Connect with us

македонија

Заев: Петтиот пакет вреди 160 милиони евра, за 29 мерки, во 4 клучни столба

објавено

на

Мерките се распределени во четири главни столба: Директна финансиска поддршка за компаниите во туризмот, занаетчиството, угостителството, транспортот, индустријата за организација на настани со цел задржување на работните места; Финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор со бескаматни кредити со неповратна компонента;  Креирање поповолно деловно опкружување со системско редефинирање на Царинскиот тарифник,  намалување на парафискалните давачки, даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки, како и Директна помош за граѓаните.

Вкупно 160 милиони евра вреди  петтиот пакет на економски мерки на владата. Ќе се помогнат сите сектори погодени од пандемијата преку 29 мерки и  91,7 милиони евра од вредноста на пакетот се директни буџетски пари, информираше  денеска премиерот Зоран Заев.

„Овој пакет на мерки е продолжување на претходните четири пакети мерки и треба да овозможи раст на економијата и враќање на патеките почнати во 2019 година со раст од  4 – 5%, односно на динамиката на раст што ја имавме пред пандемијата“, рече Заев.

Мерките, како што рече премиерот се распределени во четири главни столба: директна финансиска поддршка за компаниите во туризмот, занаетчиството, угостителството, транспортот, индустријата за организација на настани со цел задржување на работните места; финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор со бескаматни кредити со неповратна компонента;  креирање поповолно деловно опкружување со системско редефинирање на Царинскиот тарифник;  намалување на парафискалните давачки, даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки, како и директна помош за граѓаните. Со овие мерки, рече Заев, се опфатени сите сектори кои беа погодени од пандемијата.

Поддршката од повеќето мерки, рече, ќе се користи до крајот на 2021 година за да имаат влијание и ефект врз економијата. Мерките се донесени низ дијалог и партнерство со сите  релевантни чинители – стопанските комори, работодавачите и синдикатите, како и изминатите четири пакети, проследени со сериозни анализи од институциите.

„Мерките ќе го заокружат процесот на директна поддршка со што преминуваме во фаза на излез и закрепнување од кризата. Тоа значи дека доаѓаме повторно во време на стабилност и развој, состојба која со овие мерки дополнително очекуваме да се стимулира. Со кредити со ниски камати и преку системски мерки согласно планот за раст на среден и долг рок, ќе биде поддржана економијата во целина. Очекуваме посериозни стапки на раст на БДП во вториот квартал на 2021 година“, истакна премиерот.

Компаниите ќе можат да одберат дали ќе земат субвенции за плата или кредити за развој, кредити преку Развојната банка, а ќе бидат помогнати и занаетчиите, спортистите, тутунопроизводителите, како  и граѓаните кои имаат долгови кон јавните претпријатија.

Заев рече дека и здравствените работници кои беа заборавени во претходните мерки ќе добијат субвенции, како и компаниите кои должат кон државата, како и лозарите.

Со посебна мерка ќе се помогнат и Ромите, а ќе биде помогната и дигитализацијата на малите и микро претпријатијата.

Со овој пакет мерки, како што рече премиерот, се опфатени и 120 радиодифузери во земјава  преку ослободување  од годишна давачка за концесии, а 15 радиодифузери, исто така, ќе бидат опфатени со посебна мерка.

Компаниите кои годинава на своите работници ќе им исплатат К-15 во висина над минимално утврдената, односно повисока од 40% од просекот на трите последни објавени државни просечни плати, ќе бидат ослободени од плаќање данок за тие средства.

интервју4 дена ago

Стојче Тасков: Нашата мисија е да обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации

технологии / компании6 дена ago

Ѓорги Самарџиев: Создадовме иновативно решение за многу поедноставна конструкција на кровни градини

економија4 дена ago

Позајмени 700 милиони евра по најниска камата досега

интервју4 дена ago

Џулијан Васало: Одблизу ја следиме борбата со корупцијата и криминалот: Бараме опипливи резултати!

економија5 дена ago

Се менува регулативата: полесен пристап до државна помош за нови инвестиции

економија7 дена ago

Излегоа финансиските биланси: хотелските компании со приходи помали и за 90% лани

start up4 дена ago

Милан Димитриевски: Ја почнавме новата инвестициска програма

lifestyle4 дена ago

Стив Кејс: Упорноста не е гаранција дека ќе успеете во нешто, но без неа, сигурно нема да успеете.

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Не поставуваат прашања само оние што интервјуираат. Еве што можете и вие да го прашате вашиот потенцијален работодавец

економија4 дена ago

Приходите на хотелските компании и до 90% помали во 2020