Connect with us

македонија

Заев: најавите за поскапување на храната од 50% се претерани

објавено

на

Премиерот уверува дека се преземаат мерки за да се одржи стабилна цената на електричната енергија за домаќинствата, како и за помош на компаниите.

Премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција рече дека тврдењето на прехранбениот сектор дека производите ќе поскапат за 50% е претерано.

„Претерано е кажувањето за поскапувања од 50%. Инфлацијата кај нас е контролирана и е до 2,7%. Чувствително е кога инфлацијата ќе надмине 10%. Ние не можеме да бидеме изолирани од светот, затоа што сме отворен пазар, поврзани сме и зависни од европските пазари. Цената на струјата е главен показател за покачување на цените на производите, но таа учествува на просечно ниво не повеќе од три проценти. Берзанските цени на струјата ќе имаат одредено влијание на цените на продуктите, но 2,7% инфлација е контролирачка. За сè што ќе ги надмине очекувањата, Владата е тука“, рече Заев, оценувајќи дека сериозно е зајакната ликвидноста и солвентноста на државата, што, како што вели, е доказ дека постепено излегуваме од кризата.

Премиерот уверува дека се преземаат мерки за да се одржи стабилна цената на електричната енергија за домаќинствата, како и за помош на компаниите.

„Првата порака е дека граѓаните не треба да стравуваат затоа што цената на струјата е утврдена од Владата, разликата кон ЕСМ ние ја покриваме, а ДДВ го намаливме на 5 проценти, така што се преземани сите мерки за цената да остане стабилна за граѓаните и за домаќинствата. Даден е налог, денеска мислам дека е отворен тендер, за вклучување на трет блок на РЕК Битола, со цел да креираме политики на комплетно менаџирање и кон компаниите и јавните институции. Тоа значи употреба на 1,8 милион тони јаглен за дополнително производство на електрична енергија. Сите обновливи извори на енергија исто така ни се добредојдени“, рече Заев.

Тој посочи дека целиот свет е засегнат со оваа тема, затоа што берзанските цени навистина одат многу високо.

„Да напоменам дека нашиот модел е европски, со целосна либерализација. Постепено го либерализираме и пазарот за домаќинствата, но државата го покрива овој дел. Цената на берзата во последниот период се движи од 170 евра за мегават до 220 евра, а ние ја даваме цената за домаќинствата од 36 евра за мегават. Тоа е четири – пет пати пониска цена, со тоа што државата интервенираше на неколку начини и навремено, уште пред неколку месеци, затоа што беше евидентно дека со енергетските политики, со климатските промени, чекорите што ги преземаат и други земји, севкупното производство се зголемува во цена на чинење, побарувачката се повеќе се зголемува и тоа предизвикува ценовни шокови и последици“.  

македонија3 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија19 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација