Connect with us

македонија

Експерти од Google ги посетија македонските канцеларии на CrazyLabs, една од најголемите светски компании за мобилни игри

објавено

на

Google e веќе 10 години верен партнер на CrazyLabs, кој пак од друга страна е најголемиот клиент на Google, кога станува збор за адвертајзинг во мобилните игри.

Светски познатата компанија CrazyLabs, која важи за една од топ 3-те најдобри компании за мобилни игри на светско ниво, повторно ги пречека партнерите од американската компанија Google.

Овој пат директно од седиштето на Google во Калифорнија, 15-тина врвни стручњаци од Google ги посетија македонските канцеларии на CrazyLabs во Скопје. Интересно е да се напомене дека Google e веќе 10 години верен партнер на CrazyLabs, кој пак од друга страна е најголемиот клиент на Google, кога станува збор за адвертајзинг во мобилните игри.

Главната цел на посетата на Google беше детално разгледување на сите взаемни процеси и продукти за кои во моментов има силна соработка помеѓу двете компании.

Посетата беше структуирана како повеќедневна хибридна работилница. Eксперти од двете компании дискутираа, презентираа и работеа главно на усовршување на постоечките процеси и продукти, како и детално планирање на идниот развој на нови иновативни технологии.

Една од клучните теми на дискусија беше ad monetization на мобилните игри, кои што

CrazyLabs ги нуди на светскиот пазар.

За оние на кои не им е познат терминот “ad monetization на мобилни игри”, најлесното објаснување би било – генерирање на паричен прилив од една мобилна игра, преку сервирање дигитален адвертајзинг во истата.

За оваа цел CrazyLabs користи продукти на Google, за полесен и попрецизен пристап до глобалниот дигитален адвертајзинг простор.

Задоволни сме од целосната посета, и посебно среќни што баш македонската канцеларија беше домаќин на оваа средба. Драго ни е што CrazyLabs е најголемиот партнер кој што Google го има денес во мобилната гејминг индустрија.

Се дискутираше на многу теми главно поврзани со продуктите кој ги користиме. Имавме и отворена дискусија за поддршката од Google што ни потребна за тоа што сакаме да го постигнеме следно. Како еден од лидерите во mobile gaming индустријата имаме големи планови за иднината.“– изјави Игор кој е VP ad monetization во CrazyLabs.

Ова е само почеток на многуте средби кои ги очекуваме во CrazyLabs Македонија. Благодарение на CrazyLabs отворена е вратата за Google да продолжи да ги ужива посетите во Македонија.

Доколку сакате да бидете дел од тимот кој е во топ-3 гејминг-компании во светот, погледнете ги нивните моментално отворени огласи на следниот линк: https://www.crazylabs.com/careers/skopje/

ПР текст

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал