Connect with us

македонија

ЕУ со директна буџетска поддршка за реформа на македонското образование

објавено

на

Надлежните институции со оваа финансиска поддршка веќе спроведуваат неколку реформи и проекти , како што се „Гаранцијата за млади“, претворање на три средни училишта во земјава во регионални центри за стручно образование и обука, како и промена на легислативата.

Со директна буџетска поддршка од ЕУ, македонското Министерство за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика (а вклучено е и Министерството за финансии) ги спроведуваат реформите поддржани со Договорот за изведба на реформи во секторот „ЕУ за млади“. Износот наменет за буџетската поддршка е 15 милиони евра и е наменет за да се поддржи спроведувањето на Програмата за реформи во вработувањето и социјалната политика –ЕЦРП (2017-2020).

Надлежните институции, меѓу кои се и Агенцијата за вработување, Центарот за стручно образование и обука, итн.,   со оваа финансиска поддршка веќе спроведуваат неколку реформи и проекти , како што се „Гаранцијата за млади“, претворање на три средни училишта во земјава во регионални центри за стручно образование и обука, како и промена на легислативата.

„Гаранцијата за млади“ е програма која се спроведува ширум Европа, а во 2018 Македонија беше првата земја што не е членка на ЕУ, а ѝ се придружи на оваа иницијатива.

Оваа мерка им овозможува на младите на возраст до 29 години коишто спаѓаат во категоријата НЕЕТ (лица коишто се невработени и не се вклучени во образование или обука) да добијат соодветна понуда за работа, да го продолжат образованието или да се вклучат во некоја од активните програми и мерки за вработување, во период од 4 месеци откако ќе се пријават како невработени лица во Агенцијата за вработување.

„Шемата ‘Гаранција за млади’ за првпат беше пилотирана во три општини во 2018 година. В о2019-та се спроведе низ државата, со посебен фокус на три региони – Полошкиот, Североисточниот и Југозападниот – во коишто најголем број млади беа евидентирани во категоријата НЕЕТ. Во моментов се одвива втората фаза. Во 2020 година вкупно 25.502 млади, од кои половина жени се пријавиле за шемата, од коишто 7.684 се вработиле во рок од 4 месеци, додека 1.257 влегле во некоја од активните мерки за вработување кои не водат до директно вработување, но ја зголемуваат вработливоста.
Оттаму, успешноста на ‘Гаранцијата за млади’ досега изнесува 35 проценти“, објасни  Галиа Божанова, тим лидер во WEglobal, организацијата со чијашто техничка помош македонските надлежни институции ги спроведуваат реформите поддржани со Договорот за изведба на реформи во секторот “ЕУ за млади“.

Таа додава дека секторската буџетска поддршка им помага на партнерските земји да ги мобилизираат домашните приходи, со што во помала мера ќе зависат од надворешна помош.

„Таа поттикнува транспарентно и добро управување, со што придонесува кон борбата против корупцијата и создавање поволна клима за приватни инвестиции во партнерските земји на ЕУ“, истакна Божанова.

На прес конференцијата по повод проектот „ЕУ за млади“ беше претставен  и системот за следење, чија цел ќе биде да утврди колку добро напредуваат завршените ученици со стекнатото знаење. Доколку поради било која причина им треба помош, системот за следење ги наоѓа и им помага, на пример, преку програмата „Гаранција за млади“.

Во пилот фазата на овој проект ќе бидат вклучени 3.000 матуранти и лица коишто завршиле обуки за возрасни. Внесувањето на потребните податоци ќе им одзема само по неколку минути два пати во текот на 6 месеци.

македонија8 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија11 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје