Connect with us

економија

Живко Мукаетов за The Economist: 2023 беше рекордна инвестициска година за „Алкалоид“

објавено

на

За инвестициските потфати од 2018 до 2022 година, чиј износ достигна сума од 104,1 милиони евра, Алкалоид АД Скопје доби признание за ‘најголем инвеститор во регионот на Западен Балкан’ од страна на Регионалниот коморски форум WB6. Оваа, 2023 година, ќе ни биде рекордна инвестициска година, со вложени околу 30 милиони евра. Континуираното инвестирање и унапредување во сите сегменти од работењето ќе остане и натаму високо позиционирано како една од клучните стратешки определби во деловната политика на Алкалоид“.

Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, во интервју за специјалното новогодишно издание на The Economist се осврнува на причините за успехот на компанијата, која две децении по ред бележи континуиран раст на продажбите, извозот и добивката.

Aлкалоид наскоро ќе одбележи 90 години од своето постоење. Како успевате да го задржите и одржите врвот во фармацијата на национално и регионално ниво?

Чинам дека Алкалоид е дел од мојата ДНК. Мојот татко, учител и ментор, но и еден од основоположниците на модерниот Алкалоид, Трајче Мукаетов, во компанијата помина 34 години од својот работен век, во навистина турбулентни времиња. Јас сум дел од Алкалоид близу 25 години, а речиси 18 сум на позицијата генерален директор. Во својата деветдецениска историја, Алкалоид надминал многубројни кризи, но секој пат покажувал резилиентност и брза адаптација кон промените. Успехот во работењето на Алкалоид се должи, пред сè, на квалитетот на кадрите кои работат во компанијата, на квалитетот на производите, на брендот Алкалоид и поединечните брендови кои ги имаме, а кои ги граделе генерации алкалоидовци, години наназад.

Во последните 18 години, компанијата бележи постојан раст, на што се должи тоа?

Историски гледано, Алкалоид има континуиран раст во изминативе 20 години. Ако во 2005 година, кога јас дојдов на чело на продажните операции на компанијата, имавме продажби од 53 милиони евра, 2023 година ја затвораме со пласмани од над 265 милиони евра. Овој петкратен раст не беше воопшто лесен, а во контекст на успешноста, можеби клучните зборови се квалитет, посветеност и напорна работа. Целта на Алкалоид е да се диференцира преку знаење и развој на производи со додадена вредност. Во моментов, Алкалоид е компанија на повеќе од 2.800 семејства, а секој еден член на големото семејство алкалоидовци придонесува нашата успешна приказна да продолжи да расте и да се развива.

-Важите за водечки инвеститор во регионот на Западен Балкан. Бевте прогласен за лидер на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан. Што за вас претставува ова признание?

За инвестициските потфати од 2018 до 2022 година, чиј износ достигна сума од 104,1 милиони евра, Алкалоид АД Скопје доби признание за „најголем инвеститор во регионот на Западен Балкан“ од страна на Регионалниот коморски форум WB6. Оваа, 2023 година, ќе ни биде рекордна инвестициска година, со вложени околу 30 милиони евра. Континуираното инвестирање и унапредување во сите сегменти од работењето ќе остане и натаму високо позиционирано како една од клучните стратешки определби во деловната политика на „Алкалоид“.

Живееме во време кога светот го опкружуваат низа предизвици, многу компании изминативе години ставија клуч на врата поради големите загуби кои ги претрпеа, а вие успеавте да го зајакнете присуството на многу европски пазари. Кои се најголемите проблеми, бариери, ограничувања и предизвици со кои се соочувавте како компанија?

Геополитичките случувања никако не одат во прилог на економијата особено оваа година, па предизвиците се огромни. Здравствената криза минатата година доби предзнак воена, а потоа и енергетска. Се соочивме со големи нарушувања во синџирот за набавки, недостаток на суровини

и репроматеријали, посебно ми е драго што во специфични услови на функционирање, особено во изминативе три кризни години, успеавме да ги осигуриме пласманите на сите пазари каде што сме присутни и останавме партнери од доверба на здравствените системи и деловни партнери, обезбедувајќи непречено снабдување со високо квалитетни производи по достапни цени и покрај нарушените дистрибутивни канали.

Како кај вашата компанија влијае високата инфлација во поглед на работењето?

Инфлацијата се одрази на работењето на сите компании. Од една страна, порастот на животните трошоци наметна потреба од зголемување на платите, кое го направивме на неколку наврати изминативе три години. Од друга страна, се соочивме со неколку кратен раст на цените на некои од

клучните суровини и материјали, кое наметна дополнителни непредвидени трошоци. И покрај, де факто, зголемените расходи, фармацевтските производи припаѓаат на строго ценовно регулирана категорија на производи, па повеќето од цените се замрзнати, односно не се дозволуваат корекции од државните институции надлежни за регулирање на цените. Сите овие непланирани расходи се одразија врз севкупното работење на компанијата, но ние го подигнавме нивото на претпазливост, економичност и ефикасност секојпат настојувајќи максимално да ги оптимизираме процесите во компанијата.

Континуирано го ширите вашето портфолио со нови производи и освојување нови пазари и клиенти. Како сте задоволни од досегашниот тек?

2023 година ќе ја заокружиме со над 70% од нашите пласмани наменети за извозните пазари, што се однесува на сума од над 180 милиони евра. За да бидеме конкурентни на кој било странски пазар, неопходни се инвестиции во локални кадри на сите територии каде што сме присутни, во производствено портфолио, во маркетинг… Од друга страна, фармацевтските производи се високо регулирана категорија и влезот на странските пазари е исклучително тежок и спор. Но процесот на глобализирање на брендот Алкалоид е отпочнат пред околу две децении и во тој поглед ние сме комплетно подготвени за адаптација на веќе прифатените законски, правни, етички, деловни норми и правила на работење кои се практикуваат на пазарите во високо развиените земји во Европа, Америка, Блискиот Исток и слични.

Колку нашата држава им помага на компаниите за да развијат успешна извозна стратегија? Има ли можности за некои промени? Спроведување некои практики од други земји?

Во динамична индустрија каква што е нашата, пласманите обично се правопропорционални со инвестициите, вештините и знаењето, кои изминативе две децении ги насочивме кон градење на модерно и конкурентно производно портфолио, кое придонесува за подобро глобално позиционирање на брендот Алкалоид.

Согласно македонскиот закон за поддршка на инвестициите, македонските компании кои се извозно ориентирани, добиваат приближно 10% субвенции за инвестициите, со ограничен максимален износ на субвенцијата на годишно ниво. Од друга страна пак, во Европската унија, субвенциите за инвестиции кои фармацевтските компании ги добиваат, изнесуваат половина од вкупната вложена сума. За илустрација, инвестициите на Алкалоид во 2022 година изнесуваа близу 24 милиони евра, во главно алоцирани за нашиот нов мега- проект „Таблетно 2“, а поддршката оваа намена би била максимум 1 милион евра. Сепак, и за оваа иницијатива сме благодарни, затоа што до 2018 година воопшто не постоеше никаква поддршка за македонските извозници. Инвестираме во извозот, затоа што имаме знаење, капацитет, високи стандарди во работењето и можеме достојно да се носиме со кој било производ од наш сегмент во светот.

Поддршката на инвестициите на извозно ориентираните компании, кои работат на полето на иновации и истражување и развој, носат многубројни придобивки. Како за самите компании во однос на зголемување и осовременување на капацитетите, така и за државата, во насока на зајакнување на економијата, градење на компании и производи со додадена вредност, нови вработувања и слично.

Целото интервју може да го прочитате тука.

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

банки3 дена ago

Потрошувачки кредит на УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за рефинансирање и бонус од 1.000 денари при онлајн аплицирање

македонија3 дена ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

банки1 недела ago

Комерцијална банка како „Зелен поборник“ ќе пошумува и ќе едуцира

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

свет6 дена ago

Пустината под вода

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават