Connect with us

македонија

Експерти од Google и Payoneer ќе бидат дел од годишната конференција за е-трговија

објавено

на

Во, досега најбогатата програма, конференцијата ќе биде домаќин на преку 25 домашни и странски експерти од 10 различни држави во светот, кои ќе го пренесат своето искуство и знаење преку клучни говори, панел дискусии и неформални разговори.

Подготовките за најголемата конференција за е-трговија во Македонија, која годинава ќе се одржи на 11 ноември под мотото „E-commerce: Accelerate“, се во полн ек.

И годинава, конференцијата за е-трговија ќе биде место каде што сите присутни ќе можат да ги прошират своите знаења во областа на е-трговијата, како и да се запознаат со домашните и странски експерти од областа на е-трговијата, дигитализацијата, е-плаќањата и дигиталниот маркетинг.

Во, досега најбогатата програма, конференцијата ќе биде домаќин на преку 25 домашни и странски експерти од 10 различни држави во светот, кои ќе го пренесат своето искуство и знаење преку клучни говори, панел дискусии и неформални разговори, на различни теми поврзани со можностите за  забрзување, како клучен дел од претприемачкиот екосистем за постигнување на раст и развој на бизнисите.

Директно од светскиот гигант Гугл („Google“), на конференцијата ќе говори менаџерот за развој на бизнисот, Амин Сиала, а своето искуство пред присутните ќе го претстави и Никола Механџиќ од Пејонир („Payoneer”) кој работи како раководител за Србија и централна и источна Европа.

Листата на еминентни говорници на конференцијата е збогатена и со претставник од еден од гигантите во социјалните медиуми, Петар Јевтиќ, кој како регионален партнер за клиенти во поранешниот Фејсбук, а сегашен Мета („Meta“) oд Httpool на публиката ќе и ги разбие митовите кога станува збор за рекламирање на Мета платформите (Инстаграм, Фејсбук), главно од перформанс маркетинг гледна точка.

Освен ова, во сеопфатната програма на конференцијата официјално ќе се споделат податоци од годишниот преглед на анализата за е-трговија за 2022 година, ќе се зборува и за можностите кои ги нуди е-трговијата во регионот, за правилно користење на дигиталниот маркетинг, нови технологии и автоматизација на процеси, за промените на навиките кај купувачите предизвикани од е-трговијата, а ќе бидат споделени и искуства од бизнисите од успешните е-трговци во регионот – Alma Raz од Босна и Херцеговина, Militaryshop и Ananas од Србија, FitKit и Paket.мк од С.Македонија и многу други.

Инаку, конференцијата годинава за првпат добива регионален карактер и на истата се очекува да присуствуваат повеќе од 400 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори на компании и владини претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Бугарија и Хрватска што ја прави уникатна и единствена во регионот во своето петто јубилејно издание.   

Повеќе информации за агендата и сите останати детали поврзани со конференцијата, вклучувајќи ги и картите кои се пуштени во продажба, се достапни на официјалната веб страница на конференцијата: https://ecommerceconference.mk/   

македонија2 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија19 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација