Connect with us

интервју

Елена Цанева и Елена Стоичкова: Атлантик Група е компанија во која на луѓето им се даваат вистински еднакви можности

Елена Цанева и Елена Стоичкова, дел од топ менаџментот на Атлантик Група во Македонија

објавено

на

„Свесни дека во надворешното опкружување жените и понатаму се соочуваат со многу бариери, заеднички делуваме за позитивни промени и иницијативи кои ја промовираат родовата еднаквост. Атлантик Група е компанија каде жените имаат 55% од раководните позиции и 58% учество во развојните програми. Истовремено, демонстрираат и сѐ поголема амбициозност во пријавување на интерните огласи, каде 52% од интерните вработувања се жени.“

На Атлантик Група не ѝ е потребна посебна најава, бидејќи домашните читатели лесно ќе ја препознаат како компанијата која стои зад некои од традиционално најомилените производи на овој регион, како што е кафето Гранд – мирисот и вкусот на Балканот, деликатесните намази Аргета, секогаш популарната Цедевита и слаткиот вкус на Штарк. Но, нас не’ интересира другата страна, односно личниот впечаток за тоа како е да се работи за силна регионална и меѓународна компанија,  да се биде дел од нејзиниот топ менаџмент, придонесувајќи за одржлив раст и развој, вклучително и политики за родова еднаквост.  Разговаравме со Елена Цанева, бизнис партнер за човечки потенцијали и култура, одговорна за уште неколку пазари освен македонскиот, како и со Елена Стоичкова, Директор за клучни купувачи и бренд операции во Атлантик Група Македонија.

Како е да се работи за компанија со силно глобално влијание? Колку е предизвикувачки да се чекорат организационите скалила во Атлантик Група?

Елена Цанева, бизнис партнер за човечки потенцијали и култура
„Нашиот корпоративен слоган е “Создаваме вкусови што ги сакате” и тоа го пренесуваме и во креирањето на различни иницијативи кои ги поддржуваат вработените во целокупниот кариерен пат нудејќи им различни “вкусови” прилагодени на нивните потреби. Еден од овие вкусови е вкусот на благосостојба кој овозможува преку здраво тело, отворен ум и авантуристички дух да се постигне здраво и балансирано секојдневие и иста таква кариера.“

Елена Цанева: На почетокот на мојата кариера, како типичен претставник на генерацијата Y, она што ми беше најважно е да работам во компанија каде што ќе можам кариерно да напредувам, работата да ми биде толку разнолика што ниту еден ден нема да биде ист и во идеални услови да вклучува патувања и размена на интернационални искуства. Уште во првата недела во Атлантик Група ми беше јасно дека динамиката, атмосферата и односите помеѓу вработените совршено одговараат на мојот темперамент, а дванаесет години подоцна можам да кажам дека сето она што го имав иницијално замислено ми се оствари и тоа во рамките на една компанија. Според моето лично искуство, предноста на Атлантик Група е во тоа што и покрај големината на системот кој опфаќа осум држави и над 5.000 вработени, секој кој има желба може да добие не само шанса туку и поддршка за амбициите кои ги има. До сега, освен во Македонија, имав можност да работам и во Русија, Германија, Хрватска, Словенија и Австрија и од денешен аспект, после многу години, можам да кажам дека разноликоста, знаењето и новите перспективи кои ги добив во Атлантик Група се незаменливо искуство кои освен нови предизвици, носат и возбуда за идниот развој и на лично и на професионално поле.

Елена Стоичкова, Директор за клучни купувачи и бренд операции.
„Различностите не само што се потребни, туку се и клучни за еден силен и продуктивен тим.  Заеднички се меѓусебната почит, поддршката, насоченоста кон остварување на индивидуалните и тимски цели, како и  отворената комуникација. Во овој контекст, негуваме атмосфера каде се поттикнува размена на повратни информации што ни служи како основа за детектирање и развивање на индивидуалните, но и тимските силни страни и области за понатамошен развој преку различни програми.“

Елена Стоичкова: Од самиот почеток во Атлантик Група во центарот на мојот личен впечаток се луѓето. Иако пред повеќе од 10 години немав јасна претстава како ќе изгледа мојот кариерен пат, јасно ми беше дека сум дел од компанија каде можам постојано да го надградувам своето знаење, бидејќи сум опкружена со луѓе кои несебично споделуваат искуства, даваат поддршка и отворено комуницираат, што е клучно за совладување на предизвиците и за развој во секоја смисла на зборот. Кога ќе се навратам, од моите почетоци до сега, можностите за кариерен напредок го следеа темпото на моите амбиции, што е само еден од многуте примери за флексибилност и поврзување на можностите за вработените со организациските потреби.

Денес како раководител на голем тим, она што ми е во фокус е постојаниот развој и напредок на членовите во тимот преку пристап прилагоден на нивните индивидуални потреби. Од друга страна, долгорочната соработка и комуникација со сите наши деловни партнери дополнително придонесуваат како за мој личен напредок, така и за колективното знаење во компанијата. Би ги истакнала и дигиталните компетенции кои се од критично значење за одржување на чекор со континуираната модернизација и автоматизација во компанијата.

Одговорноста е голема, а за мене  уште поголемо е задоволството да се биде дел од организација која го поттикнува секој вработен да стане најдобрата верзија од себеси.

Со оглед на вашата позиција, лесно е да се претпостави дека редовно ги следите трендовите не само во вашата индустрија, туку и пошироко. Кои политики ги спроведува компанијата што ја прават да се истакне помеѓу останатите на пазарот на труд?

Елена Цанева: Невозможно е да се креира успешна стратегија во чија основа не се луѓето и тоа е главен предуслов за раст и остварување на нашите стратешки цели. Нашиот корпоративен слоган е “Создаваме вкусови што ги сакате” и тоа го пренесуваме и во креирањето на различни иницијативи кои ги поддржуваат вработените во целокупниот кариерен пат нудејќи им различни “вкусови” прилагодени на нивните потреби. Еден од овие вкусови е вкусот на благосостојба кој овозможува преку здраво тело, отворен ум и авантуристички дух да се постигне здраво и балансирано секојдневие и иста таква кариера. Бесплатни систематски прегледи, бројни спортски активности, можности за дополнително усовршување, подолг годишен одмор, поддршка во тешки животни ситуации се само дел од бенефитите преку кои вработените можат полесно да го пронајдат својот “зен”. Од друга страна, преку вкусот на исклучителност се трудиме да го задоволиме сечиј апетит за кариерен развој, хоризонтално или вертикално, преку различни можности за промена на позиции, брендови, дури и држави. Го славиме секое достигнување преку различни тимски и индивидуални признанија и награди, програмата за Flex Benefits, стимулации, стратешки, иновативни и акционерски можности, божиќни бонуси и подароци. Една од овие иницијативи е и проектот Атлантик Банка која во 2022 година ја доби наградата за најдобра HR практика по избор на Македонската асоцијација на човечки ресурси (МАЧР) и MojPosao. Настојуваме да бидеме тука за нашите луѓе и нивните најблиски во секој момент од животот, кога им треба наша поддршка или кога бараат инспирација да направат нешто ново или подобро за себе.

Секоја година сведочиме нови трендови и нови активности кои HR тимовите ги применуваат во нивните организации. Некогаш се работи за нови начини на работа, некогаш за подобрувања на постоечките, но секогаш со цел да се подобри работното искуство или пак продуктивноста на компанијата. Какви промени очекувате во Атлантик Група во текот на 2024 година?

Елена Цанева: Она што сметам дека е предност на Атлантик Група, е што е присутна во осум држави, секоја во посебен развоен циклус што нуди уникатна можност покрај следењето на трендовите на глобално ниво, забрзано да ги спроведува под влијание на поразвиените држави каде истите порано се појавуваат. Еден од најголемите трендови во моментот е влијанието на технологијата која поставува нови амбиции во нашиот сектор. Она што нѐ очекува во 2024 е несомнено имплементација на нови и надградување на постоечките решенија во цела компанија, што во нашиот сектор ќе значи преобликување на работните позиции кои ќе ги следат овие технологии, дефинирање на нов сет компетенции и креирање програми за re-skilling на вработените. Дигиталната агенда несомнено ќе предизвика промена на целокупниот изглед на позициите и процесите кои денес ни се познати, што е до некаде потребно со оглед на тоа што денес имаме пет различни генерации во рамките на една компанија, секоја со свои карактеристики. Од друга страна, пазарот на труд е многу поотворен така што предизвикот за 2024 не е само како да привлечеме кандидати во земјата каде што работиме, туку дали може да бидеме атрактивни и во поширока смисла на зборот.

Работите во поголем и мешан тим од мажи и жени на различна возраст и со различни интереси, а сепак – продуктивноста и организираноста е она што ве истакнува. Како е да се работи со ваков тим? Кои се најголемите секојдневни предизвици со кои се соочувате?

Елена Стоичкова: Различностите не само што се потребни, туку се и клучни за еден силен и продуктивен тим.  Заеднички се меѓусебната почит, поддршката, насоченоста кон остварување на индивидуалните и тимски цели, како и  отворената комуникација. Во овој контекст, негуваме атмосфера каде се поттикнува размена на повратни информации што ни служи како основа за детектирање и развивање на индивидуалните, но и тимските силни страни и области за понатамошен развој преку различни програми. Една од нив е интерната академија TrAAG, која нуди сет едукации преку кои се надградуваат hard и soft вештините и се развиваат конкретни компетенции потребни за секоја позиција. Постојат и иницијативи за подобрување на квалитетот на живот преку кои активно се развива свесноста за значењето на балансот помеѓу професионалниот и приватниот живот, со оглед на тоа што индустријата во која работиме е изразено динамична, а тоа носи предизвици во секојдневното работење. Успешно ги надминуваме со добра организација, јасно поставени приоритети, меѓусекторска соработка и поддршка од сите нивоа на раководство во компанијата. Честопати се покажало дека моменталниот предизвик во себе крие можност за идни позитивни промени, и затоа се трудиме да во предизвиците не гледаме препреки, туку да препознаваме прилики.

За долгорочен успех и одржлив развој освен можности, неопходни се и самоиницијативност, храброст и грешки од кои се учи. Се гордеам со постигнувањата на мојот тим, кој во целата својата разновидност ја споделува и заедничката карактеристика на страст кон работата, што е клучна состојка за лично задоволство и исклучителни резултати кои постојано се стремиме да ги надминуваме.

Вие сте уште еден пример на успешна жена во бизнис светот, во компанија каде значаен дел од одделите се раководени токму од жени. Kакви практики применува компанијата за да го поддржи женското лидерство и какво е вашето искуство со нив? Постои ли некоја иницијатива која би ја издвоиле како најпродуктивна?

Елена Стоичкова:  Атлантик Група е компанија во која се цени квалитетот, посветеноста и желбата за работа, а на луѓето им се даваат вистински еднакви шанси. Тоа е позитивна практика во работењето на компанијата, преку која соодветно се истакнуваат и достигнувањата на жените. Свесни дека во надворешното опкружување жените и понатаму се соочуваат со многу бариери, заеднички делуваме за позитивни промени и иницијативи кои ја промовираат родовата еднаквост. Атлантик Група е компанија каде жените имаат 55% од раководните позиции и 58% учество во развојните програми. Истовремено, демонстрираат и сѐ поголема амбициозност во пријавување на интерните огласи, каде 52% од интерните вработувања се жени. Овие податоци доволно јасно ја опишуваат нашата организација и нејзините политики и цели за развој на автентично лидерство, каде се негува разноликост и се мотивира градење на лидери кои освен со врвна професионалност, се одликуваат и со грижа за развојот и благосостојбата на членовите во своите тимови.

банки2 дена ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет2 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет2 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании2 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион2 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија2 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

македонија2 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

економија2 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

економија2 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет2 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

економија2 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет2 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион2 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија2 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

свет2 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

економија2 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

технологии / компании2 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

менаџмент / маркетинг2 дена ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

македонија2 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

банки5 дена ago

Управната зграда на УНИБанка во Скопје сама ќе произведува струја од фотоволтаична централа