Connect with us

start up

Запознајте го Синдекс, стартапот на Михајло Штерјов, креатор на играта SciGirl: The Internship, што доби инвестиција од Акцелератор УКИМ

објавено

на

Играта што Синдекс ја развива  ќе биде достапна и  за компјутери и за играчки конзоли, а Штерјов го истакнува фактот дека се првото македонско студио за игри кое има добиено лиценци за објавување на игра на конзолите PlayStation, Xbox и Nintendo.

Акцелераторот УКИМ неодамна објави две инвестиции –  во решениетоLista на стартапот Брандер Студио и во играта SciGirl: The Internship на стартапот Синдекс, кои учествуваа во Акцелераторската програма БАУ АПА2021. 

Околу Lista пишувавме пред неколку денови, овој пат ви го претставуваме проектот на стартапот Синдекс.

SciGirl: The Internship (Девојката научник: Практикантска работа), е 2D акциона-авантуристичка игра, платформер, за девојка по име Соња, која започнала со пракса во лабораторија каде што таа и нејзиниот професор работат на стабилизирање на хемикалија со која можат да ги намалат или зголемат предметите и живата материја.

Михајло Штерјов (десно), основачот на Синдекс, на неодамнешната
панел дискусија на тема: Акцелерација за паметни инвестиции, во организација на Акцелераторот УКИМ, ФИТР и ЕБОР

„Во оваа игра, протагонистот Соња ќе биде во потрага по професорот, кој се води како исчезнат поради грешка што се случила додека правеле тестови со хемикалијата. Ќе имаме 12 нивоа кои ќе бидат поделени на четири (4) света: Нано-свет, Микро-свет, Мили-свет и Мини-свет. После секое трето ниво ќе има непријател кој ќе треба да го поминете за да продолжите во новиот свет. Рачно нацртаниот дизајн доволува уникатно искуство, каде играчите треба да решаваат едноставни, но предизвикувачки загатки и да се спротивстават на непријателите во потрагата на главниот лик, раскажана преку интересна приказна претставена во мешана форма на стрип и игра. Уникатната механика која е единствена за оваа игра, а не е претставена во друга, е намалувањето и зголемувањето на предмети и жива материја.“, објаснува Михајло Штерјов, основач на Синдекс.

Тој додава дека играта  ќе биде достапна и  за компјутери и за играчки конзоли, а го истакнува фактот дека се првото македонско студио за игри кое има добиено лиценци за објавување на игра на конзолите PlayStation, Xbox и Nintendo.

Инаку, Sindex е новооснована спин-оф компанија од членови во Web Factory, компанија која постои 12 години и која претставува стратешки технолошки партнер на многу компании кои имаат потреба од изработка на некакво дигитално решение во индустриите: Fintech, Healthcare, Hospitality и Entertainment.

Штерјов вели дека како и во секоја индустрија, така и во ИТ, почетоците не се лесни, но пасијата, желбата и страста кон технологијата се двигателите кои што им даваат мотив да продолжат  и да го правиме тоа што најмногу го сакаат.

„Во 2009 година, кога започнавме со Web Factory, поставивме неколку цели што сакавме да ги оствариме. Најважно беше да се изгради место што ќе ни помогне да создаваме, да се развиваме и да го извлечеме најдоброто од нас. Место каде луѓето можат да станат подобра верзија за себе, да го постигнат својот целосен потенцијал и да ја изразат својата страст. Од 2009- та па до денес успешно ја развиваме таа приказна преку работа со клиенти на 4 континенти (Америка, Европа, Азија и Австралија). “, вели Штерјов.

Искуството што го имале со БАУ Акцелераторската програма, додава тој, било од големо значење за тимот којшто  веќе две  години работи на својот продукт. За време на акцелераторската програма со помош на БАУ тимот и менторите кои беа вклучени успеале подлабоко да навлезат во анализа на конкурентите и да ја развијат  основата на каналите за продажба и маркетинг која ќе им  помогне да ја изберат издавачката куќа која ќе им  ја објави играта.

Како резултат на програмата АПА2021, ги претставивме првите паметни инвестиции во решението Lista и во играта SciGirl: The Internship, и очекуваме да инвестираме уште во неколку стартапи од учесниците во АПА2021, изјави тимот на Акцелераторот УКИМ: Александар Стамболиев, Нина Атанасовска и Перица Врбоски.

„Исто така направивме подетално финансиско предвидување за наредните 3 години со кое го валидиравме продуктот дека има голем потенцијал на глобалниот пазар и на која основа БАУ акцелераторот се реши да стане наш стратешки партнер со својата инвестиција.“

Акцелераторот УКИМ во соработка со програмата Star Venture на ЕБОР ја спроведе Акцелераторската Програма Есен  2021 година (AПA2021), во која се вклучија реномирани локални, регионални и глобални експерти, а четири глобални успешни стартапи ги споделија своите приказни, успеси и неуспеси.

„Експертите со своето разновидно искуство и знаење обезбедија вредни перспективи за усовршување на учесниците во АПА2021 и ги подготвија за инвестирање и освојување на пазарот. Како резултат на оваа програма, Акцелераторот УКИМ ги претстави првите паметни инвестиции во решението Lista и во играта SciGirl: The Internship, и очекува да инвестира уште во неколку стартапи од учесниците во АПА2021“, истакна Александар Стамболиев, директор на Акцелератор УКИМ.

Подетално околу развојот на SciGirl: The Internship  и соработката со Акцелератор УКИМ ќе може да прочитате во сторијата што ќе излезе во печатеното издание на магазинот Капитал, на 28 јануари.

банки3 минути ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија19 часа ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет4 дена ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија4 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион4 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија4 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија4 дена ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија4 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија4 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија1 недела ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

економија7 дена ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија4 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија4 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

економија4 дена ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

македонија4 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

регион4 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

економија4 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

свет4 дена ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?

Best CBD Oil for Pain


Best CBD Oil for Anxiety


CBD Gummies


Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil