Connect with us

политика

Заев на 26. Конгрес на СДСМ: Успешно се справивме со економските и здравствените последици од пандемијата, спасивме над 100.000 работни места

објавено

на

Заев истакна дека за СДСМ здравството останува врвен приоритет и најави дека во новото раководство на партијата ќе има повеќе лекари и здравствени работници.

Претседателот на СДСМ и премиер на државата, Зоран Заев, во своето обраќање на 26. Конгрес на партијата што се одржува денеска, истакна дека и покрај сите предизвици, денес, може да се каже дека државата, институциите успешно се справија со налетите на пандемијата, преземаа навремени и брзи мерки и политики за да го зачуваат здравјето на граѓаните.

Тој додаде дека бројот на активни случаи опаѓа што е добар сигнал. Во тек е и масовната имунизација, има доволен број вакцини и процесот се одвива според утврдена динамика и истовремено упати благодарност до сите кои учествуваа и се уште учествуваат во борбата против ковид вирусот.

Заев посочи дека се случила позитивна трансформација на општеството на секое поле.

„Четири години од преземањето на одговорноста да ги предводиме инситуциите, државата доживеа позитивна трансформација на секое поле. На економски план, одржавме лекција. Од наследената економија во распад, изградивме стабилна, развојна економија која носи шанса за сите.

Пандемијата со коронавирусот и економската криза што настапи во светот, нанесе сериозни последици, но преземавме ефикасни и навремени чекори за ублажување на последиците и рестартирање на економијата. И успеавме!

Со економските пакет мерки успеавме да сочуваме повеќе од 100.000 работни места. Помогнавме по разни основи над 400.000 граѓани и над 35.000 компании. Над 65 милијарди денари директно се вбризгани во домаќинствата и во компаниите.

Преку субвенционирањето на придонесите на фирмите, за зголемувањето на платите на работниците до 6.000 денари, 200.000 работници ширум целата држава имаат зголемување на своите плати.

Тоа е наш голем, заеднички економски успех во тешки околности, но и лекција како се работи чесно, одговорно и домаќински.

И ова е уште една разлика со нашиот опонент, ВМРО-ДПМНЕ.Додека ние помагавме да се заштити здравјето и да се спасат човечки животи тие го поткопуваа здравствениот систем.

Додека ние помагавме да се спасат работни места, да се обезбеди поддршка за граѓаните и фирмите тие го блокираа Собранието. Но, ние не подлегнуваме, ниту една блокада нема да не поколеба. Продолжуваме во интерес на граѓаните“ посочи Заев.

Заев истакна дека за СДСМ здравството останува врвен приоритет и најави дека во новото раководство на партијата ќе има повеќе лекари и здравствени работници.

„Здравството е еден од клучните ресори во секоја земја и ние ќе продолжиме да го третираме со должна почит. Токму затоа, во новото раководство ќе имаме повеќе здравствени работници, повеќе лекари.

Ќе продолжат инвестициите во здравствениот сектор. Ќе го продолжиме трендот на зголемување на раст на платите на здравствените работници и до 2024 година тие ќе бидат повисоки за 40 отсто, како што ветивме на минатите избори. Здравствените работници ќе продолжат да ја имаат нашата најискрена поддршка.

Клучен чекор напред е продолжувањето со постапката за изградбата на нов, модерен клинички центар во Скопје, за што повторно ја повикуваме опозицијата да не го кочи овој проект што значи здравје за сите“ заклучи претседателот Заев.

македонија5 дена ago

Бајден ги стави на црна листа противниците на Охридскиот рамковен и на Преспанскиот договор

македонија4 дена ago

„Чукни во дрво“: Алкалоид со хуманитарен видеоспот по повод 85-тиот јубилеј

регион20 часа ago

Крајот на ерата “Пеевски“

економија2 дена ago

САСА одбележа 15 години од повторното отворање на рудникот

економија6 дена ago

Ангелоска Бежоска: Двојни предизвици – поддршка на економиите и ненарушување на рамнотежата

македонија5 дена ago

Туристичките бизниси ќе може да добијат „Знак за безбеден туризам“ од ССК

економија4 дена ago

Развојна банка го продолжува грејс – периодот и рокот на отплата на кредитите од Ковид – 2 линијата

економија3 дена ago

Буџетот се наполни со пари и оптимизам

интервју3 дена ago

Стево Пендаровски: Партизацијата и етнизацијата се рак-рана на општеството

банки3 дена ago

Речиси 80% од домашните банки очекуваат зголемување на профитабилноста годинава