Connect with us

економија

Еуролинк осигурување на првата пазарна позиција во неживотно осигурување

објавено

на

Еуролинк осигурување АД Скопје во првиот квартал од годината ја зазема челната пазарна позиција со учество од 14,67% на целокупниот пазар за неживотно осигурување во земјава.

Во првиот квартал од 2021 година Еуролинк осигурување оствари бруто полисирана премија од 333 милиони денари, што претставува 6% раст во споредба со истиот период лани, во услови кога растот на пазарот изнесува 5% за истиот период.
„Ваквиот одличен резултат го постави Еуролинк осигурување на лидерската позиција во делот на неживотно осигурување со вкупно 14,67% пазарен удел. Од формирањето до денес, компанијата има опслужено речиси 600.000 клиенти и има пласирано бројни новитети кои го обликуваат пазарот за осигурување во земјата. Во март 2020 година, Еуролинк осигурување стана дел од реномираната групација ГРАВЕ, што донесе зајакнување и дополнителна стабилност за осигурениците на компанијата.“, велат од компанијата.

„Нашата деловна политика се состои од преземање одговорни и одржливи одлуки што носат успех на долг рок. Зад нас е тешка година, но искуството на целиот тим, посветеноста во работата и највисоки стандарди во однос на грижа за клиентите носат солиден и стабилен раст што нè поставува на врвот на индустријата. Горди сме што граѓаните и компаниите го препознаваат квалитетот што го нудиме и што ни ја доверуваат заштитата на највредните работи во животот. Имајќи предвид дека сè уште владеат услови на несигурност заради пандемијата, нашето внимание и оваа година е целосно насочено кон поддршката на нашите клиенти низ тековната криза како нивен силен и сигурен партнер“ – изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.

Иновациите во осигурувањето се движечка сила за Еуролинк, па плановите на компанијата за периодот што следи вклучуваат нови понуди и услуги што дополнително ќе го збогатат осигурителниот пазар кај нас, вложување во нови технологии што ќе го унапредат корисничкото искуство на осигурениците и континуирана надградба на тимот за најдобра услуга.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија20 часа ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор