Connect with us

интервју

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

Емилија Спировска, член на УО на ПроКредит Банка

објавено

на

На групациско ниво, од 2017 година подготвуваме Извештај за одржливост, во согласност со GRI. Стандардизираното известување дава кредибилитет на податоците кои се објавуваат и овозможува нивна мерливост и споредливост низ времето или во рамките на иста индустрија.

Со оглед на тоа дека ПроКредит банка е позната по ревносното имплементирање на стратегијата за општествено одговорно работење со години наназад, Ве молам  објаснете ја повеќеслојноста во дејствувањето во овој контекст?

Кон корпоративната одговорност во ПроКредит Банка пристапуваме суштински, целосно, низ интегриран систем кој се базира на три нивоа:

Првиот столб се базира на активности кои се насочени кон “зелено кредитирање” т.е. финансирање на проекти за енергетска ефикасност, производство на енергија од обновливи извори, или инвестиции кои придонесуваат за заштита на животната средина. Во моментов 20% од нашите кредитни пласмани се насочени токму во овие т.н. зелени кредити. До сега, само во фотоволтаични централи имаме пласирано околу 25 милиони евра, односно учествуваме во финансирање на 40 MW капацитети. Исто така, важно е да се спомне  дека ПроКредит беше прва банка која одржа повеќе од 10 работилници на кои присуствуваа повеќе од 300 македонски претприемачи промовирајќи инвестирање во фотоволтаични панели на кров за сопствена употреба уште од 2019 година, далеку пред значајниот скок во цената на електричната енергија.

Вториот столб на нашиот систем е строгата контрола на нашите кредитни активности од негативно еколошко или социјално влијание. Тоа значи дека имаме систематизација на сите индустрии според нивото на ризик кон животната средина, но и кон условите за работа на вработените. Како дејности со повисоко ниво на ризик, согласно определените критериуми се оценуваат: третман на отпадни води и други резидуали од производствен процес, издувни гасови, здравје и безбедност при работа. Доколку одредена компанија не ги исполнува бараните стандарди (кои неретко се повисоки од минимум пропишаните од страна на регулаторот), и не е подготвена да вложи во систем на подобрување, ние како банка одбиваме кредитна поддршка. Истото важи и за рестрикциите кон било какво финансирање на дејности поврзани со ископ на јаглен, активности во заштитени зони и национални паркови, производство и трговија со пластика за еднократна употреба.

Трето, како компанија и вработени преку примери во пракса секојдневно покажуваме дека го живееме она за кое се залагаме. Рационално ги користиме ресурсите и се обидуваме да го минимализираме негативното влијание кое го оставаме врз животната средина преку нашите редовни активности. Што тоа значи во пракса? Користење на електрична енергија произведена од сопствена фотонапонска централа, користење на електрични возила, заштеда на хартија преку комплетна дигитализација на интерните процеси и документација, избор на одржливи добавувачи, секаде каде е можно користење на рециклирани материјали, селекција на отпад, забрана за користење на пластика за еднократна употреба и слично. Исто така, зградата, која ја изградивме како дирекција е енергетски ефикасна, сертифицирана со EDGE, прва од ваков тип во земјава.

ПроКредит Групацијата ги мери ефектите од својата општествено одговорна стратегија, па кажете ни нешто повеќе за годишниот извештај што се подготвува на групациско ниво?

На групациско ниво, од 2017 година подготвуваме Извештај за одржливост, во согласност со GRI (Global Reporting Initiative) стандардите. Стандардизираното известување дава кредибилитет на податоците кои се објавуваат и овозможува нивна мерливост и споредливост низ времето или во рамките на иста индустрија.

Во рамки на овој извештај, на ниво на групација, имаме дефинирано материјални аспекти кои се важни за пошироката заедница: вработените, клиентите, соработниците, кредиторите, основачите. Преку Извештајот за одржливост, известуваме за нашиот напредок од аспект на одржливо и одговорно финансирање, заштита на животната и социјалната средина. Воедно, известуваме и за нашиот однос кон вработените, недискриминаторскиот став, вложувањето во образование и развој на нашите вработени, како и системот на наградување. Секој од овие аспекти е поткрепен со конкретни податоци.

Овие извештаи се јавно достапни и може да се најдат на веб страницата на ПроКредит Холдинг  (procredit-holding.com)\. На тој начин е овозможена максимална транспарентност за работата на  ПроКредит Групацијата. Исто така, објавуваме Edison EDGE извештај за ESG (Environmental, Social, Governance) перформансот на ПроКредит Групацијата. Во самиот извештај се дава споредба за нашиот перформанс, во ESG  доменот, во споредба со претставници од конкуренцијата во банкарската индустрија – резултатот од овие извештаи покажува дека нашата просечна оценка е значително повисока во споредба со останатите.

Овој начин на екстензивното и стандардизирано известување во сферата на корпоративна одговорност е во духот на целосна транспарентност. Така, секоја компанија која се декларира за општествено одговорна компанија може да даде отчет на своите активности на аргументиран начин и да направи дистинкција во однос на компаниите кои се промовираат како корпоративно одговорна компанија, а таа одговорност за жал не оди подалеку од давање на донации.

ПроКредит Групацијата веќе подолго време е заговорник и дава сопствен пример за водење грижа за екологијата и корпоративната одговорност генерално. Можете ли да го квантифицирате вашето групациско влијание или да дадете некои примери на ваши активности?

ПроКредит Групацијата ја намали емисијата на стакленички гасови (директната емисија од користење на нашите возила и индиректна емисија од користење на енергија) за 42% за периодот од 2018-2022 година. Во оваа насока целиме да станеме јаглерод – неутрални до крајот на 2023 година. Дополнително од 2021 одлучивме да се приклучиме кон Partnership for Carbon Accounting Financials (PCAF), што преставува стандард за мерење и на јаглеродниот отпечаток кој се генерира како резултат на нашите финансиски активности.

Како резултат на нашата комплетна дигитализација, само изминатата година во Македонија успеавме да ја намалиме потрошувачката на хартија и покрај значителното зголемување на бројот на бизнис клиенти од 17% и над 12% на физички лица.

За нас, исклучително важен критериум во процесот на започнување соработка со клиенти и надворешни соработници се и етичките практики на компаниите, вклучувајќи го третманот на вработените. Па така, врз база на доказите за прекршување на најосновните човекови и работнички права на Ујгурите во регионот Ксинџијанг во Кина, заземавме цврст став и ги исклучивме посочените компании и производители на панели од финансирање. Инаку, учеството на овие засегнати производители на панели е значајно на светско ниво. Во секој случај ние не сме подготвени да го развиваме нашето кредитно портфолио во соларната енергија со опрема од компаниите кои се директно или индиректно вклучени во експлоатација на работна сила, односно модерно ропство.

Одговорноста на компанијата можеби најдобро се гледа преку јасната и транспарентна постапка за вработување во институцијата, каде процесот на селекција и избор на секој нов вработен се базира строго на личниот интегритет, способностите на кандидатите, како и желбата за учење и професионално усовршување. Посветуваме посебно внимание за обуката и развојот на секој еден вработен каде што 30% од вработените поминаа во изучување на англискиот јазик, додека 30% од вработените поминаа низ повеќегодишни обуки во нашиот тренинг центар во Германија. Во институцијата постои јасна и транспарентна платна структура, а платите на вработените се ревидираат на годишно ниво врз база на придонесот и индивидуалниот развој.

Родовата еднаквост е уште една од вредностите кои ја карактеризираат ПроКредит банка. Па така, во ПроКредит Македонија, 61% од вработените се жени, додека на раководителски позиции жените учествуваат со 80%. На овој факт сме навистина горди бидејќи преку јасни бројки ја отсликува корпоративна култура која промовира еднакви можности за сите.

банки4 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите