Connect with us

економија

Економски бум или трес наесен?!

Делта варијантата ја малакса економијата

објавено

на

Враќањето на работа што за септември го планираа повеќе компании повторно се пролонгира откако четвртиот бран на пандемијата предизвикан од делта варијантата на коронавирусот дојде порано и посилно од очекуваното. Со вакцинирана четвртина од населението и рестрикции во движењето за останатите граѓани коишто не примиле вакцина, наместо есенски економски бум, веќе е извесно дека до крајот на годината ќе изостане посакуваниот постпандемиски залет. Дека веќе се евидентни намалувањата на прометот денови по воведувањето на новите рестрикции што ги таргетираат невакцинираните граѓани, предупредуваат менаџерите од оние сектори кои што се најсензитивни на Ковид. Угостителите пријавуваат пад на приходите за дури 70% откако властите им наложија да примаат само вакцинирани гости. Освен нив, реагираа и сопствениците на дуќани и трговските центри, кои велат дека прометот е намален за 40%.

Враќањето на работа што за септември го планираа повеќе компании повторно се пролонгира откако четвртиот бран на пандемијата предизвикан од делта варијантата на коронавирусот дојде порано и посилно од очекуваното. Со вакцинирана четвртина од населението и рестрикции во движењето за останатите граѓани коишто не примиле вакцина, наместо есенски економски бум, веќе е извесно дека до крајот на годината ќе изостане посакуваниот постпандемиски залет.

За тоа сведочат и последните песимистички проценки на бизнисмените во врска со деловните тенденции следниот период.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули годинава е намален за 0,1 процентен поен во однос на месецот претходно и изнесува 14.9, но во однос на јули 2020 година е зголемен за 2,6 процентни поени.

Обезбеденоста на производството со нарачки во јули во однос на јуни годинава, е понеповолно, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се непроменети, покажува последната анкета на Државниот завод за статистика.

Според оваа анкета на Државниот завод за статистика, состојбата на обезбеденоста на производството со нарачки во јули во однос на јуни годинава, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се непроменети.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на јули 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2021 година изнесува 70,7% од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20,7%, неизвесното економско опкружување со 15,5%, недостигот на квалификувана работна сила со 16,7% и недоволната домашна побарувачка со 13,3%.

Дека веќе се евидентни намалувањата на прометот денови по воведувањето на новите рестрикции што ги таргетираат невакцинираните граѓани, предупредуваат менаџерите од оние сектори кои што се најсензитивни на Ковид.

Така, угостителите пријавуваат пад на приходите за дури 70% откако властите им наложија да примаат само вакцинирани гости.

Освен нив, реагираа и сопствениците на дуќани и трговските центри, кои велат дека прометот е намален за 40%.

„Уште од почетокот на пандемијата, трговските центри и дуќаните воедно и брендовите комплетно ги применуваат мерките за поголема борба против вирусот. Вработените и посетителите константно носат маски, имаме ограничувања на посетителите во продавниците, како и сигнализација на далечина, се користи дезинфекција, сите системи за вентилација редовно се чистат, дезинфицираат. Сепак и покрај сите овие мерки, втората мерка за вакцинирани лица целосно или со едно доза, ни направи да прометот се намали за 40%, што повторно се соочивме со уште еден бран на економски пад на нашите брендови, посочуваат од Фешн Груп. 

Тие велат дека максимално ги поддржуваат напорите на институциите за да се изборат со вирусот но сметаат дека мерките се остри и треба да се најде начин како да се регулира сето тоа, бидејќи во моментов трговските центри се речиси празни, посетеноста е намалена за 60% во споредба со минатиот месец.

„Како трговски центар регистриравме големи загуби во последните 1,5 години од почетокот на пандемијата, само за еден месец приходите на продавниците се намалени за 30 до 40 проценти, токму тие вложија големи напори да ја одвиваат својата работа по прописи. Можеби треба да се размисли за нова евентуална итна мерка, поточно посетителите во затворените молови да влегуваат со негативен брз тест, како што е пример во поголемите европски земји“, сугерираат од Сити Мол.

Од страна на бизнис секторот велат дека на ваков начин ја отежнува работата на бизнисите и драстично се намалува работата во дуќаните, како и затворање на своите бизниси доколку продолжи со ваквата мерка, така што треба да се најдат други начини да ги охрабрат граѓаните да се вакцинираат или да овозможат брзи тестови со ниски цени.

На овие апели од бизнис секторот, се огласи вицепремиерот за економски прашања на Владата, Фатмир Битиќи.

„Моментално ја следиме ситуацијата колку преземените мерки ќе имаат финансиски компликации. Во минатото сме биле претпазливи, ја следевме состојбата и сме преземале мерки доколку навистина беше потребно. Секако, мерките се привремени, сметам дека сите сме свесни дека мораа да се донесат. Доколку има потреба ќе разговараме со стопанските комори, претприемачите и ќе видиме која е моменталната можност за помош“, истакна Фатмир Битиќи.

Растот би можел да биде помал во 2021

Угостителите пријавуваат пад на приходите за дури 70% откако властите им наложија да примаат само вакцинирани гости.

Четвртиот бран на пандемијата беше еден од главните ризици што го антиципираа релевантните институции за економското закрепнување годинава, само што никој не може точно да предвиди колкава штета ќе нанесе бидејќи не се знае колку долго ќе трае и какви рестриктивни мерки ќе бара за негово ублажување. Властите во земјава а и глобално, се обидуваат што побрзо да го вакцинираат населението, меѓутоа, новите соеви на вирусот се шират побрзо отколку стапката на вакцинација и ја доведуваат во прашање ефикасноста на вакцините во превенирање на заразата и со тоа постигнување на колективен имунитет.

По падот на бруто домашниот производ (БДП) од 4,5% минатата година, и намалување на економската активност за 1,9% првите три месеци оваа година, се доведува во прашање остварувањето на планираната стапка на раст од околу 4% до крајот на 2021 година.

Меѓутоа, алтернативните сценарија на финансиските институции, како на пример на Народната банка, предвидуваат помал раст во услови на пролонгирана пандемија.

„Ризиците за растот и натаму се надолни и поврзани со справувањето со пандемијата. Нашето алтернативно сценарио покажува побавно закрепнување и понизок раст на домашната економија во 2021 и 2022 во просек за околу 1 п.п., во споредба со основната проекција“, потенцираа неодамна од Народната банка.

Според проценките на оваа институција од пред неколку месеци, се очекуваше  постепено закрепнување со раст од 3,9%. На среден рок се предвидува натамошно закрепнување, односно економскиот раст да биде ист и догодина, а потоа во 2023 да достигне 4%.

„Оваа динамика на раст сепак значи дека економијата би се вратила на преткризното ниво во текот на 2022 година, исто како во октомвриските проекции“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска.

Во однос на структурата на растот, како и при октомвриските проекции се очекува позитивен придонес на домашната побарувачка, а негативен на нето-извозот.

Во рамки на домашната побарувачка најголем позитивен придонес се предвидува од инвестициите, кои по високиот пад од 10% изминатата година се очекува да растат во просек оваа и наредната година за 9,4%, како резултат на раст на странските директни инвестиции (СДИ), интензивирање на државните и приватните домашни инвестиции при постабилен амбиент и натамошна солидна кредитна поддршка.

Личната потрошувачка исто така, по падот од 5,4% минатата година, се предвидува да расте во просек 3,7%, при зголемена склоност за потрошувачка со засилување на процесот на имунизација, пораст на расположливиот доход како резултат на поповолни движења и на пазарот на трудот, како и натамошна кредитна поддршка.

Во однос на извозот, по падот од 11% минатата година, НБМ очекува оваа и наредната година просечен раст од 7% во услови на закрепнување на странската побарувачка и позитивни ефекти од капацитетите со странски капитал, но и од дел од традиционалниот извозен сектор при поволна ценовна конјунктура.

Растот на извозот и домашната побарувачка (кои имаат голема увозна компонента) ќе доведат и до раст на увозот, со што нето-извозот ќе има негативен придонес. 

Според последните податоци од Заводот за статистика, охрабрувачки е растот на извозот во првата половина од годината од 39,1% споредено со истиот период лани, додека пак индустриското производство до јуни е за 6,6 поголемо на годишно ниво.

Оптимизам кај кредитните агенции

Сопствениците на дуќани и трговските центри, велат дека посетите од граѓаните се преполовени, а прометот е намален за 40%.

Справувањето со последиците од пандемијата врз економијата е една од позитивните забелешки на Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ којашто го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ- со стабилен изглед. Стабилниот изглед, како што е нотирано во извештајот за Северна Македонија а го објавува Агенцијата, ги рефлектира очекувањата дека проектираното економско заздравување на нашата држава ќе помогне во лимитирање на фискалниот и надворешниот дефицит следната година.

Агенцијата нотира дека рејтингот може да се зголеми доколку континуираните структурни реформи ги зајакнат институционалните капацитети истовремено зачувувајќи ги одржливите фискални политики.

Аспирациите за пристапување на нашата држава кон ЕУ може да бидат сидро за таквите институционални подобрувања и напредок на структурните реформи, се истакнува во извештајот.

„Економијата на Северна Македонија закрепнува од последиците од пандемијата. И покрај контракцијата во првото тримесечје, очекуваме дека економијата ќе оствари раст од 3,7 проценти. Растот е придвижен од закрепнувањето на странската побарувачка, којашто ги рефлектира спецификите на интеграцијата на Северна Македонија во меѓународните синџири на добавувачи, како и на приватната потрошувачка, како резултат на придобивките од заздравувањето на приватните трансфери и од владините мерки за поддршка на стопанството коишто го ублажија расположливиот доход“, се вели во извештајот.

Потенцијалното влошување на состојбата со пандемијата и придружните ограничувања остануваат ризик за економското закрепнување, но како што забележува Агенцијата, „извозот на земјата се покажа отпорен на наметнатите ограничувања“.

„Задржување на кредитниот рејтинг на истото ниво се базира на фактот дека мерките дадоа ефект за ублажување на кризата. Нашата економија во текот на годината, како што е наведено и во нашите проекции, ќе излезе од кризата, односно ќе има економски резултат и раст на БДП. Фискалната рамка како и одржливите фискални политики и економските мерки придонесоа да го задржиме кредитниот рејтинг“, изјави министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Во однос на ризиците што се наведени, Бесими вели дека едниот е од неекономска природа, како што е влошување на состојбата со пандемијата, додека вториот се однесува на европската перспектива и започнување на преговорите што ќе влијае на инвестициите. Отворањето на преговорите и реформските активности се очекува да влијаат врз подобрување на рејтингот.

„Надворешната отпорност на земјата се огледува во способноста за привлекување странски инвестиции, особено во областа на извозниот сектор, што може да се види и во состојбата на дефицитот на тековната сметка. Овој позитивен тренд се очекува да продолжи и во периодот од 2021 до 2024 година“, се вели во извештајот на „Стандард и Пурс“.

Во однос на државниот долг, „Стандард и Пурс“ очекува истиот да достигне 58 проценти од БДП до 2024 година.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија22 часа ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје

економија2 дена ago

Преку 800 гости на корпорацискиот прием на Фероинвест и Брако

македонија3 дена ago

Анѓушев на одбележувањето 20 години Фероинвест и Брако: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

македонија4 дена ago

Даниел Јанчевски, специјалист за е-commerce во Иуте кредит: Имплементираме напредни дигитални решенија за електронска трговија, со цел да им го олесниме секојдневието на купувачите и на локалните трговци

банки4 дена ago

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

банки5 дена ago

ЕБОР одобри 9 милиони евра за поддршка на млади претприемачи и „зелени“ инвестиции, кредитите ќе се одобруваат преку ПроКредит Банка

економија6 дена ago

Фероинвест и Брако денеска прославуваат 20-годишен јубилеј

македонија7 дена ago

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

економија1 недела ago

Одобрени  50 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за поддршка на македонските компании преку Развојната банка

банки1 недела ago

ПроКредит Групацијата постигна добри резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

македонија4 дена ago

Даниел Јанчевски, специјалист за е-commerce во Иуте кредит: Имплементираме напредни дигитални решенија за електронска трговија, со цел да им го олесниме секојдневието на купувачите и на локалните трговци

економија6 дена ago

Фероинвест и Брако денеска прославуваат 20-годишен јубилеј

економија1 недела ago

Одобрени  50 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за поддршка на македонските компании преку Развојната банка

македонија1 недела ago

Јубилејни часовници за работниците по повод 20 години од Брако и Фероинвест

банки1 недела ago

ПроКредит Групацијата постигна добри резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

македонија7 дена ago

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

банки4 дена ago

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

банки5 дена ago

ЕБОР одобри 9 милиони евра за поддршка на млади претприемачи и „зелени“ инвестиции, кредитите ќе се одобруваат преку ПроКредит Банка

македонија3 дена ago

Анѓушев на одбележувањето 20 години Фероинвест и Брако: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

економија2 дена ago

Преку 800 гости на корпорацискиот прием на Фероинвест и Брако