Connect with us

економија

Заев ветува силен инвестициски циклус и реформи, бизнис коморите бараат прво да се спасат фирмите, а потоа развој

Новата влада претстави амбициозна економска програма

објавено

на

Развојна обврзница;  посебен еквити фонд за поттик на странски инвестициски фондови; реформи на ДДВ; личен стечај; основање на фирма за едно евро; укинување на фирмарина за нови фирми во првите две години… ова е само дел од пакетот економски мерки содржани во програмата за работа на новата македонска влада предводена од Зоран Заев. Од бизнис секторот порачаа новата влада прво да се посвети на опстанокот на компаниите погодени од корона – кризата и зачувувањето на работните места, пред амбициозно да најавува раст и побараа директната финансиска помош да продолжи и следните месеци.

Капитални инвестиции, стабилна даночна политика, дигитализација, реформа во администрацијата, намалување на парафискалните давачки за 70%, поддршка на извозот и владеење на правотo се клучните точки врз коишто се темели програмата за работа на новата македонска влада, според зборовите на (старо)новиот премиер, Зоран Заев.  

За поддршка на динамичниот раст зацртан во програмата, Владата најавува дека ќе обезбеди директна поддршка
на домашните и странски инвестиции во износ од 300 милиони евра од домашните буџети и директна алокација
на очекувани 300 милиони евра од европските фондови. Директната поддршка на домашните компании ќе се
реализира преку Планот за економски раст и Законот за финансиска поддршка на инвестициите со авансно
финансирање на технолошките и на иновативните потреби во функција на извозот во висина од 10% до 15% на
проектираната инвестиција. Владата ќе го зголемува обемот на финансиска поддршка за домашните компании
преку Планот за економски раст за 25% секоја година во однос на претходната.

„До крајот на мандатот ќе ја вратиме нашата економија на солиден и одржлив раст од 4%“, најави Заев при неговото образложување на економскиот дел од програмата на новата влада што доби доверба во македонскиот парламент во неделата, на 30 август. Во неговото излагање, тој се обврза дека Владата ќе ја задржи висината на минималната плата во висина од 14.500 денари за време на кризата предизвикана од Ковид пандемијата.

„По завршувањето на кризата, Владата ќе продолжи со своите докажани заложби: 1) раст на минимална плата до крајот на мандатот во висина од 20 до 40% и 2) раст на просечната плата до крајот на мандатот од 20 до 30%, во зависност од должината и влијанието на епидемијата врз светската и домашната економија.“, истакна Заев.

Износот на странските инвестиции, Владата  го планира на ниво од најмалку една милијарда евра за 4 години, со фокус, како што рече Заев, на оние базирани на иновации, висок степен на финализација на производи и услуги и одржливост на бизнисите. Владата се обврзува са создаде законска и финансиска рамка со која нивото на јавни инвестиции ќе порасне на 2,2 милијарди евра додека очекуваните директни приватни инвестиции ќе бидат 1,2 милијарди во период од целиот мандат.

За таа цел, Владата ќе направи целосна реконфигурација на постапките и системот за реализацијата на јавните капитални инвестиции преку Единица за следење во Министерството за финансии и Централна единица за поддршка на јавните инвестиции, на владино ниво, со единствена цел – навремено, целосно и транспарентно реализирање на буџетските расходи и, особено значајно, за мерење на резултатите и ефектите од економските политики на растот и развојот на економијата. Дополнително, за секоја позначајна капитална инвестиција Владата ќе формира ITF – investment task force од домашни и странски експерти. 

„Стапката на невработеност за време на кризата ќе ја држиме стабилна, а по завршувањето на кризата и до крајот на мандатот ќе продолжуваме да ја намалуваме невработеноста на ниво од 3% годишно, како што тоа го правевме и во изминатите три години. Нашата цел, по крајот на кризата, ќе биде едноцифрена невработеност.“, најави Заев којшто со економскиот тим на Владата составен од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши ќе бидат најодговорни за остварување на сите овие ветувања.  

Од бизнис секторот порачаа новата влада прво да се посвети на опстанокот на компаниите погодени од корона – кризата и зачувувањето на работните места, пред амбициозно да најавува раст. Претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, смета дека Владата најпрво треба да обезбеди директна финансиска помош за компаниите што се во тешка состојба и се борат да ја одржат ликвидноста.

„Директна таргетирана финансиска помош во следните месеци е неопходна за опстојување и покривање на основните месечни трошоци, а воедно да се овозможи на оние на кои им е тоа неопходно одложување или репрограмирање на кредитите, аконтациите за даноци и другите  финансиски оптоварувања минимум до крајот на годината.“, рече Арсовска при средбата со Заев и неговиот економски тим од Владата деновиве.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, порача, пак, дека предвидливоста на економските политики е од клучно значење за бизнисот, без оглед дали изгледите се позитивни или негативни. За компаниите е клучно да знаат што ги очекува, за да можат да ги планираат своите деловни активности и затоа, според него,  ова треба да биде примарен таргет за новата Влада.

Владата ветува и нов Закон за царинска тарифа и забрзано прилагодување (укинување и елиминирање и намалување на висината на царинските стапки царинските тарифи) во сооднос корелација со висината на царинските стапки во Заедничката царинска тарифаи на Европската Унија. Со ова ќе се постигнат пониски цени за домашните компании за суровините и репроматеријалите, правејќи ги компаниите поконкурентни за извоз. iner Delivery Vehicle

„Заради подобра координација на економските политики, бизнисот укажува дека е потребно решавање на децентрализацијата, прашањето со пописот, владеење на правото, професионализација на администрацијата и елиминирање на влијанието на политиката во професионалноста на кадрите во државните институции. За компаниите, од круцијално значење се прашањата за обезбедување поддршка за извозните компании, решавање на прашањето со царините за странските инвеститори, поддршката на компаниите со домашен капитал.“, смета Азески.

Поддршката од Планот за економски раст ќе се зголемува за 25% секоја година

За поддршка на динамичниот раст зацртан во програмата, Владата најавува дека ќе обезбеди  директна поддршка на домашните и странски инвестиции во износ од 300 милиони евра од домашните буџети и директна алокација на очекувани 300 милиони евра од европските фондови. Директната поддршка на домашните компании ќе се  реализира  преку Планот за економски раст и Законот за финансиска поддршка на инвестициите со авансно  финансирање на технолошките и на иновативните  потреби во функција на извозот во висина од 10% до 15% на проектираната инвестиција. Владата ќе го зголемува обемот на финансиска поддршка за домашните компании преку Планот за економски раст за 25% секоја година во однос на претходната.

Во продолжение следат најзначајните точки од економската програма на новата влада, составена од министри предложени од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и ДУИ.

  • Воведување на т.н. развојна обврзница во следните шест месеци, за своевидно  ко – инвестирање на граѓаните и бизнис секторот во иновативен  развој на економијата. Целта ќе биде да се финансираат развојни проекти во кои има поврат на средства од приходи, односно намалување трошоци, поттикнување развој – зголемување на продуктивност и модернизација на процесите на производство (инфраструктура, кофинансирање на инвестиции во приватен сектор, енергетска ефикасност и дигитализација на јавен сектор).
  • Постепена либерализација на инвестициските политики на приватните пензиски фондови во вториот и третиот столб на капитално финансираното пензиско осигурување. Анализата за овој процес ќе се изработи во соработка со меѓународна финансиска институција и/ или европски партнер (ЕИБ, Европска комисија) и треба да утврди оправданост и модел за постепено зголемување на износот на средствата (% од портфолио) што фондовите може да го вложуваат во проекти што имаат потенцијал за повисок поврат на средства. Таквиот пристап е директно поврзан и со воведувањето на моделот на „животни циклуси“ и воведување на ризично портфолио, кое за младите пензиски осигуреници ќе овозможи повисоки приноси на вложувањата и, второ, конзервативно, за постарите осигуреници кои се ориентирани кон понизок ризик.
  • Формирање на посебен еквити фонд во 2020 година, што треба да го стимулира влезот на странски инвестициски фондови во Македонија. Со еквити фондот е предвидено да управува друштво за управување со фондови, избрано на меѓународен повик. Со условите за избор на друштво предвидено е, покрај средствата од државата, друштвото да вложи и сопствени, односно средства од приватни инвестициски фондови.
  • Данокот на добивка останува на ниво од 10% во целиот период 2020-2024 година, а се предвидува  ослободување  од овој данок при реинвестирање на добивката во 2021 г.  како одговор на влијанието на ефектот од Ковид пандемијата. Персоналниот данок на доход се намалува на 0% во 2023 година за ИТ индустријата и тоа скалесто: 5% во 2021, 3% во 2022 и 0% во 2023. Персоналецот за останатите категории останува на 10%, но Владата не се откажува од воведувањето прогресивно оданочување, што треба да се случи  преку инклузивен процес на разговори и креирање консензус за воведување на истото. Исто така, ќе се отвори процес на разговори за даночниот систем во поглед на соодносот меѓу директните и индиректните даноци, односно за соодносот на оданочување на имотот, доходот и потрошувачката според примерот на развиените земји и спецификите на нашата економија. Владата ветува  понуда на осмислен систем на прогресивното оданочување на вкупните лични приходи, по претходно сериозна и детална анализа и јавна дебата, со фокус на реконфигурирање на концептот на личен доход (семеен доход) и воведување данок на луксуз.

Реформа на Данокот на додадена вредност (ДДВ) преку:

  • Воведување на нов Закон за ДДВ преку кој ќе се овозможат даночни бенефиции за претпријатијата што се извозно ориентирани на тој начин што при увозот нема да плаќаат ДДВ за суровините и машините што се наменети за извоз. На тој начин тие ќе бидат поконкуретни и ќе располагаат со значително повисоки парични средства;
  • Единствена стапка од 10% ДДВ за сите ресторански услуги;
  • Ревидирање на стапките на данок на додадена вредност за суровините за домашните производители и намалување на стапката на ДДВ за земјоделските производители и намалување на стапката на ДДВ за суровините за извозно ориентираните компании;
  • Намалување од 18% на 5% за занаетчиски услуги;
  • Подигнување на прагот за плаќање ДДВ од 2 милиони на 3 милиони денари  годишен промет од 01.01.2022 и изедначување со прагот на ослободување на данок на добивка до 3 милиони денари годишен промет.

Конечно поевтини суровини и репроматеријали за производителите и извозниците

Персоналниот данок на доход се намалува на 0% во 2023 година за ИТ индустријата и тоа скалесто: 5% во 2021, 3% во 2022 и 0% во 2023. Персоналецот за останатите категории останува на 10%, но Владата не се откажува од воведувањето прогресивно оданочување, што треба да се случи  преку инклузивен процес на разговори и креирање консензус за воведување на истото.
  • Нов Закон за царинска тарифа и забрзано прилагодување (укинување и елиминирање и намалување на висината на царинските стапки царинските тарифи) во сооднос корелација со висината на царинските стапки во Заедничката царинска тарифаи на Европската Унија. Со ова ќе се постигнат пониски цени за домашните компании за суровините и репроматеријалите, правејќи ги компаниите поконкурентни за извоз.
  • Одржлива саморегулација во секторот сметкодство и ревизија на корпоративниот сектор, целосна имплементација на Меѓународните сметководствени стандарди за секторот на МСП до 2023 година и прецизирање и подобрување на системот на сметководство и ревизија во целокупниот јавен сектор.
  • Нов данок на промет при уплата на игрите на среќа – во висина на 4% од бруто уплатената вредност. Истиот ќе го плаќаат организаторите на игрите на среќа, а нема да се трансферира на корисниците. Овие средства ќе бидат наменети за поддршка на растот, развојот и општествената одговорност. Воедно, Владата ќе предложи закон за забрана на отворање казина и игри на среќа во близина на училишта, градинки и верски објекти.
  • Основање на фирма со минимален износ на основна главнина од едно евро. Со оваа мерка граѓаните имаат можност да основаат фирма со минимални трошоци и да ги реализираат своите идеи и бизнис планови преку новоотворени фирми.
  • Укинување на данокот на личен доход за категорија обука, квалификации, добивање лиценци (стриктно дефинирани само за дејноста на компанијата) кои ќе овозможат подобрување на квалитетот на работната сила со која располагаат компаниите.
  • Укинување на  фирмарината за првите две години за сите новоосновани компании и драстично намалување на  трошоците за добивање правна документација за потребите на бизнисот (документи од Централен регистар, царина, документација за учество на тендери и останати државни институции). На пример: драстично намалување на цената за издавање тековна состојба.
    Исто така ќе се промени и системот за плаќање и висината на фирмарините, согласно големината на фирмите, бројот на вработени и годишните приходи.
  • Намалување на парафискалните давачки до 75% и нивно нивелирање согласно големината на стопанските субјекти, преку дијалог со стопанските комори. Ќе се формира  регистар на парафискални давачки кој ќе биде редовно ажуриран и дополнуван, со што компаниите во секое  време  ќе  имаат увид и ќе можат соодветно да ги планираат своите финансиски активности.
  • Воведување на закон за личен стечај како модел за заштита на животните потреби на должникот преку неизвршување на неговиот долг во определена висина, спречување на нови задолжувања, но и на доверителите, кои ќе можат да наплатат реална вредност. Со ваков закон нема да се креира систем на должничка спирала.
  • Нов закон за е – трговија во функција на регулирање на бизнисот и сузбивање на нелојалната конкуренција и даночната евазија. Со овој закон значително треба да се регулира е-трговијата преку воведување на одредби за е-фактура, е-фискална сметка и е-плаќање.
  • Посебен закон за бизнис ангели и измени на Законот за инвестициски фондови со што значително ќе се намалат  ограничувањата за основање за инвестициски фондови. Владата ветува можности за  формирање на хибридни фондови на ризичен капитал, односно ќе се предвидат фондови во кои покрај Владата, како инвеститори ќе  можат да се појават и институционални и приватни инвеститори, корпорации, банки, пензиски фондови и бизнис ангели.
  • Докапитализирање на Развојната банка на Северна Македонија и овозможување јасни, мерливи и ефективни инструменти за финансирање на извозните потреби на компаниите, односно директно финансирање на извозот и зголемување на неговиот обем и конкурентност на македонските производи и услуги.
  • Натамошно зајакнување на Фондот за иновации и технолошки развој, негова трансформација и обезбедување на одржливост на поставените механизми за поддршка и резултати на среден и долг рок. Овој процес се реализира со поддршка од Светска банка и Велика Британија.  Со овој процес, ќе се овозможи и влез на странски инвестициски фондови како стратешки партнери на Фондот во поддршка на економскиот раст, базиран на иновации и воведување нови технологии.
  • Основање регионален акцелератор за стартап компании и проширување на опфатот на апликанти и на земјите од Западен Балкан. Дополнително, со соодветни критериуми за аплицирање ќе се стимулира поврзување на бизнис идеите од повеќе земји од регионот, а со тоа и проширување на „стартниот“ пазар од 2 на 17 милиони потрошувачи. Како модел за реализација на програмата и следење на проектите ќе се користи постојниот модел на поддршка на стартапите и акцелераторите, развиен и пилотиран во изминативе две години во Северна Македонија.
  • Продолжување со инвестирање во научно-технолошкиот парк кој започна со операции во март 2019 година со цел тој да биде целосно функционален во 2025 година. Проценетата вредност на инвестициите во физичка инфраструктура, според Студијата за изводливост подготвена од експерти од ЕК, реализирана за потребите на Фондот, изнесува околу 80 милиони евра. Во него се веќе пилотирани програмите дигитализација на општеството и трансфер на технологии. Веќе е изработен идеен проект за нов простор за стартап компании, што треба да се реализира во 2020 година.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

банки4 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите