свет
Епл ќе прави автономни возила во соработка со Хјундаи – Киа
објавено
на
автор:
Редакција Капитал
Возилото под работен назив „Apple Car “ коешто тимот на Епл почна да го развива, наводно треба да почне да излегува од производните ленти во 2024 година.
После неколкугодишни шпекулации дека Епл (Apple) ќе произведува автономни возила, компанијата е пред финализирање на договор со корејскиот производител Хјундаи – Киа (Hyundai – Kia) за склопување на ваков тип возила под брендот на „јаболчето“ во фабриката на Киа (која е сопственост на Хјундаи) во Вест Поинт, Џорџија, САД. Возилото под работен назив „Apple Car “ коешто тимот на Епл почна да го развива, наводно треба да почне да излегува од производните ленти во 2024 година, иако извори на CNBC запознаени со разговорите помеѓу Епл и Хјундаи – Киа велат дека лансирањето на возилото на пазарот може да биде и пролонгирано.
Изворите велат дека конечен договор се’ уште не е потпишан меѓу двете страни, и дека Епл на крајот може да се одлучи за партнерство и со друг производител на автомобили, посебно или заедно со партнерството со Хјундаи. Еден од изворите запознаен со стратегијата на Епл за развој на возила кажал дека „се сомнева оти Хјундаи е единствениот производител со кој би бил потпишан договор, би можело да има уште некој во приказната.“
Акцијата на Епл порасна за повеќе од 2% веднаш по објавувањето на оваа вест. Портпаролите на Епл и Хјундаи – Киа одбиле да дадат коментар за новинарите на CNBC.
Доколку се финализира овој договор, зошто Епл би ја избрал Хјундаи – Киа? Или исто така важно, зошто корејскиот автомобилски гигант би потпишал договор со Епл?
Аналитичарите велат дека и двете компании гледаат бенефит од меѓусебната соработка.
За Епл, одлуката да лансира свое возило му отвора потенцијален светски пазар вреден 10 трилиони долари (тука влегуваат не само автомобилите, туку целиот концепт на мобилност и поврзаност на уредите). Инвестициската банка Морган Стенли (Morgan Stanley) неодамна го објасни потенцијалот што постои за Епл на глобалниот пазар на мобилност.

„Смартфоните се пазар од околу 500 милијарди долари годишно. Епл има една третина од овој пазар. Потенцијалот на пазарот на мобилност е 10 трилиони долари. Значи, на Епл му треба само 2% удел на овој пазар за да го добие колачот што го има од смартфоните во моментов.“, напишаа од Морган Стенли.
Изворите запознаени со интересот на Епл да работи со Хјундаи – Киа велат дека технолошкиот гигант сака да ја произведува „Apple Car” во Северна Америка заедно со етаблирана автомобилска компанија спремна да му дозволи на Епл да го контролира софтверот и хардверот што ќе се вградуваат во возилото. Со други зборови, тоа ќе биде вистинско “Епл возило“, а не модел на Киа со софтвер на Епл.
За Хјундаи – Киа, соработката со Епл е форсирана од новиот претседател, Еисун Чунг, којшто ја презеде контролата врз корејскиот производител минатиот октомври. Познато е дека Чунг многу јасно ставил до знаење дека мобилноста е иднината за компанијата. Ова е многу важно, затоа што возилата на Епл ќе бидат целосно автономни, што значи, без возач. Соработувајќи со Епл, лидерите на Хјундаи- Киа сметаат дека така ќе се забрза и развојот на нивните сопствени автономни возила.
Со овие чекори, Епл влага во директна конкуренција со Тесла, којашто веќе развива опции за автономно управување за своите постоечки модели на електрични возила. Во 2018 година, Епл го врати во своите редови Даг Филд, тогашен висок менаџер во одделот за инженеринг во Тесла, којшто претходно работеше за Епл. Епл ангажираше и други вработени од Тесла, како Мајкл Швекуч, сега сениор директор за инженеринг во Групата за специјални проекти, а поранешен потпретседател за инженеринг во Тесла.
Шефот на Тесла Илон Маск, во една прилика има изјавено дека своевремено сакал да преговара со Епл за неговата компанија да биде купена од нив, но првиот човек на Епл, Тим Кук, одбил да се сретне со него. Тоа било во деновите кога Тесла имала проблеми и се мачела со лансирањето на своите нови модели, но сега тркалото се сврти. Тесла во моментов има пазарна капитализација од преку 800 милијарди долари, што ја прави највредна компанија за автомобили во светот, со поголема пазарна вредност од Тојота, Фолксваген, Џенерал Моторс и уште неколку автомобилски гиганти заедно.
Прочитај Уште...
-
Биткоинманија: Треба да имате стомак за оваа работа
-
Антикризни мерки за збогум на корона – кризата
-
Фатмир Бесими: Корона – кризата завршува дури и според песимистичкото сценарио
-
Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг
-
Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%
-
Столб на срамот, наместо на демократијата



Биткоинманија: Треба да имате стомак за оваа работа

Антикризни мерки за збогум на корона – кризата

Фатмир Бесими: Корона – кризата завршува дури и според песимистичкото сценарио

Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

Столб на срамот, наместо на демократијата

Танцот со национализмот прекинат или само паузиран?

Дојрански рецепт за мултиплицирање на буџетот

Благојче Котески: Нашата иднина и енергетиката

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

Алкалоид со поголеми приходи и добивка лани: компанијата стигна до 200 милиони евра вкупен обрт

Комерцијална банка: Дезинформациите и конструкциите на Трифун Костовски против нас се плод на неговиот личен неуспех

Адора и официјално го претстави првиот градежен проект во Србија

Заев: Очекувам Сашо Мијалков да биде пронајден и ставен во притвор

Коста Петров: Ќе ги мотивираме големите компании да го помогнат развојот на стартапите

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

Македонската економија на среден и долг рок (5)

Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг
