Connect with us

свет

Етерот надмина 3.400 долари, аналитичари прогнозираат 5.000 долари за една недела

објавено

на

Најголемите приврзаници на етерот и технологијата што стои во негова позадина, етереумот, сметаат дека еден ден неговата пазарна вредност ќе ја надмине онаа на биткоинот.

Етер, криптовалутата зад којашто стои блокчеин  технологијата наречена етереум, пред десетина часа ја помина вредноста од 3.400 долари, со што достигна нов историски рекорд. Накусо потоа, втората најпопуларна криптовалута после биткоинот се спушти до нешто над 3.200 долари, за во моментов нејзината вредност да е околу 3.350 долари.

Оние што поседуваат Етер задоволно ги тријат рацете, додека аналитичарите се обидуваат да прогнозираат до каде може да оди неговата вредност и за колку време.

Барем еден крипто – експерт на планетава шпекулира дека цената на Етерот може да достигне и 5.000 долари во следните недела дена.

„Етерот е еден од главните добитници во пошироката експлозија што се случува на пазарот на криптовалути“, вели Најџел Грин, шеф и основач на deVere Group, глобална финансиска куќа со преку 10 милијарди во средства под управување. Грин објаснува дека изминативе месеци овој бум беше поткрепен од растечкиот интерес од главните институционални инвеститори на планетава, и се’ поголемото прифаќање на реалноста дека дигиталните валути се  иднина на платежните системи.
„Овој моментум уште повеќе ќе расте на кус рок и очекувам Етер да достигне 5.000 долари во следните седум дена“, предвидува Грин.

Платформата Етереум е лансирана во 2015 година од страна на Виталиј Бутерин, канадски програмер со руско потекло, којшто тогаш имал само 21 година, и неговите соработници Чарлс Хоскинсон и Гевин Вуд. Етереумот е создаден на истиот концепт што стои зад неговиот „постар брат“ биткоинот. Ако главната предност на биткоинот како дигитално средство беше тврдењето на ентузијастите дека тој е одличен чувар на вредноста и за валута до извесна мера, мрежата на Етереумот од многумина е посматрана како моќен, open – sourcе, децентрализиран „’рбет” на коишто може да се потпрат многубројни апликации.

Од најголемите приврзаници на етерот дури се пушта теоријата дека еден ден тој ќе ја надмине пазарната вредност на биткоинот, којшто е во моментов криптовалута бр. 1. Во моментов, пазарната капитализација на биткоинот изнесува преку 1.000 милијарди долари, а на етерот околу 390 милијарди долари.

Растот на етерот за една година е фантастични  16  -17 пати, а за четирите месеци од 2021 вредноста се качи речиси петкратно, од 750, на преку 3400 долари. Биткоинот за една година порасна  околу седум пати, а од почетокот на годинава повеќе од два пати.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал