Connect with us

свет

Закерберг, шефот на Meta(Facebook) по отпуштањето на 11.000 луѓе: Знам, за се’ сум крив, ве молам простете ми

објавено

на

Вредноста на акцијата на Meta од почетокот на годинава е падната за 70%, но откако Закерберг ги најави плановите за рационализација на трошоците (читај: отпуштањата), кај инвеститорите се врати довербата и акцијата е порасната за преку 15% последниве 4 дена.

Марк Закерберг, директорот на Meta, компанијата под чијашто капа се социјалните медиуми Facebook, Instagram и WhatsApp, ја презеде одговорноста и им  се извини на вработените поради состојбата во којашто го довел бизнисот, предизвикувајќи масовни отпуштања.

„Сакам да преземам одговорност за овие одлуки и за тоа како стигнавме до овде. Знам дека ова е тешко за сите, и особено ми е жал за оние што се засегнати“, напиша Закерберг во своето обраќање до вработените вчера.

Да потсетиме, Meta вчера објави дека отпушта 13% од своите вработени, или повеќе од 11.000 луѓе.

„Денеска ја споделувам со вас една од најтешките промени што ги правиме во историјата на Мета. Решив да го намалиме нашиот тим за околу 13% и да пуштиме да си заминат повеќе од 11.000 наши талентирани вработени. Исто така, преземаме и повеќе дополнителни чекори со цел да станеме поефикасна компанија преку кратење на несуштинските трошоци и продолжување на периодот на стопирање на нови вработувања и во првиот квартал следната година.“, изјави Закерберг, инаку и ко-основач на Фејсбук, во своето писмо.  

Отпуштањата се случија во тежок период за Meta, којашто покажа лоши резултати во последниот квартал, предизвикувајќи и онака разнишаната вредност на акцијата, да потоне уште повеќе. Вредноста на акцијата на Meta од почетокот на годинава е падната за 70%, но откако Закерберг ги најави плановите за рационализација на трошоците (читај: отпуштањата), кај инвеститорите се врати довербата и акцијата е порасната за преку 15% последниве 4 дена.

Инвеститорите беа загрижени за растечките трошоци на Meta, којшто пораснале за 19% во третиот квартал, во однос на истиот период лани, на 22,1 милијарди долари. Вкупните продажби на компанијата паднале за 4%, на 27,7 милијарди долари, додека оперативниот приход се намалил за дури 46%, на 5,7 милијарди долари.

„Ова е тажен момент, и нема дилема околу тоа. До оние коишто ќе си заминат, би сакал да упатам благодарност уште еднаш за се’ што сторивте за компанијата“, вели Закерберг во писмото.

Тој објаснува и дека направил погрешна проценка околу растот на приходите на дигиталните платформи што Meta ги менаџира, поради што и всушност направил огромни инвестиции.

„За жал, работите не се одвиваа како што очекував. Не само што онлајн трговијата не се врати на претходните трендови, туку и макроекономското влошување и зголемената конкуренција предизвикаа нашите приходи да бидат многу помали одошто очекував. Тука погрешив, и преземам одговорност за тоа. “, вели Закерберг во писмото.

Инвеститорите, инаку, му забележуваат на Закерберг што премногу инвестира во метаверзумот (metaverse), којшто е дигитален свет во развој, каде што ќе може да пристапуваме преку посебни направи за виртуелна и засилена реалност (virtual reality and augmented reality headsets). Овие вложувања досега ја чинеа Мета околу 10 милијарди долари само во 2022 година, а компанијата предвидува дека трошоците значително ќе растат следниве години.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал