Connect with us

политика

Заев со нова шанса во тешки времиња

Нова влада – стари предизвици

објавено

на

Преговорите со ЕУ како главна стратешка цел на државата од нејзиното осамостојување се разбира дека можат да бидат голема помош во политичка смисла, но тие се еднакво и голем предизвик и тест токму за способноста и волјата на ресорните министри, и на целата администрација. Кризата со вирусот, пак, е приказна сама по себе со толку многу непознати и толку многу и скриени и откриени опасности. Се’ на се’ – сериозни предизвици што се шанси и за дебакли ама и за големи успеси.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе ја води новата македонска Влада во клучни општествени времиња – глобалната пандемија со коронавирусот и сите нејзини последици, особено во здравствена и економска смисла, но и отворањето на пристапните преговори со Европската унија – процес што треба да почне есенва, а ќе бара исклучителен капацитет во сите полиња.

Преговорите со ЕУ како главна стратешка цел на државата од нејзиното осамостојување се разбира дека можат да бидат голема помош во политичка смисла, но тие се еднакво и голем предизвик и тест токму за способноста и волјата на ресорните министри, и на целата администрација. Кризата со вирусот, пак, е приказна сама по себе со толку многу непознати и толку многу и скриени и откриени опасности. Влошувањето на состојбата што се најавува веќе за почетокот на есента, дополнително ќе биде проблем што новата Влада ќе мора да покаже дека умее да го решава, особено ако се има предвид фактот дека оваа состојба сигурно ќе потрае.

Тука се сите останати предизвици кои сите Влади досега амбициозно ги најавувале како приоритети, а ниедна не успеала сериозно да се прослави – од фамозната реформа на правосудниот систем и воспоставувањето на системот на казнивост, борба со корупцијата и организираниот криминал и на високо ниво, но и на ниските гранки низ државниот систем, потоа реформата на јавната администрација, подобрување на состојбите во сферата на животната средина, што навистина се алармантни, квалитетот на образованието што од година в година е се полош, ама и реализацијата на капиталните инвестиции за коишто се’ уште Светската банка забележува дека е прилично ниска.
Со еден збор – проблемите се и стари и многу, министрите дел стари, дел нови, но сите исправени пред големи чекори, кои еднакво можат да водат и во амбис и во височини.

Освежен тим

А старо – новиот премиер вели дека е свесен за тоа и дека ќе бара исклучителна посветеност и работливост. Фокусот ќе биде и правдата и економијата. Тимот е составен и од очекувани кадровски решенија и од мали изненадувања – Оливер Спасовски ќе биде прв полицаец, министерка за одбрана е Радмила Шеќеринска, а за правда Бојан Маричиќ. Благој Бочварски ќе раководи со Министерство за транспорт и врски, Јагода Шахпаска со ресорот за труд и социјална политика, а Ирена Стефоска ќе биде нов министер за култура. Венко Филипче останува министер за здравство, вицепремиерката Мила Царовска ќе раководи со Министерство за образование и наука, а досегашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров ќе биде вицепремиер задолжен за европски прашања, а претседателот на партиската комисија за финансии, Фатмир Битиќи ќе биде вицепремиер за економски прашања. За Љупчо Николовски се воведува нова функција – вицепремиер за борба против корупцијата. Министерот за локална самоуправа ќе биде соопштен дополнително.
Заев нагласи дека се работи за професионални, одговорни, отчетни и посветени кадри кои во новиот, полн, четиригодишен мандат целосно ќе ги реализираат програмата и принципите.
Интересно е што ветувањето што минатиот мандат не се исполни сега се остварува – се намалува бројот на министерства, Во новата влада, наместо 26, како досега, ќе има 19 министерства или седум помалку.

Приоритети – економијата, судските реформи, животна средина и здравство

Според Заев, СДСМ на Централниот одбор констатира дека победија исправните и принципиелни политики кои земјата ја водат напред.
Приоритетите на новата влада, Заев ги повторува во секоја прилика – ќе бидат економијата, судските реформи, капиталните инфраструктурни проекти, животната средина и вложувањата во здравството. Продолжува имплементацијата на договорите со Грција и Преспа, како и Охридскиот рамковен договор.

„Имавме доволно големина и јас и Ахмети, и СДСМ и ДУИ, да се согласиме јас да ја водам владата четири години, а последните сто дена премиер да биде предлог од ДУИ со заедничка согласност. Парламентарното мнозинство ќе го почитува духот на заедничкото работење кое подразбира конструктивност, дијалог, респектирање на туѓо мислење базирано на аргументи и градење консензуална демократија, наместо паралелизам, етноцентризам и надгласување. СДСМ и ДУИ веќе ги усогласуваат своите изборни платформи во заедничка четиригодишна владина програма“, истакна Заев.


Повеќе жени во новата влада

Како што соопшти лидерот на СДСМ и идниот премиер, Зоран Заев, во новата влада, наместо 26, како досега, ќе има 19 министри или седум помалку.
„Од 8-те министри со ресор 4 се жени, 4 се мажи. Остануваме доследни и во вака комплексни ситуации на договарање коалициско во којашто постојат 26 политички партии заедно со партијата ДУИ и испраќаме порака за еднаквост помеѓу мажите и жените во нашата земја“,  истакна Заев.
Четирите жени кои ќе бидат министерки во новата влада се Јагода Шахпаска, за труд и социјална политика, Радмила Шеќеринска, за одбрана, Мила Царовска, за образование и Ирена Стефоска, за култура.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

банки9 часа ago

Комерцијална одржа акционерско собрание, утврдена дивиденда од 500 денари по акција

македонија15 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија1 ден ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки2 дена ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија5 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија6 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија6 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија1 недела ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

банки1 недела ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија1 недела ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје