Connect with us

менаџмент / маркетинг

За благородноста на професијата менаџмент и како ќе го мериме животот

Посветено на проф. Клејтон Кристенсен, гуру на менаџмент науката (1952 – 2020)

објавено

на

Колумна на проф. д-р Марјан Бојаџиев, директор на Универзитет Американ Колеџ – Скопје


Посветено на проф. Клејтон Кристенсен,  гуру на менаџмент науката (1952 – 2020)

Сметам дека мојата улога на овој свет е да влијаам на што повеќе животи на млади луѓе, да ги направиме подобри индивидуи, а потоа тие ќе прават подобри организации и сите заедно ќе направиме подобро општество“. Нешто слично предлага и Кристенсен, кој вели дека не е важна индивидуалната важност која сме ја постигнале туку на колку луѓе сме им помогнале да станат подобри луѓе. Или, со други зборови кажано, благородноста на менаџментот е „специјалното овластување“ кое ни го даваат следбениците да влијаеме на нивните животи.

КАКО ЌЕ ГО МЕРИМЕ ЖИВОТОТ?


Проф. д-р Марјан Бојаџиев, директор на Универзитетот Американ Колеџ – Скопје



Вообичаено, последниот час од предавањата на MBA го завршувам со прашањата:
1) Како знаете дека ќе бидете задоволни со Вашата кариера?
2) Како знаете дека ќе живеете „hapilly ever after” со Вашиот партнер / партнерка?
3) Како знаете дека нема да одите во затвор?
И тука настанува џагор, одобрување, неодобрување и дискусија меѓу студентите.
MBA студенти вообичаено имаат најмалку 2 години работно искуство, што значи дека прашувам млади луѓе на возраст од околу 25 години.
На првото прашање помалку или повеќе одговорите се слични и се базираат на Теоријата на Херцберг, позната и како Теорија на два фактори. [i]
Интересно е што според оваа теорија факторите се делат на:
Хигиенски фактори
Услови на работното место; ( комфор, осветлување, кондиционирање,)
Политики и процедури на раб. место (флексибилно раб. време, можност за користење на слободни денови според потреби и сл.)
Политики и процедури на напредување

Мотивирачки фактори

Самата работа;
Постигнување на самата работа;
Одговорност;
Овластувања;
Можност за напредување;

Веројатно забележавте: никаде не ја споменавме самата плата и бенефиции ( бонуси, додатоци и слично). Проблемот е што во Америка каде теоријата е развиена, се смета дека платата е „хигиенски“ фактор. Во Македонија, досега спроведовме неколку истражувања со разни резултати но платата без исклучок беше мотивациски фактор. [ii]
Да ја видиме разликата помеѓу Хигиенските и Мотивирачките фактори: Во кратки црти, „Хигиенски фактори“ се фактори на „хигиена“ кои креираат незадоволство или не – незадоволство. Но, не креираат МОТИВАЦИЈА. На пример ако Комунална хигиена Скопје не дојде на време пред мојата куќа и не го собере ѓубрето, јас ќе бидам незадоволен. Ако дојдат на време, нема да бидам незадоволен. Но и нема да бидам МОТИВИРАН. И тоа е суштината на современиот бизнис. Одговорност на менаџерот е да креира работно место кое ќе создава мотивирани вработени.
Во таа насока, одговорите на студентите, скоро без исклучок се во насока дека „ќе бидат среќни ако работат тоа што го сакаат ( мотивирачки фактори), но и ако имаат добра плата ( хигиенски фактор)[iii].
Како знаете дека ќе бидете среќни во односите со Вашиот партнер / партнерка?
Е, тука веќе имаме разни одговори, од значење на чувствата ( заљубеност)[iv] , до тоа дека „никогаш нема да знаеме“.

Клејтон Кристенсен ја споредува ситуацијата во семејството со стратегија во организација и нашите одлуки за приоритети во животот. Говори за краткорочна и долгорочна ориентација и за почитување на принципи. Сите луѓе со силна желба за постигнување [v] би одбрале „брза зделка“ во бизнисот во однос на “долгорочен и стратешки план“, кој нема да даде видливи резултати за кратко време. Исто е и во нашиот живот: секогаш имаме потреба од уште еден состанок, уште една зделка, бидејќи таа потсвесно ни причинува задоволство поради брзиот резултат.

Кариерата ни дава краткорочни резултати – напредување, унапредување, нова зделка, докторат, а семејството бара многу време додека се видат резултатите. Во односите со партнерот – односите можат да се влошуваат ден по ден без ние тоа го забележиме, а во односите со децата, некаков првичен резултат ќе видиме 20 години после нивното раѓање. Потребен е огромен напор, фокусираност и истрајност, и најмногу од се’ почитување на принципите за да имаме успех во заедницата.

За третото прашање, дали ќе одите во затвор, одговорот , скоро без исклучок е едноставен – „Ако не го прекршиме законот, нема да одиме во затвор“.
„Супер“ е мојот коментар, „ а сега да видиме што се случува во „сивата зона“.
„Ааа..ние нема да бидеме во сива зона, знаеме што е право а што е криво “ – велат студентите.
„Добро“ – имам само едно прашање: “Дали некогаш сте користеле компјутер со „кракуван“ Windows & Office?” Аха, очигледното, наеднаш не е толку очигледно , т.е. е многу јасно дека скоро сите помалку или повеќе го прекршиле законот. Барем еднаш. Барем малку.
Е, токму тоа е поентата на оваа приказна. Не постои „Само малку“.

Клејтон Кристенсен, легендарен професор на Харвард (почина на 23.01.2020, н.з.), ја користи следната приказна како илустрација на својата филозофија. Вели дека кога бил на постдипломски студии на Универзитетот Оксфорд играл за кошаркарскиот тим на Универзитетот. После цела измината година, дошле до финалето и требало да играат во недела. Но, неговата религија (Клејтон бил припадник на Мормонската црква, н.з.) не му дозволувала да прави ништо во недела. Му ја соопштил својата дилема на тренерот, кој не можел да верува, па му рекол, „Ајде само еднаш, нема никој да знае“. Слично реагирале и неговите соиграчи.
Како длабоко религиозен човек, ја минал ноќта пред натпреварот во молитви и разговор со својот Бог. Сакал да го дознае одговорот на прашањето:„ Како треба да го мери животот?“ Дали со успех на натпреварот следниот ден или со почитување на своите принципи?

На студентите им велам: „Вие сте сега со веројатно последна шанса која ќе ја имате во животот да ги донесете овие важни одлуки! Веќе работите, наскоро ќе станете раководители, ќе стапите во брак, и животот ќе почне да се движи со забрзано темпо. Жена, маж, деца проблеми на работа, кредит за стан, кредит за кола. Кој има време да мисли како ќе го мери животот?“
„И потоа“ – вели Кристенсен, на секој јубилеј од магистрирањето на Харвардската бизнис школа, се повеќе алумни доаѓаат разведени, а дел завршуваат и во затвор( раководителите на Enron на пример). Да не одиме толку далеку, да се осврнеме околу нас, и мислам дека ќе имаме слична перцепција.
Уште еднаш, да го парафразираме Кристенсен: “Секогаш можете да научите нешто повеќе за Internal Rate of Return, или нова економетриска техника. Но, како ќе го мерите животот, можете да осознаете само вие самите. Што порано го сторите тоа, толку ќе ви биде полесно понатаму“
Кристенсен таа вечер донел одлука дека нема да игра на натпревар во недела.
Донел одлука дека ќе се држи до своите принципи 100%.
Донел одлука дека не постои „само малку“, односно дека секое прекршување на нормите е прекршување. Кога сите соиграчи му велеле, „Кој ќе знае? Играј со нас“, тој одговорил “Господ ќе знае, и јас ќе знам“
Треба да ги определиме своите принципи и цврсто да се држиме до нив.
Не постои опција доволно да бидеме посветени на семејството, ако работата секогаш ни приоритет.
Не постои принципот „ќе го прекршам законот сам еднаш, не е страшно.“
Мојата сугестија до Вас, драги читатели е ако не сте донеле одлука како ќе го мерите животот, да донесете што побрзо.
За тие кои не знаат, Проф. Кристенсен е без исклучок во првите тројца „management thinkers” во последниве 20 години.[vi] Од 1997 кога се појави неговата книга “Disruptive Innovation”па наваму, неговите теории се користат за објаснување на предизвици со кои се соочува индустријата.


Проф. Клејтон Кристенсен, од многумина прогласен за најголемиот научник во науката за менаџмент на своето време.

Инаку, прашањето од почетокот на овој текст за прв пат е поставено на едно предавање на Harvard Business School. Потоа Кристенсен беше замолен да го запише предавањето и така настана написот „Како ќе го мерите животот“[vii] Истото беше публикувано во летниот број на Harvard Business Review ( July/August 2010) . Тоа не е баш период за читање на бизнис журнали, но написот беше огромен хит.
Во септември 2010 написот беше повторно објавен и оставен за слободно download – ирање. Беше вистински хит со преку 200, 000 „симнувања“. Повеќе отколку Lady Gaga и Eminem.
Слични пораки ни праќаат и други мислители исто така.
Во 2008 – ма година имав среќа да учествувам на HBR Executive Education програма, која ја водеше таткото на науката за претприемништво, Хауард Стивенсон (Howard Stevenson).[viii]
На овој курс организиран од Европската Фондација за Претприемништво ( EFER) меѓу другото се дискутираше и за книгата на Stevenson & Laura Nash “Just Enough”[ix] Се разбира има бројни пораки во едно обемно дело, но еден од концептите кој посебно го разгледувавме беше концептот на LEGACY, т.е. „наследството што го оставаме на човештвото“. Се разбира не во смисла на материјално богатство, туку на духовност, мисла, збор, нешто по што ќе останеме запаметени.
Уште една слична приказна е приказната на Стив Паскал, Директор зa Акредитација на ACBSP (Accrediting Coincil for Business Schools and Programs)
Стив потекнува од скромно семејство каде е прв член со колеџ диплома. Бидејќи немал доволно средства служел долги години во Воздухопловството на САД ( USAF) како дел од посада на воен авион. Потоа добил стипендија од армијата, завршил факултет, магистрирал и докторирал и станал професор по бизнис. Слично како Кристенсен, и тој е длабоко религиозен човек. На годишните ACBSP конференции, вообичаено ја кажува молитвата пред главната вечера. Стив работел како професор, со мисија – да го подобри животот на студентите на кои им предава. Во рамките на подготовките на дисертацијата соработувал со ACBSP и добил понуда да премине да работи кај нив. Слично како и Кристенсен и тој ја минал целата ноќ во молитва, прашувајќи се„Господе, зошто ме ставаш на вакво искушение, кога моја мисија е да им помагам на студенти“ На крајот сфатил, дека како Директор за Акредитација, ќе може да влијае на стотици институции кои имаат илјадници студенти и дека неговиот импакт ќе биде многу поголем ако ја прифати понудата.
Тука некаде би ја споменал мојата маленкост. Тие што ме познаваат лично, знаат дека покрај професурата, за среќа или за жал, се бавам и со многу административни активности. Кога некој ќе ме праша зошто предаваш, мојот одговор е „Предавањето ми зема 10% од времето, влијае на мојот work load со 30%, а на задоволството од работата со 90%“
Зошто?
Затоа што јас сметам дека мојата улога на овој свет е да влијаам на што повеќе животи на млади луѓе, да ги направиме подобри индивидуи, а потоа тие ќе прават подобри организации и сите заедно ќе направиме подобро општество
Нешто слично предлага и Кристенсен, кој вели дека не е важна индивидуалната важност која сме ја постигнале туку на колку луѓе сме им помогнале да станат подобри луѓе.
Роберт МекНамара, прв CEO на Ford Motor Co. надвор од семејството Форд, а потоа и министер за одбрана на САД и претседател на Светската банка, вели „Менаџментот е најкреативен од сите занаети и уметности, затоа што негово средство е самиот човек“.[x]
Роберт Џос, Декан на Stanford вели „Лидерството не е за тебе, но за луѓето кои работат за тебе“[xi]
Џек Велч, легендарниот CEO на Generаl Electric, вистински rock star во бизнисот оди чекор понатаму, па на студентите по менаџмент ( MBA students at MIT) им вели „Вашата нација од Вас очекува големи дела“[xii]
Уште еднаш да се вратам на мојата маленкост. Горд сум што имам можност да влијаам на животите на луѓето:
Како професор во Скопје, и како професор во Рим, на студенти од преку 20 држави.
Како автор на модел за организациска култура за кој добивме патент (заедно со Ана Томовска и Миодрага Стефановска) . [xiii]
Како раководител на колеги со кои сум соработувал. Нивните успеси се делумно и мои. Имаме добитници на преку 10 градски, државни и меѓународни награди: ( Гоце Делчев, 13 ноември, Мајка Тереза , Најдобар истражувач, и други)
Како Почесен конзул на Унгарија, од каде доаѓа нашиот прв и за жал прерано починат ректор.
Изнедривме повеќе од 20 докторанди и 9 редовни професори.
Како сопруг и родител ништо не би имало смисла доколку не постои космичката енергија која ја создаваат Ирена, Илијана и Лука.
Да заклучиме.
Јас во еден труд го дефинирам лидерството како „процес на влијание во кое следбениците доброволно прифаќаат стимули од лидерот“.
Благородноста на менаџментот е „специјалното овластување“ кое ни го даваат следбениците да влијаеме на нивните животи.
Драги колеги менаџери, уживајте во благодатот на вашата благородна професија. И бидете одговорни. Тоа од Вас го бараат Вашите организации, Вашите семејства и Вашата нација.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија21 час ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор