Connect with us

технологии / компании

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

Моќта на квантните компјутери допрва се испитува

објавено

на

Научните достигнувања во областа на квантните компјутери на истражувачите од Институтот „Руѓер Бошковиќ“ во Загреб ја позиционираа Хрватска меѓу релевантните земји во Европа и светот и создале основи за нејзиното учество во европската иницијатива EuroQCI и изградбата на европската квантна комуникациска инфраструктура.

Google ќе плати пет милиони долари на оној што ќе открие што сѐ можат да направат квантните компјутери, кои се познати како семоќна нова технологија. Неговите експерти сметаат дека никој навистина не знае што сѐ може да направи, па затоа оваа голема технолошка компанија неодамна го отвори светскиот натпревар XPRIZE Quantum Applications за да најде вистински случаи на употреба на квантните компјутери. NASA и големите американски технолошки компании IBM, Microsoft и Amazon веќе имаат такви компјутери. Го има и Google, кој инвестираше 866 милиони долари во оваа технологија и чиј квантен компјутер Sycomore во 2019 година пресмета за само двесте секунди тоа за што на класичниот суперкомпјутер му требаат десет илјади години. Ова е само еден од доказите дека примената на квантниот компјутер, т.е. систем придвижуван  од кубити, односно квантни битови, дава незамисливи можности.

Пазар проценет на  преку 200 милијарди долари за осум години

Историјата на идејата за квантните компјутери е долга речиси половина век. Тие се засноваат на квантната физика, чиишто варијабли се неограничени и кои класичните компјутерски програми не можат да ги совладаат. Но, поголемиот дел од истражувањата за квантните компјутери  се однесуваат на апстрактни проблеми наместо на реални, па Google, како и сите останати, се интересира како точно квантните компјутери, кои се уште се во рана фаза на развој, ќе го променат светот.

Доколку се остварат предвидувањата на квантните физичари, таквите компјутери ќе можат да одговорат на прашања за решавање на проблемот со климатските промени, да најдат нови материјали и лекови итн., а исто така да го променат Интернетот. Квантната технологија најавува технолошка револуција од незамисливи размери, која покрај големите технолошки компании ги охрабрува и владите на некои земји да инвестираат во надеж дека квантните технологии ќе им донесат економски, а можеби и геополитички предности. Во ова предничи Кина, која инвестирала 15,3 милијарди долари во квантни технологии во 2022 година, Америка инвестирала 1,8 милијарди, а Европската унија 1,2 милијарди долари. Пазарот на квантни компјутери, проценет на 9,3 милијарди долари во 2022 година, се очекува да порасне на 203,1 милијарди долари до 2032 година.

NASA и големите американски технолошки компании IBM, Microsoft и Amazon веќе имаат квантни компјутери. Го има и Google, кој инвестираше 866 милиони долари во оваа технологија и чиј квантен компјутер Sycamore во 2019 година пресмета за само двесте секунди тоа за што на класичниот суперкомпјутер му требаат десет илјади години.

Финска расадник на „квантни“ стартапи

Во сенката на квантната технолошка конкуренција меѓу големите светски сили и технолошки компании, малата скандинавска земја, Финска, моментално игра голема и активна улога во областа на квантните компјутери. Експерти од VTT, Финскиот центар за технички истражувања и IQM Quantum Computers, финска и водечка европска компанија за квантен хардвер во суперспроводливи кола, изградија квантен компјутер од 20 кубити на крајот на минатата година. Нивниот прв квантен компјутер со моќност од пет кубити е изграден во 2021 година, а оваа година планираат да го завршат и оној со педесет кубити.

„Крајната цел би била да се покрене вештачка интелигенција и да се забрза со квантен компјутер. Таквиот систем би можел да реши некои прашања кои ја надминуваат човечката интелигенција“,  вели шефот за глобални прашања и ко-основач на IQM, Јуха Вартиаинен.

Таа компанија израсна од голем кластер на квантни стартапи во Финска кои ја развиваат оваа технологија. Основана е во 2018 година и неодамна собра 128 милиони евра во Серијата А2, најголемиот круг на финансирање што некогаш го собрала европска компанија за развивање квантни компјутери. IQM ги снабдува истражувачките институти со помали кубитни системи каде што идните квантни инженери учат да ракуваат со кубити. Така, им помага на научниците да се обучуваат за квантни технологии користејќи суперпроводници за кои се потребни големи уреди за ладење. Тие се произведени од друга финска компанија, Bluefors, лидер на глобалниот пазар за криогени фрижидери и други линии на криогени за квантни технологии. Основана е во 2008 година, денес вработува 600 луѓе и има приход од над 160 милиони евра.

„За нас приказната само што започна. Разгледуваме начини на кои можеме да постигнеме приспособливост за различни потреби на индустријата. Работиме на тоа што ќе им треба на нашите клиенти за пет години и на идната вистинска примена“, вели извршниот директор на Bluefors, Јонас Геуст.

Експерти од VTT, Финскиот центар за технички истражувања и IQM Quantum Computers, финска и водечка европска компанија за квантен хардвер во суперспроводливи кола, изградија квантен компјутер од 20 кубити на крајот на минатата година. Нивниот прв квантен компјутер со моќност од пет кубити е изграден во 2021 година, а оваа година планираат да го завршат и оној со педесет кубити.

И Хрватите „коњ за трка“ имаат

Криогенските ладилници ги одржуваат кубитите ладни и се предуслов за функционирање на супер-спроводливите кубити, а најголемиот KIDE ладилник на Bluefors поддржува систем од илјада кубити. Таа компанија истражува и други начини за примена на криогена технологија, како што ладење на чувствителни сензори за астрофизика, складирање на водород и науката за материјалите. Финскиот стартап SemiQon гради полупроводнички квантни чипови за „ерата на милион кубити“, кои што температурите многу помалку влијаат.

На европската и светската квантна сцена голема улога игра и Хрватска, поточно нејзините научници од Институтот „Руѓер Бошковиќ“. Како што пишува загрепски Лидер, откако во  2009 година, на д-р  Марио Стипчевиќ му е признат  патент за квантен генератор на случајни броеви, на Институтот се вршат врвни научни истражувања и се развива областа на квантната технологија. Квантен генератор е квантна технологија која може да произведе совршено случајни броеви кои што имаат голема примена во  во криптографијата, нумеричките пресметки и симулации, работењето со банкарски картички, игрите на среќа, итн. Во 2018 година, истражувачите Мартин Лончариќ и Матеј Пераниќ го изградија првиот хрватски извор на квантно преплетени  фотони, со чија помош беа успешно потврдени основните претпоставки на квантната физика.

„Членовите на Лабораторијата за фотоника и квантна оптика на Институтот  после ова со изградбата на квантни приемници учествуваат во меѓународниот потфат за изградба на првата квантна мрежа базирана на квантна преплетеност. Таа квантна мрежа, претходник на квантниот интернет, беше светски рекорд и имаше извонредна меѓународен одек. Следниот голем исчекор беше првата квантна комуникација во светот меѓу три земји: Хрватска, Словенија и Италија. Квантна комуникација се одржа меѓу Трст, Љубљана и Риека на состанокот на групата Г20 во Трст во 2021 година, а од хрватската страна комуникацијата ја водеа научници од Институтот  со поддршка на колегите од Факултетот за сообраќајни науки во Загреб и компанијата ОИВ – Дигитални сигнали и мрежи“, истакнува д-р Мартин Лончариќ од Заводот за експериментална физика при Лабораторија за фотоника и квантна оптика на Институтот „Руѓер Бошковиќ“ -ИРБ.

Европска квантна комуникациска инфраструктура

Според него, овие научни достигнувања на ИРБ ја позиционирале Хрватска меѓу релевантните земји во Европа и светот и создале основи за нејзиното учество во европската иницијатива EuroQCI и изградбата на европската квантна комуникациска инфраструктура.

Хрватска беше меѓу првите што ја потпиша Европската декларација за квантни технологии, која беше претставена за прв пат во декември 2023 година, за време на шпанското претседателство со Советот на Европската унија. Според веб-страницата на Европската унија, земјите-членки потписнички ја препознале стратешката важност на квантната технологија за научната и индустриската конкурентност на ЕУ и се обврзале на соработка во развојот на екосистем за квантна технологија од светска класа низ Европа, со крајна цел да се направи Европа „квантна долина на светот“, водечки регион во светот за квантна извонредност и иновации.

Врз основа на јадрото кое го собра околу себе ИРБ, создаден е CroQCI, хрватски конзорциум кој го координира CARNET заедно со научното раководство на Институтот, и кој обединува девет партнери кои заеднички го спроведуваат проектот за изградба на хрватската експериментална квантна комуникациска мрежа, претходник на идната инфраструктура .

Конзорциумот ги обединува Хрватската академска и истражувачка мрежа (CARNET), Институтот „Руѓер Бошковиќ“, Факултетот за електротехника и компјутери на Универзитетот во Загреб, Факултетот за транспортни науки  на Универзитетот во Загреб, Институтот за физика, компанијата Предаватели и врски, Универзитетскиот компјутерски центар,  Поморскиот центар за електроника  и Канцеларија на Советот за национална безбедност. Минатата година, Министерството за наука и образование му додели нешто помалку од пет милиони евра како дел од Националната програма за закрепнување и отпорност 2021-2026. ИРБ  е главна алка на проектот.

„ИРБ заедно со Поморскиот центар за електроника од Сплит и колегите од Институтот за физика во Загреб, ги создава градивните  блокови на квантната комуникациска мрежа. ИРБ и ПЦЕ градат квантни приемни  и хардвер на квантниот оператер, како  и хардверски енкриптори,  додека колегите од Институтот за физика прават ултра прецизни оптички атомски часовници и експериментални квантни мемории“, објаснува Лончариќ.

На европската и светската квантна сцена голема улога игра и Хрватска, поточно нејзините научници од Институтот „Руѓер Бошковиќ“. Како што пишува загрепски Лидер, откако во  2009 година, на д-р  Марио Стипчевиќ (на фотографијата)  му е признат  патент за квантен генератор на случајни броеви, на Институтот се вршат врвни научни истражувања и се развива областа на квантната технологија. Квантен генератор е квантна технологија која може да произведе совршено случајни броеви кои што имаат голема примена во  во криптографијата, нумеричките пресметки и симулации, работењето со банкарски картички, игрите на среќа, итн.

Раме до раме со врвната светска наука

Според него, Хрватска во моментов е на чело во развојот на квантната технологија во областа на квантните комуникации, а Лончариќ се надева дека нема да заостане и во другите гранки на квантната технологија: квантните сензори и квантните компјутери.

„Резултатите на хрватските научници објавени во врвни научни списанија како Science Advances, Advanced Quantum Technology, Quantum Information, PRX Quantum и низа други престижни списанија покажуваат дека Хрватска има вредни и глобално признати резултати во квантните технологии. Научниот труд ‘A Trusted Node-free Eight-user Metropolitan Quantum Communication Network’, објавен во врвното списание Science Advances, постигна резултат со светски одек Altmetric Score 1109, што го рангира рамо до рамо со резултатот на единствениот  кинески квантен сателит  Micius и го позиционира меѓу првите пет проценти од резултатите од сите научни истражувања. Ова е показател дека Хрватска беше меѓу пионерите во некои важни чекори во развојот на квантната технологија“, вели Лончариќ.

економија5 часа ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија5 дена ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија6 дена ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Зелена иднина за секое дете

македонија6 дена ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

економија6 дена ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%