Connect with us

македонија

Експерти од Алибаба, Спотифај и Вибер ќе зборуваат на годишната конференција за е-трговија во Скопје

објавено

на

Во, досега најбогатата програма, конференцијата ќе биде домаќин на преку 25 домашни и странски експерти од 10 различни држави во светот, кои ќе го пренесат своето искуство и знаење преку клучни говори, панел дискусии и неформални разговори, на различни теми поврзани со можностите за раст на бизнисите во е-трговија, по многубројните адаптации што беа направени речиси во сите сфери на работењето, како одговор на глобалната пандемија.

Подготовките за најголемата конференција за е-трговија во Македонија, која оваа година по четврти пат ќе се одржи на 12 ноември под мотото „Ready, set, grow!”, се во полн ек.

И годинава, конференцијата за е-трговија ќе биде место каде што сите присутни ќе можат да ги прошират своите знаења во областа на е-трговијата, како и да се запознаат со домашните и странски експерти од областа на е-трговијата, дигитализацијата, е-плаќањата и дигиталниот маркетинг.

Во, досега најбогатата програма, конференцијата ќе биде домаќин на преку 25 домашни и странски експерти од 10 различни држави во светот, кои ќе го пренесат своето искуство и знаење преку клучни говори, панел дискусии и неформални разговори, на различни теми поврзани со можностите за раст на бизнисите во е-трговија, по многубројните адаптации што беа направени речиси во сите сфери на работењето, како одговор на глобалната пандемија.

Директно од светскиот гигант Алибаба („Alibaba Group“), на конференцијата ќе говори директорката за глобални клучни клиенти, Шарон Гаи, која ќе ја пренесе својата експертиза  за развојот на социјалната е-трговија и лекциите научени од Кина.  Своето искуство пред присутните ќе го претстави и Константин Костадинов од комуникациската платформа Вибер („Rakuten Viber“), кој работи како Директор на продажба за Централна и Југоисточна Европа и кој ќе зборува за моќта на апликациите за разговор и тоа како да ги вклучите корисниците и да постигнете успех со помош на дигиталниот маркетинг.

Листата на еминентни говорници на конференцијата е збогатена и со претставник од можеби најпопуларниот бренд во музичката стриминг индустрија, Ана Горка, која како партнер за Балканот во Спотифај („Spotify“) на публиката ќе им ги доближи можностите за рекламирање на Спотифај и како тоа може да помогне за градење свест за вашиот бренд.

Конференцијата годинава ќе се одржи во хибриден формат, односно учесниците ќе имаат можност да одберат дали преферираат учество на конференцијата со физичко присуство во хотел DoubleTree by Hilton, со следење на сите актуелни протоколи против ширење на пандемијата, или пак да ја следат конференцијата преку интернет, од удобноста на својот дом или на работно место.

Картите веќе се пуштени во продажба по специјална цена од 199 евра за физичко присуство и 49 евра за онлајн следење на конференцијата. 

Генерален партнер на конференцијата и оваа година е Мастеркард, додека А1 Македонија е дигитален партнер, а Фондот за иновации и технолошки развој ја поддржува конференцијата како организациски партнер. Конференцијата е поддржана од голем број компании, а меѓу нив се Касис и Пејтен како златни спонзори оваа година.

Повеќе информации за агендата и сите останати детали поврзани со конференцијата се достапни на официјалната веб страница на конференцијата: https://ecommerceconference.mk/   

банки8 часа ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија1 ден ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет4 дена ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија4 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион4 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија4 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија4 дена ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија4 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија4 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија1 недела ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

економија1 недела ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија4 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија4 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

економија4 дена ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

македонија4 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

регион4 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

свет4 дена ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?

банки4 дена ago

Дигитализација: До каде се македонските банки? Процесот е започнат и нема назад