Connect with us

интервју

Емилија Спировска: ESG Концептот е основа за одржливо финансирање од страна на банките

Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка

објавено

на

“Компаниите, вклучувајќи го и финансискиот сектор имаат исклучителна улога во поставување на здрава основа за водење на економијата на одржлив начин. Начин кој нема да ги загрози можностите на идните генерации да располагаат со ресурсите кои ние денес ги користиме, кој нема да прави компромис по здравјето на населението, третманот на вработените, деловната етика или грижата за животната средина, се со цел да оствари повисок профит.” Управниот одбор на ПроКредит Банка.

Многу e мало познавањето  за значењето на терминологијата ESG, Ве молам објаснете каква е поврзаноста на ESG концептот со одржливиот развој на компаниите?

Глобалните предизвици поврзани со климатските промени, социјалната нееднаквост, ранливоста на енергетските системи и одржливоста на социо -економското опкружување, во последните неколку години станаа исклучително битни теми кои треба да ја засегаат секоја една компанија, но и индивидуа. 

Тековниот економски модел  на долг рок е едноставно неодржлив. Располагаме со ограничени планетарни ресурси за да очекуваме во недоглед нивно експоненцијално експлоатирање или пак да продолжиме со трендот на загадување, кое на крајот се одразува на квалитетот на живот на целото општество. Суровата трка за максимизирање на профитите често оди на товар на општеството, а тоа е стабилноста на еколошкиот систем и животната средина. Впрочем и не треба да не зачуди како сите овие еколошки предизвици со кои сега се соочуваме потоа се претопуваат во економски или социјални предизвици на нашата генерација.

Компаниите, вклучувајќи го и финансискиот сектор имаат исклучителна улога во поставување на здрава основа за водење на економијата на одржлив начин. Начин кој нема да ги загрози можностите на идните генерации да располагаат со ресурсите кои ние денес ги користиме, кој нема да прави компромис по здравјето на населението, третманот на вработените, деловната етика или грижата за животната средина, се со цел да оствари повисок профит. 

Затоа, заради сите предизвици со кои се соочуваме постепено се менуваат очекувањата на пазарот за улогата и социо-еколошкото влијание кое го имаат компаниите. Ако во минатото се оценуваше успешноста на одредена компанија преку финансиските резултати и синонимот за успех беше профитот, денес се повеќе се следи какво е влијанието на компанијата на опкружувањето.

Затоа, се повеќе од компаниите, дел заради барање на регулативата, останатите заради очекувањата на пазарот, го прилагодуваат сопствениот бизнис модел со практикување на одржливи мерки на управување, уште и познат како ESG концепт на управување.

ESG концептот дава конкретни насоки преку кои се управува, следи и мери влијанието на компаниите кон животната средина (Еnvironment), општеството (Social) и на корпоративно управување (Governance). Она што го прави ESG различен од претходните концепти на корпоративна одговорност или зелена одржливост е мерливоста на постигнатите резултати и транспарентност преку нефинансиското известување кое овозможува споредливост помеѓу различни индустрии и институции.

Дополнително, преку нефинансиското известување кое веќе претставува стандард или регулатива во голем дел од западно развиениот свет,  компаниите, ќе ги избираат своите бизнис партнери, а инвеститорите врз база на ESG концептот ќе одлучат во која компанија ќе инвестираат. Со тоа дополнително ќе направат притисок за прилагодување на сите останати компании кои се уште не го применуваат ESG концептот во сопственото работење.

Што значи имплементација на Е компонентата од ESG концептот во бизнис стратегијата на една банка и како го следите и мерите во ПроКредит Банка?

Кога станува збор за компонентата Е – environment или влијанието кон животна средина, се става акцент на еколошкото влијание кое го имаме преку нашите активности но и преку соработката со нашите клиенти и добавувачи. Конкретно преку мерење на нашето еколошко влијание, се обидуваме да ја минимизираме нашата емисија на стакленички гасови, заради што работиме на сопствената енергетска ефикасност,  користиме обновливи извори на енергија, го редуцираме креирањето на отпад кој потоа го селектираме заради идно рециклирање, како и превземаме активности за намалување на аеро загадувањето преку користење на електрични возила.

Така, до сега значајно ја намаливме употребата на хартија преку дигитализација на голем дел од нашите интерни процеси. Применуваме високи еколошки и енергетски стандарди при изградба, реновирање и опремување на нашата деловна мрежа со што потрошувачката на струја на м2 ја преполовивме во последните неколку години. Истовремено сме и лидери во електромобилноста каде 70% од нашиот возен парк вози на струја произведена од фотоволтаичната централа поставена на кровот од нашата Централна управа.

Применуваме високи еколошки и енергетски стандарди при изградба, реновирање и опремување на нашата деловна мрежа со што потрошувачката на струја на м2 ја преполовивме во последните неколку години. Истовремено сме и лидери во електромобилноста каде 70% од нашиот возен парк вози на струја произведена од фотоволтаичната централа поставена на кровот од нашата Централна управа, вели Емилија Спировска. 

Влијанието кон животната средина го следиме и управуваме и преку соработката со клиентите во процесот на кредитирање, т.е. колку инвестициите кои ги финансираме придонесуваат за зголемена или намалена емисија на стакленички гасови. До сега, околу 20% од нашето кредитно портфолио е пласирано во кредити кои имаат влијание во намалување на емисијата на стакленички гасови. Заради нашата проактивна и советодавна улога, компаниите кои се клиенти на ПроКредит Банка инвестираат во фотоволтаични централи за сопствена употреба дури три пати повеќе во однос на останатите компании кои не се наши клиенти. Така, до сега имаме финансирано преку 100 фотоволтаични централи поставени на кров со преку 23 МВ инсталиран капацитет.

Дополнително, соодветно го проценуваме и еколошкиот ризик во соработката со секој клиент со цел да избегнеме пласирање на средства во еколошки или социјално не подобни проекти. Првиот филтер е листа на активности со кои не соработуваме, а кои имаат негативно еколошко влијание, како на пример инвестициите во заштитени зони, производството на пластика за еднократна употреба или инвестиции во подземни ископи и рудници. Кај останатите клиенти интерно го проценуваме еколошкиот ризик од секој кредитен пласман, а во одредени случаи ангажираме екстерни соработници кои тоа го прават во наше име.

Како општествената компонента (S- Society) е интегрирана во стратегијата на ПроКредит и како истата ја мерите?

Прашањето на општественото влијание во ПроКредит е длабоко интегрирано како во рамки на делувањето на секторот за Човечки ресурси, така и во работењето со нашите клиенти.

Во ПроКредит Банка постои јасна и транспарентна постапка за вработување во институцијата, каде процесот на селекција и избор на секој нов вработен се базира строго на личниот интегритет, способностите на кандидатите, како и желбата за учење и професионално усовршување. Посветуваме особено внимание за обуката и развојот на секој еден вработен каде што 30% од вработените поминаа во изучување на англискиот јазик, додека 30% од вработените поминаа низ повеќегодишни обуки во нашиот тренинг центар во Германија. Во институцијата постои јасна и транспарентна платна структура, а платите на вработените се ревидираат на годишно ниво врз база на придонесот и индивидуалниот развој.

ESG концептот дава конкретни насоки преку кои се управува, следи и мери влијанието на компаниите кон животната средина (Еnvironment), општеството (Social) и на корпоративно управување (Governance). На илустрацијата може да ги видите постигнувањата на ПроКредит групацијата во делот на остварување на ESG концептот при работењето, како на пример, дека од 2018-2021 година Групацијата ги намалила сопствените емисии на CO2 за 56%.

Дополнително се трудиме да обезбедиме соодветни услови за работа со примена на високи стандарди за здравјето и безбедноста на работните места, што се покажа исклучително важно во последните две години во услови на Ковид пандемијата. Новина е и можноста за флексибилност во извршување на работните задачи на нашите вработени со работа од дома, за што инвестиравме во нови преносни компјутери и соодветни безбедносни протоколи за работа од дома.

Дали преку процесот на кредитирање ПроКредит Банка има и општествено влијание на нашиот пазар?

Во ПроКредит Банка одговорно кредитираме во зависност од платежната способност на нашите клиенти и одлуката не ја носиме исклучиво на залогот кои го нуди клиентот.

Не промовираме потрошувачки кредити и цврсто стоиме на ставот дека неконтролираното потрошувачко кредитирање е исклучително штетно за општеството и придонесува до презадолженост и осиромашување на населението, особено со се поагресивната појава на финансиските институции за пласман на брзи кредити. Покрај тоа,  во Банката користиме листа на активности кои не се социјално подобни и со кои не соработуваме заради негативните општествени влијанија. Тука мислам на дејности поврзани со игрите на среќа, инвестициите во крипто валутите, но и секторот за производство и трговија на оружје или ангажирањето на присилната работна сила. Кај сите останати кои не се дел од оваа листа на активности, соодветно го проценуваме социјалниот ризик при пласманот на секој еден кредит. Доколку се утврди дека принципите на здравје и безбедност при работа се загрозени тоа може да резултира со прекин на соработката со клиентите.

Што за ПроКредит значи третата компонентата (G- Governance) и како истата се управува и следи?

Станува збор за исклучителна релевантна компонента во ESG концептот. Тука говориме за тоа каков е начинот на кој ја водиме банката, т.е. културата на управување, комуницирање, известување, но и кои се вредностите кои ги следиме и колку сме независни во процесот на управување од коруптивни или локал политички влијанија. Во ПроКредит постои култура на управување која се води според принципите на одржливо финансирање, т.е. кохезија во реализацијата на нашите еколошки, социјални и економски цели. Во управувачката структура имаме во просек израмнето полово учество а соодносот на највисоката со најниската плата во Банката не е повеќе од 8. Кога сме кај платите, во ПроКредит не постои бонус систем врзан со остварени таргети. Пред се, се цени и почитува квалитетот на сработеното, иницијативноста, тимската работа, одговорноста, колегијалноста и толеранцијата за сметка на трката по индивидуални остварувања. Негуваме култура на отворена комуникација и политика на отворена врата која е резултат на едноставната хиерархиска структура на управување и придонесува за непосредна комуникација и навремено адресирање на разни оперативни проблеми или неправилности.

Дополнително, отворено комуницираме за остварените резултатите од работењето како за финансиските така и за нефинансиските  достигнувања. Веќе 5 години подготвуваме и објавуваме нефинансиски извештај кој известува за ESG принципите од работата на ПроКредит Групацијата. (https://www.procredit-holding.com/downloads/)

Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка

Притисокот за примена ќе се засили како резултат на регулативата која прашање е на време кога ќе почне да се применува и во Македонија како стандард за корпоративното управување и известување. Ова веќе го гледаме во дел од земјите членки на ЕУ во кои ПроКредит Банка е присутна. Во овие земји компаниите имаат обврска за нефинансиско известување според ESG концептот. Од друга страна и во отсуство на регулатива, сè повеќе се зголемуваат очекувањата на пазарот за соработка со компаниите кои имаат одржлив модел на развој. Така, веќе забележуваме меѓународни инвеститори кои на нашиот пазар избираат да соработуваат со домашни партнери кои работат одржливо и при тоа објавуваат нефинансиски извештаи. Затоа, колку побрзо компаниите започнат со имплементација на ESG концептот  во нивниот бизнис модел, толку повеќе деловни можности ќе имаат во периодот кој ни престои.  

економија50 минути ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки19 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас