Connect with us

економија

„Е-commerce awards“ придонесуваат кон растот и успехот на бизнисите што функционираат во дигиталниот простор

објавено

на

Интервју со д-р Нина Ангеловска, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, организатор на третите по ред Награди за најдобар е-трговец.

Гласањето за омилените е-трговци на македонските потрошувачи заврши на полноќ помеѓу 10 и 11 февруари,  и со тоа третиот по ред избор за најдобри е-трговци во земјава влегува во фазата кога останува и изјаснувањето на стручната жири комисија. Разговаравме со д-р Нина Ангеловска, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), организатори на изборот „E-commerce awards” за тоа какво значење имаат овие награди и самата манифестација за растот и развојот на е-трговијата.

Д-р Нина Ангеловска, претседателка на АЕТМ
„Наградите служат како важни мерила за постигнатото и придонесуваат кон општиот раст и успех на бизнисите кои функционираат во дигиталниот пазар. Секое издание на ‘E-commerce awards’ на најдобрите е подобро и поголемо од претходното и се надеваме дека ќе продолжиме да го следиме овој тренд и понатака.“

-Изборот на најдобри е-трговци во Македонија полека преминува во традиционална манифестација, па кажете ни што беше клучниот мотив на АЕТМ да почне со овој избор и како сте задоволни од досегашните изданија?

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) започна со работа на крајот на 2017 година, а првата сеопфатна анализа на е-трговијата ја објавивме веќе во 2018 година, која од тогаш се издава секоја година. Анализата ја мапира постојната состојба преку разгледување на развојот во изминатите години и споредба со ЕУ земјите и базирано на резултатите се стреми да ги согледа бариерите и предизвиците кои се основа за делување.

Уште со првата анализа во 2018 година беа посочени препораки и мерки кои треба да се преземат за раст и креирање на поволна клима за развој на е-трговијата. Во препораките насочени кон понудата на е-трговијата на пазарот беше токму и ‘Организирање на избор за најдобар е-трговец на годината’со цел подигнување на свеста за е-трговијата и препознавање на напорите и успешната работа на е-трговците. Сметаме дека наградите во е-трговијата играат важна улога во зголемувањето на репутацијата, промоција, градењето на доверба со клиентите, стекнувањето на конкурентска предност, поттикнување на иновации и секако со самиот настан овозможување на вмрежување.

Наградите служат како важни мерила за постигнатото и придонесуваат кон општиот раст и успех на бизнисите кои функционираат во дигиталниот пазар. Инаку работата на АЕТМ во отклучување на потенцијалот на е-трговијата и нејзиниот придонес дојде до израз во време на пандемијата, кога купувањето онлајн не беше избор туку неопходност. Понудата во е-трговија значајно се зголеми, многу компании отворија е-продавници или се приклучија кон постојни маркетплејс платформи со цел да ги пласираат своите производи и услуги онлајн, а голем дел од постојните инвестираа во унапредување на процесите и работењето. Колку што претставуваше можност оваа состојба за е-трговијата, толку претставуваше и предизвик за компаниите кои вложија многу труд и напори и со тоа придонесоа и за унапредување на македонската е-трговија.

Наградите за е-трговија „E- commerce Awards“ кои за прв пат беа организирани во декември 2021 година, веќе трета година по ред ги препознаваат овие напори на е-трговците, ја промовираат  е-трговијата, и влијаат на зголемување на конкурентноста меѓу бизнисите за е-трговија. Секое издание на овој избор на најдобрите е подобро и поголемо од претходното и се надеваме дека ќе продолжиме да го следиме овој тренд и понатака.

-Каков беше одѕивот на е-трговците годинава, колкав број од нив се пријавија и во кои категории?

Идејата на овој избор, покрај да се  препознае успешната работа на македонските е-трговци, е и да се поттикнат што повеќе компании да се вклучат во е-трговијата и да го унапредат своето работење.Она што особено не радува како Асоцијација која го застапува целиот сектор на е-трговија е што од година во година расте интересот на е-трговците кои се номинираат да учествуваат во изборот (минатата година имаше 150 номинирани компании, оваа година има 165), а истовремено расте и бројот на граѓани кои се одлучуваат да гласаат за своите омилени е-продавници. Оваа година, најдобрите домашни е-трговци за 2023 година се натпреваруваат во 24 категории поделени во три секции: најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање, најдобри е-продавници по сектори и шампиони во е-трговијата. Најмногу од компаниите се пријавени за категориите „Е-трговец со најдобра грижа за корисници“, „Е-трговец на годината“, како и „Најпопуларна е-продавница“, но има голем интерес и пријави и во останатите категории.

-Колкаво значење имаат наградите за е-трговците, не само во смисла на потврда за добрата работа, добар имиџ и престиж? Имате ли, на пример, некаков фидбек од нив за евентуално пораснат промет откако биле прогласени за победници во некоја категорија и сл.?

Растот на бизнисот е секогаш резултат на добрата работа и постојано унапредување и менување. Да се води бизнис во е-трговија е исклучително тешка работа, а уште повеќе на пазари во развој како нашиот. Екосистемот на е-трговија е комплексен, бара интердисциплинарни знаења, постојано и брзо учење и имплементирање на нови алатки. Наградите како такви се примарно потврда за вложениот труд и добрата работа, но и поттик за уште подобра работа и континуирани напори за постојано унапредување. Покрај тоа, наградите овозможуваат зголемена видливост и промоција на е-трговците кои како резултат на тоа може да привлечат повеќе клиенти и продажби. Дополнително, наградите влијаат и на конкурентската предност, бидејќи бизнисите кои добиваат награди може да стекнат различна предност пред конкурентите, да привлечат повеќе клиенти, партнери и можности за инвестиции.

Секако, наградите за е-трговија и самата свечена манифестација обезбедуваат и вредна можност за вмрежување, стекнување со нови контакти и потенцијално започнување на нови партнерства и соработки. Следејќи го досегашниот развој, можеме и да кажеме дека „Ecommerce Awards“ директно влијаат во подигнување на квалитетот на работење на е-трговците, во смисла дека е-трговците имаат можност да видат како се перципирани од јавноста и експертите во жири комисија и да се споредат со нивните конкуренти, а сите знаеме дека здравата конкуренција и конструктивниот фидбек се секогаш основа и мотив за унапредување на работењето.


-Во оваа прилика да ги повикаме и нашите читатели да гласаат за своите омилени е-трговци. Зошто е всушност важно што поголем број на потрошувачи да се вклучат во гласањето?

Минатата година за изборот на најдобар е-трговец беа добиени над 93.000 гласови од 6.584 гласачи, а оваа година очекуваме уште повеќе. Гласањето беше отворено до 10 февруари (сабота) до 23:59 часот на ecommerceawards.mk за сите кои сакаа да го дадат својот глас за своите фаворити и со тоа да го дадат својот придонес за унапредување на е-трговијата. Поттикнувањето поголемо учество од онлајн купувачите во изборот на најдобрите е-продавници за 2023 година беше од витално значење за овој избор, бидејќи не само што го засилува „гласот на потрошувачот“, туку и промовира транспарентност, отчетност и залагање за континуирано подобрување на е-трговијата, што доведува до подобро информирана онлајн шопинг заедница.

Едно лице може да гласа само еднаш и при тоа, гласа во категории по сопствен избор и може да даде еден глас во секоја категорија. Две категории се задолжителни за гласање: „Е-трговец на годината“ и „Најпопуларна е-продавница“, додека сите други категории се опционални. Покрај за омилените е-продавници од кои граѓаните купуваат онлајн облека, обувки, козметика, намирници и други производи и услуги, јавноста можеше да гласа и за најдобрата веб страна за плаќање сметки онлајн, за најдобра грижа за корисници, за најдобра достава, итн. По завршување на гласањето од јавноста следува гласање од 12-члена стручна жири комисија, која гласа за финалистите со најмногу гласови од јавноста во сите категории, освен за категоријата „Најпопуларна е-продавница” во која наградата ќе се додели единствено врз основа на бројот на гласовите од јавноста. Потоа, ќе се врши евалуација на резултатите за да се направат ранг листи и да се одредат победниците во категориите.


Одредувањето на победниците ќе се изврши врз основа на утврдена методологија за пресметка, која што е јавно објавена во рамки на Правилникот за наградите за е-трговија, и која е создадена по најдобри практики и креирана да овозможи транспарентен и непристрасен избор на најдобрите е-трговци. Прогласувањето на победниците и доделување на наградите ќе се одржи на свечена манифестација во март 2024 година. Овогодинешниот избор за најдобрите е-трговци за 2023 година се реализира со поддршка на златните партнери – НЛБ Банка и Иуте, организацискиот партнер – Халк Банка и генералниот партнер – Мастеркард. За повеќе информации за наградите за е-трговија и гласање за најдобрите е-продавници за 2023 година, посетете ја веб страната на натпреварот https://ecommerceawards.mk/ .

технологии / компании8 часа ago

Креативна вештачка интелигенција: Девет алатки што ќе ви ги сменат животот и работата

политика8 часа ago

Планот на Мишел за рушење на Фон дер Лајен

регион8 часа ago

Во Хрватска има неколку амбициозни проекти за развој на роботи

македонија8 часа ago

Двојна диплома на Универзитетот Католика од Милано и Универзитетот Американ Колеџ Скопје

економија8 часа ago

Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

македонија8 часа ago

Мукаетов од Алкалоид и Ниновски од Бреинстер споделија искуства со младите

економија8 часа ago

Анализа МАСИТ: Речиси 1,5 милијарди евра приходи оствариле ИКТ компаниите лани

банки8 часа ago

Безготовинските плаќања зголемени за 30%, значителен раст на токенизираните трансакции

македонија8 часа ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија

економија8 часа ago

Специјален прилог: Топ 6 трендови во меѓународниот транспорт за 2024

коментари1 недела ago

Со АмЧам на тема…Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

економија1 недела ago

КБ Публикум инвест станува КБ ИНВЕСТ, со доминантна сопственост на Комерцијална банка

економија1 недела ago

Фортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

економија1 недела ago

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија – се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

Фасхион1 недела ago

„Божиновски“ ексклузивно ги претстави новитетите на Брајтлинг

македонија3 дена ago

УНИБанка го поддржа одбележувањето на 100 годишниот јубилеј на Светската Шаховска Федерација

македонија4 дена ago

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

економија2 дена ago

ССК: Зелената транзиција на македонските компании е без алтернатива

банки8 часа ago

Пет небанкарски компании веќе добиле дозвола за давање платежни услуги во Македонија и прекугранично

македонија8 часа ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија