Connect with us

македонија

Заев: Охридскиот рамковен договор ја испрати и пораката за меѓусебно разбирање, извинување и простување меѓу Македонците и Албанците

објавено

на

Премиерот Заев подвлече дека како држава ги презедовме сите неопходни мерки за градење интегрирано општество кое е цврсто базирано на владеење на правото, заштита на човековите права, вклучително и малцинските права, почитување на различностите и се развиваме во заедница во која шансите за благосостојба се еднакви за сите, како членка на НАТО и идна членка на Европската Унија, отворена и современа држава која развива интензивна регионална соработка, земја лидер на Западен Балкан.

Претседателот на македонската влада , Зоран Заев се обрати на Свечената академија по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор насловена „После Охрид“, во кое истакна дека одбележуваме значајна годишнина од Договорот со којшто беше обезбедена мирната иднина и натамошната демократска изградба на Северна Македонија со еднакво учество на сите нејзини етнички заедници.

Во рамки на панелот каде се обратија и претседателот на државата, Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери,  првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, поранешниот генерален секретар на НАТО, лордот Џорџ Робертсон, и поранешните премиери Хари Костов и Владо Бучковски, премиерот Заев истакна дека Охридскиот договор, којшто беше потпишан во партнерство со Европската Унија, Соединетите Американски Држави, НАТО и ОБСЕ, стави крај на конфликтот и можеме слободно да кажеме дека е гаранција на мирот, а подоцна го надградивме и унапредивме создавајќи заедница во која граѓаните имаат соживот и меѓусебно почитување и толеранција, заедница во која граѓаните имаат исти или слични визии за подобро утре.

„Охридскиот рамковен договор ја испрати и пораката за меѓусебно разбирање, извинување и простување меѓу Македонците и Албанците и меѓу сите други наши граѓани. Тоа е пораката за соживот, за еднакви граѓани, во заедничката ни – Татковина. Охридскиот рамковен договор донесе нов дух на водење политики – политики кои градат мостови, а не ги рушат. Политики коишто ги сплотуваат граѓаните, а не ги делат на патот на кој ја обезбедуваме иднината, во нашиот заеднички евроатлантски дом, заедно со другите народи“, истакна премиерот Заев и посочи дека концептот за „Едно општество за сите“ е со силна база и создадовме граѓанска држава со еднакви услови за сите кои живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници.

Премиерот Заев подвлече дека како држава ги презедовме сите неопходни мерки за градење интегрирано општество кое е цврсто базирано на владеење на правото, заштита на човековите права, вклучително и малцинските права, почитување на различностите и се развиваме во заедница во која шансите за благосостојба се еднакви за сите, како членка на НАТО и идна членка на Европската Унија, отворена и современа држава која развива интензивна регионална соработка, земја лидер на Западен Балкан.

„Нашата земја гради зрели политики. Наместо конфликти, разговараме за унапредување, за економски напредок во нашата земја и унапредување на добрососедските односи. Заедно со нашите соседи, создаваме „Отворен Балкан“, надминувајќи ги сите препреки и ослободувајќи ги сите идеи за слободно поврзување на сите наши граѓани“, наведе премиерот Заев и додаде дека „После Охрид“  една од најважните придобивки е дека низ дијалог си го организираме животот, заедно, посветени на секоја индивидуа, на секое семејство, на секој граѓанин со комплетната тенденција да постигнеме еднаквост која ќе ги зајакне солидарноста, меѓусебното почитување и помагање.

Тој истакна дека Владата, пред четири години ја исполни обврската која непотребно се одолговлекуваше повеќе од една деценија и го донесе Законот за употребата на јазиците, заокружувајќи ги одредбите од Охридскиот рамковен договор. Законот за употреба на јазиците е во рамките на Уставот и овозможува услови за спроведување едно заедничко општество за сите граѓани елиминирајќи ги условите за развивање национализам и обезбедувајќи напредок на државата, со почитување едни кон други, со уважување на правата и потребите на секој граѓанин и секоја заедница.

„А ние имаме што да му подариме и на западниот свет. Тоа е нашиот начин – како најдовме решение на горливи прашања, како тоа го организиравме, како тоа го осовременуваме и усовршуваме почнувајќи од Охридскиот договор и поттикот од тој договор за постигнување на другите два договори, оној со Бугарија и секако Договорот од Преспа. Дијалогот, дипломатијата, меѓусебното разбирање, солидарноста и тоа како можеме да ги споделиме и да им ги поклониме на многу поразвиени земји коишто за жал ги имаат предизвиците кои еве Северна Македонија ги имала многу поназад“, нагласи премиерот Заев и посочи дека и токму деновиве, кога како и во поголемиот дел од Европа нашата земја ја зафатија пожари, солидарноста, заедништвото и пријателството беа покажани на дело на највисоко ниво.

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби во своето обраќање истакна дека Охридскиот рамковен договор донесе рамнотежа да се живее заедно и да живее еднакво.

„Само еднаквите можат да живеат заедно. Оваа рамнотежа во општеството ја наоѓам од сите познати политички системи на државен поредок само во демократијата, каде што вредноста и достоинството на секој човек се препознаваат, секој е еднаков, мнозинството предводи со права за сите, компромисот и индивидуалната слобода се вреднуваат.  И токму тука ја наоѓам суштината на еднаквоста, во демократијата“, истакна првиот заменик-претседател на Владата Груби.

Тој наведе дека ниту една заедница, ниту еден граѓанин не загуби од овој балансиран однос, но сите заедници, сите граѓани имаа корист и најголем победник е нашата заедничка земја, од земја во војна, во земја членка на НАТО и со зелено светло за членство во Европската Унија.

„Денес, драги пријатели, заедно со моите колеги, правиме напори да ја интегрираме нашата заедничка земја во Европската Унија и работиме да го направиме подобар животот за сите наши граѓани, без ниту една единствена разлика. Нашиот предизвик „По Охрид“ е владеење на правото, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, прифаќање на разновидност и вклученост, кредибилни демократски институции и квалитет на живот преку прифаќање на зелената агенда“, истакна првиот вицепремиер Груби и дополни дека „да не беше Охрид, немаше да ја биде Преспа, ако не беа и двете, немаше да го имаме НАТО, но не смееме да застанеме тука и мора да смогнеме сила да го спроведеме и третиот договор со истата храброст и посветеност што ја запечатува нашата европска иднина“.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија16 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија24 часа ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија1 недела ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство