Connect with us

здравје

Заштитете се од УВ зрачењето – сончевите зраци знаат да бидат и опасни

Од „Жан Митрев“ клиниката советуваат

објавено

на

Нашата кожа како бариера помеѓу нашето тело и надворешната средина е прва која е под влијание кога се во прашање штетните сончеви зраци. Внимателност и заштита се задолжителни.

Силното летно сонце не значи само добро расположение и најава за претстојните денови на плажа, планина и сл. Тоа значи дека треба да помислите и го подготвите вашето лице и тело за топлите денови, и секако да се заштитите од зрачењата кои ни ги испраќаат сончевите зраци.
Пред сè, кога ќе се спомене зрачење од сонцето и заштита од него ова се однесува на кожата. Нашата кожа како бариера помеѓу нашето тело и надворешната средина е прва која е под влијание кога се во прашање штетните сончеви зраци. Внимателност и заштита се задолжителни.

Што претставува УВ – зрачењето и кои се опасностите

За сериозни изгореници од сонцето, кога имате појава на плускавци, треска, гадење, веднаш треба да се посети лекар. Во такви случаи препорачливо е да пиете многу течности бидејќи изгорениците од сонцето може да предизвикаат дехидратација. Сепак, избегнувајте ладни пијалаци коишто може да предизвикаат грозница.  Исто така може да помогне туширањето со млако – ладна, но не многу студена вода и да се ставаат ладни облоги.

Клетките од горниот слој на кожата меѓу другите функции кои ги имаат истовремено произведуваат и пигмент што се нарекува меланин. Токму тој пигмент и дава боја на нашата кожата, чија пак задача е да ги заштити клетките од апсорбирање на ултравиолетовото зрачење (УВ).

Кога ќе ја изложиме нашата кожа на УВ зрачење, производството на меланин се зголемува што резултира со менување на бојата на кожата т.е потемнување. Токму тој, меланинот, обезбедува ниво на заштита од сонцето еднаква на крема за сончање со заштитен фактор 2.

Многумина мислат дека тенот е позитивен знак кој говори за добро здравје, но, вистината е дека тенот е знак дека вашата кожа била изложена на премногу УВ зрачење по што настапило оштетување.

Сепак, треба да се знае дека УВ зрачењето не е поврзано само со летните високи температури, тоа може да продре и низ ретките облаци, така што изгореници од сонце може да се добијат и во студени, облачни денови. Доколку има високо УВ зрачење, изгореници од сонцето може да се појават за помалку од 15 минути. Кога ќе се случи тоа кожата поцрвенува за неколку часа од горењето. Сепак, оштетувањето не застанува тука, изгорениците од сонцето ќе продолжат да се развиваат во следните 1 до 3 дена по изложувањето на УВ зрачење. 

За сериозни изгореници од сонцето, кога имате појава на плускавци, треска, гадење, веднаш треба да се посети лекар. Во такви случаи препорачливо е да пиете многу течности бидејќи изгорениците од сонцето може да предизвикаат дехидратација. Сепак, избегнувајте ладни пијалаци коишто може да предизвикаат грозница.  Исто така може да помогне туширањето со млако – ладна, но не многу студена вода и да се ставаат ладни облоги. Се препорачува засолнување под сенка кога УВ нивоата се над 3. Тоа може да помогне за заштита на кожата од оштетување од сонцето. Сенката го намалува изложувањето на УВ зрачење и до 75 проценти. Исто така неизбежно е користење на други заштитни мерки, како на пример, облека, капи, очила за сонце и крема за сончање кои сите заедно ја зголемуваат заштитата.

Ризик и степен на УВ зрачење

УВ 1, 2 – низок ризик

Можете да бидете изложени на сонце подолго од еден час без да добиете изгореници. Потребна е претпазливост за доенчиња и за луѓе со исклучително чувствителна кожа.

УВ 3, 4, 5 – умерен ризик

Во овој случај се препорачува да се носат очила за сонце, капа со широк обем и да се користат заштитни креми. Лицата со многу чувствителна кожа и малите деца во периодот од 12 до 16 часот треба да останат под сенка. Да се носи лесна облека со долги ракави, бидејќи можат да се добијат изгореници за само 20 минути изложеност на сонце.

УВ 6, 7 – висок ризик

Се препорачува престој под сенка во текот на денот, носење на очила за сонце, капа и задолжително користење на заштитни средства. Луѓе со чувствителна кожа и малите деца не треба да бидат изложени на сонце помеѓу 11 и 16 часот. Да се избегнува одење на плажа и прошетки, бидејќи многу лесно можат да се добијат изгореници.

УВ 8, 9, 10 – многу висок ризик

Се препорачува да се намали престојот на сонце помеѓу 11 и 16 часот. Мора да се носат очила за сонце, капи, облека со долги ракави и заштитни креми. Поединци со многу чувствителна кожа и децата можат да добијат изгореници за помалку од десет минути.

УВ 11 и повеќе – екстремна опасност

На сите им се препорачува, престој во затворени простории помеѓу 11 и 16 часот, како и користење на максимална заштита. Лица со чувствителна кожа и децата можат да добијат изгореници во помалку од пет минути.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

свет20 часа ago

Македонката Светлана Мојсов, светски познат научник, е избрана меѓу 100-те највлијателни луѓе на планетава според магазинот Тајм

македонија22 часа ago

Комерцијална банка е најпосакуван работодавач во 2023 во категоријата Банкарство и финансии

економија22 часа ago

Ангеловска – Бежоска: Каматната стапка ќе ја намалиме во втората половина од годинава, доколку не се остварат позначителни ризици

македонија2 дена ago

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

македонија3 дена ago

„Алкалоид“ со донација на течен „Омепразол“ ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

банки5 дена ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет5 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет5 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании5 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион5 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

свет5 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион5 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија5 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

економија5 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

технологии / компании5 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

економија5 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

македонија5 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

свет5 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

свет5 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.