарувачка продолжува“, велат од Светска банка.

Оваа меѓународна финансиска институција прогнозира развој и постепена стабилизација на нашата економија и во 2022 година со раст на БДП од 3,7%, додека сиромаштијата да продолжи да се намалува во 2021 и годината потоа.

Се очекува и постепено намалување на фискалниот дефицит по најновите планови на Владата за зголемени капиталните инвестиции. На среднорочен план јавниот и државно гарантираниот долг е прогнозиран до 2023 година да се зголемува до 65% од БДП.

„Со продолжителната обнова на економијата властите ќе треба да го засилат исполнувањето на даночните обврски, да го реструктуираат и приоретизираат трошењето, да ги решат долгорочните пречки во развојот и да го подобрат менаџирањето на јавните финансии. За да се интензивира развојот земјата треба да го насочи вниманието на изведба на структурни и институционални реформи“, се вели во извештајот на Светска банка.

За министерот за финансии, Фатмир Бесими, ова се очекувани прогнози имајќи предвид дека вториот квартал годинава е регистриран значително висок раст на БДП од 13,1%.

„Тие позитивни движења се очекува да продолжат до крајот на годината. Проекцијата на Владата и на Министерството за финансии е годинава растот на БДП да биде 4,1%, но позитивните движења во вториот квартал и очекувањата во третиот и четвртиот квартал може да придонесат годината да ја завршиме со раст на БДП повисок од проектираниот. Позитивни движења се регистрираат во повеќе сектори, како услужен сектор, земјоделство, итн.”, вели Бесими.

Посочува дека во првите седум месеци има раст на извозот од 34,6%, а раст од 75% е забележан и кај инвестициите за првите шест месеци во однос на лани. Невработеноста е на историски најниско ниво од 15,9%, стапката на вработеност е во пораст и изнесува 47,3%, а од август е забележан и тренд на исклучително високи износи на капитални расходи и нивната реализација заклучно со 5 октомври е 45,13%.

„Воедно, и реализацијата на Буџетот покажува одлична наплата на даночните приходи, кои заклучно со 30 септември имаат пораст од 20,7% во однос на периодот 1 јануари – 30 септември 2020 година. Раст е забележан во овој период и кај придонесите за 6,2%. Ова покажува дека економијата заздравува, а со мерките што ги планираме како Планот за финансирање на економското заздравување и забрзување на растот на среден рок ќе достигнеме просечни стапки на раст над пет проценти”, нагласува Бесими.

Светската банка ја зголеми прогнозата за растот на БДП на Македонија во 2021 година благодарејќи на растот од 5,2% во првото полугодие а по зголемената приватна потрошувачка, напливот од инвестиции и зголемената владина побарувачка во второто тримесечје.

Македонската економија во голема мера зависи од движењата во еврозоната

Од Народната банка која допрва треба да ги објави своите есенски прогнози, коментираат дека бруто домашниот производ, во првата половина од оваа година, остварил раст којшто речиси во целост се совпаѓа со нивните проекции, поттикнат и од кредитната поддршка од банкарскиот сектор.

„Се очекува натамошно постепено закрепнување на економијата, што во голема ќе зависи од закрепнувањето на нашите најзначајни трговски партнери, што, пак, е условено главно од ризиците поврзани со епидемиолошката состојба“, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска – Бежоска.

Таа додава дека состојбите во македонската економија, како високо отворена економија, во голема мера зависат од движењата во еврозоната и во Германија, којашто е наш главен трговски партнер. Со оглед на проекциите на ЕЦБ за нивно натамошно закрепнување, се очекува дека тоа позитивно ќе влијае и врз нашата економија.

Гувернерката се осврна и на состојбата на македонската економија годинава, при што посочи дека олабавената монетарна политика придонесува за закрепнување на економијата. Во првата половина од оваа година е остварен раст од 5,2%, што речиси во целост се совпаѓа со проекциите на Народната банка (5,4%). Согласно со последните макроекономски проекции, очекувањата се дека економската активност ќе се врати на преткризното ниво на почетокот на 2022 година.

Во однос на монетарната политика во услови на пандемија, гувернерката посочи дека од особено значење за нејзиното олабавување е комфорното ниво на девизните резерви, а во тој контекст, и пристапот до девизна ликвидност овозможен за првпат преку репо-линијата одобрена од страна на Европската централна банка. Иако Народната банка немаше потреба од користење на средствата, сепак подготвеноста на Европската централна банка значително придонесе за одржување на стабилноста на домашната валута при променливи пазарни движења во текот на здравствената криза.

Гувернерката Ангеловска – Бежоска посочи дека мерките на Народната банка овозможија намалување на цените на кредитите и постојан кредитен раст во текот на пандемијата. Банкарскиот сектор досега добро се справува со ризиците од пандемијата, за што говори и растот на депозитите и солидниот кредитен раст. Исто така, добрите остварувања на банките и претпазливите регулаторни барања во изминатиот период овозможуваат соодветна капитализираност на банкарскиот систем и негова подготвеност за справување со предизвиците и во следниот период. Постепеното закрепнување на економијата, коешто е во тек, позитивно придонесува за одржување на макроекономската и финансиската стабилност и ги ублажува системските ризици. Сепак, неизвесниот карактер на корона-кризата наметнува потреба од постојана подготвеност и будно следење на состојбите, заради преземање соодветни мерки за справување со предизвиците.

Бизнис секторот и експертите алармираа дека до крајот на годинава поради зголемената пост – пандемиска побарувачка, особено на енергија, очекувано е повисоките увезени цени да ги зголемат цените и на домашните производи.
Народната банка веќе размислува да ја коригира нагоре проектираната стапка на инфлација од 2,2 проценти за годинава. Но, смирува дека состојбата со цените не е алармантна. Затегање на монетарната политика, засега не се планира.

Зголемена пост – ковид побарувачка и раст на цените

Во исто време заедно со зголемената економска активност, се зголемуваат и инфлаторните притисоци, главно заради глобалниот раст на цените на повеќе суровини.

Веќе станува јасно дека инфлацијата во земјава годинава ќе биде повисока од проекциите и на Владата и на Народната банка.

Бизнис секторот и експертите алармираа дека до крајот на годинава поради зголемената пост – пандемиска побарувачка, особено на енергија, очекувано е повисоките увезени цени да ги зголемат цените и на домашните производи.

Народната банка веќе размислува да ја коригира нагоре проектираната стапка на инфлација од 2,2 проценти за годинава. Но, смирува дека состојбата со цените не е алармантна. Затегање на монетарната политика, засега не се планира.

„Во првите осум месеци годинава инфлацијата е 2,7% во просек, значи е нешто над нашите очекувања. Истовремено гледаме дека на светските берзи има нагорна ревизија и на оцените за увозните цени. Значи цените на енергијата, цените на храната, има повисок раст годинава од тоа што ние го вградивме во текот на мајските проекции. Кога ќе ги земеме овие два фактора предвид извесно е дека одредена нагорна ревизија на проекцијата на инфлацијата објавена во мај, ќе направи и Народната банка“, оцени вицегувернерката Ана Митреска.

И премиерот Зоран Заев коментираше дека инфлацијата се движи во рамките на проекцијата до 3% откако некои производители од прехранбената индустрија предупредуваа на можни поскапувања и до 50%.

„Инфлацијата кај нас е контролирана и е до 2,7%. Чувствително е кога инфлацијата ќе надмине 10%. Ние не можеме да бидеме изолирани од светот, затоа што сме отворен пазар, поврзани сме и зависни од европските пазари. Цената на струјата е главен индикатор за покачување на цените на производите, но таа учествува на просечно ниво не повеќе од 3%. Берзанските цени на струјата ќе имаат одредено влијание на цените на продуктите, но 2,7% инфлација е контролирачка. За сѐ што ќе ги надмине очекувањата, Владата е тука“, истакна Заев.

Тој најави дека Владата ќе се обиде да ја надмине оваа енергетската криза која најмногу ја чувствуваат фирмите кои се сега набавуваат поскапа струја на слободниот пазар, со активирање на третиот блок на РЕК Битола и интервентна набавка на јаглен. На средба со претставниците од Стопанската комора се согласиле дека времето на евтината енергија полека привршува, и тоа е реалност која мора сите да ја прифатиме.

„Стопанската комора да го сублимира мислењето на компаниите, а Регулаторната комисија најенергично да ги санкционира сите снабдувачи кои бесправно ги откажуваат веќе склучените договори со компаниите. Владата да изнајде начин да им помогне на фирмите во рамки на можностите“, се заклучоците по средбата на премиерот со стопанствениците.

Премиерот Заев исто така посочи дека граѓаните не треба да стравуваат затоа што цената на струјата е утврдена од Владата, разликата кон ЕСМ ја покрива државата, а ДДВ е намалено на 5%, така што се преземани сите мерки за цената да остане стабилна за граѓаните и за домаќинствата.

Тој најави и мерки за помош на компаниите за кои посочува дека се на отворен пазар, исто како и јавните претпријатија институциите.

„Компаниите, јавните претпријатија, институции се на отворен пазар. Како е секаде во светот така е и кај нас, но секако и тука нема да останеме неми набљудувачи. Даден е налог за вклучување на трет блок на РЕК Битола, со цел да креираме политики на комплетно менаџирање и кон компаниите и јавните институции. Тоа значи употреба на 1,8 милион тони јаглен за дополнително производство на електрична енергија. Сите обновливи извори на енергија исто така ни се добредојдени“, рече Заев.

Тој посочи дека целиот свет е засегнат со оваа тема, затоа што берзанските цени навистина одат многу високо.

„Да напомнам дека нашиот модел е европски, со целосна либерализација. Постепено го либерализираме и пазарот за домаќинствата, но државата го покрива овој дел. Цената на берзата во последниот период се движи од 170 евра за мегават до 220 евра, а ние ја даваме цената за домаќинствата од 36 евра за мегават. Тоа е четири – пет пати пониска цена, со тоа што државата интервенираше на неколку начини и навремено, уште пред неколку месеци, затоа што беше евидентно дека со енергетските политики, со климатските промени, чекорите што ги преземаат и други земји, севкупното производство се зголемува во цена на чинење, побарувачката се повеќе се зголемува и тоа предизвикува ценовни шокови и последици“, рече Заев и додаде дека сериозно е зајакната ликвидноста и солвентноста на државата, што, како што вели, е доказ дека постепено излегуваме од кризата.

свет9 часа ago

Русија ги прекинува дипломатските односи со НАТО

свет10 часа ago

Почина Колин Пауел, првиот афроамериканец државен секретар на САД

македонија14 часа ago

Арсовска води пред Шилегов во Скопје со 4.000 разлика, после 80% пребројани гласови

македонија24 часа ago

Заев најави повеќе градоначалници одошто опозицијата, Мицкоски веќе прогласи победа на локалните

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

економија3 дена ago

Средба Народна банка – ММФ: Повисоката инфлација во Македонија е резултат на глобални притисоци

македонија4 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

македонија4 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

македонија4 дена ago

Димитров од Самитот на The Economist: ЕУ и Бугарија да покажат одговорност и лидерство

македонија4 дена ago

Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

македонија6 дена ago

Заев ја најави досега најголемата инвестиција во земјава: германската WPD ќе гради ветропарк од 500 милиони евра

регион5 дена ago

Немири на северот во Косово, Србин тешко повреден

македонија4 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

lifestyle6 дена ago

„Божиновски“ го донесе часовникот на Џејмс Бонд во својот новодизајниран салон

македонија6 дена ago

Утре во Скопје се одржува „Самитот на Западен Балкан“ организиран од лондонски The Economist

регион4 дена ago

Курти на Самитот во Скопје: Криминалот не познава националност. Старовиќ: Акцијата во Митровица е прекумерна употреба на сила

македонија6 дена ago

Струјата за домаќинства со иста цена до крајот на годинава

македонија4 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

свет7 дена ago

Директорката на ММФ, Георгиева, го „преживеа“ скандалот со Дуинг Бизнис